Летни олимписки игри 2020

Игри на XXXII Олимпијада
Игри на XXXII Олимпијада
Лого на Летните олимписки игри 2020
Град домаќин Токио, Јапонија
Број на држави 206
Број на спортисти 11,238+
Број на спортови 33
Број на натпревари 339
Отворање 23 јули 2021
Затворање 8 август 2021
Стадион Национален стадион

Летни олимписки игри 2020 (јапонски: 2020年夏季オリンピック), официјално познати како Игри на XXXII Олимпијада или само како Токио 2020Летни олимписки игри кои се одржале во Токио од 23 јули до 8 август 2021. Натпреварите на игрите официјално започнале на 21 август 2021 година, со првите натпревари во фудбал и во софтбол.

Првично било планирано игрите да се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година, но настанот бил одложен во март 2020 година, како резултат на пандемијата од КОВИД-19, и се одржале во голема мера зад затворени врати, без дозволени гледачи под вонредна состојба. И покрај презакажувањето за 2021 година, настанот го задржал името „Токио 2020“ за целите на маркетингот и брендирањето.[1] Ова е првпат Олимписките игри да бидат одложени и презакажани, наместо да бидат целосно откажани.[2] Летните параолимписки игри ќе се одржат, по Олимписките игри, од 24 август до 5 септември 2021.[3]

Токио бил избран за град домаќин за време на 125-тата седница на МОК во Буенос Аирес, Аргентина, на 7 септември 2013 година.[4] Со игрите во 2020 година, се одбележува второто домаќинство на Јапонија на Летни олимписки игри, првото било исто така во Токио во 1964 - со што овој град станал првиот во Азија кој бил домаќин на Летните олимписки игри двапати.

На овие олимписки игри биле воведени нови натпреварувања, како 3х3 кошарка, Велофристајл и Мадисон велосипедизам, како и понатамошни мешани натпреварувања. Според новите политики на МОК, кои овозможуваат организацискиот одбор домаќин да додаде нови спортови во Олимписката програма за да ги зголеми постојаните основни натпреварувања, на овие игри можеле да се видат и спортови како карате, спортско искачување, сурфање и скејтбординг кои го направиле своето олимписко деби, додека бејзболот и софтболот се вратиле на Олимпијадата за првпат од 2008.[5]

Избор на град домаќин

уреди

Трите градови кандидати за организација на игрите биле Токио, Истанбул и Мадрид. Баку и Доха исто така аплицирале, но не биле промовирани во статус на град кандидат, додека кандидатурата на Рим била повлечена.

Меѓународниот олимписки комитет гласал за избор на град домаќин на Летните олимписки игри во 2020 година, на 7 септември 2013 година, на 125. седница на МОК во Буенос Аирес, Аргентина, користејќи систем на исцрпно гласање. Ниту еден од градовите кандидати не освоил повеќе од 50% од гласовите во првиот круг; Мадрид и Истанбул биле изедначени на второто место, па се гласало во вториот круг за да се утврди кој од двата града ќе биде елиминиран. Конечното гласање било натпревар меѓу Токио и Истанбул. Токио бил избран со 60 гласа „за“ и 36 „против“, освојувајќи ги најмалку 49-те гласови потребни за мнозинство.

Избор на град домаќин на Летните олимписки игри 2020[6]
Град НОК Прв круг Плејоф Втор круг
Токио   Јапонија 42 60
Истанбул   Турција 26 49 36
Мадрид   Шпанија 26 45

Игрите

уреди

Спортови

уреди

Официјалната програма за Летните олимписки игри 2020 година била одобрена од извршниот одбор на МОК на 9 јуни 2017 година. Претседателот на МОК Томас Вах изјавил дека целта на Летните олимписки игри во Токио е да им се даде поголема „младешка“ и „урбана“ привлечност и да се зголеми бројот на жени учеснички.[7][8]

На игрите имало 339 натпреварувања во 33 различни спортови, опфаќајќи вкупно 50 дисциплини. Покрај петте нови спортови што се очекува да бидат воведени во Токио, се планираат и петнаесет нови натпреварувања во рамките на постојните спортови, вклучувајќи кошарка 3-на-3, велофристајл и враќање на Мадисон велосипедизам, како и нови мешани натпреварувања во повеќе спортови.

Во списокот подолу, бројот на натпреварувања во секоја дисциплина е забележан во загради.

Спортска програма на Летните олимписки игри 2020

Земји учеснички

уреди
Земји учеснички

Распоред на натпревари

уреди

Распоредот за 2020 година по сесии бил одобрен од Извршниот одбор на МОК на 18 јули 2018 година, со исклучок на пливање, скокови во вода и синхронизирано пливање. Подетален распоред по натпревари бил објавен на 16 април 2019 година, сè уште изоставувајќи детален распоред за боксерските натпревари.[9][10] Детален распоред за боксерските натпревари бил објавен кон крајот на 2019 година.[11]

Првичниот распоред според кои требало да се одиграат олимписките игри бил од 22 јули до 9 август 2020 година. Со одложожувањето на Олимпијадата за 2021 година, сите натпреварувања биле одложени за 364 дена (еден ден помалку од цела година за да се зачуваат истите денови од неделата), давајќи нов распоред од 21 јули до 8 август 2021 година.

ЦО Церемонија на отворање Натпревар 1 Финален натпревар Е Егзибициски настан ЦЗ Церемонија на затворање
јули/август 2021 21
сре.
22
чет.
23
пет.
24
саб.
25
нед.
26
пон.
27
вто.
28
сре.
29
чет.
30
пет.
31
саб.
1
нед.
2
пон.
3
вто.
4
сре.
5
чет.
6
пет.
7
саб.
8
нед.
Вкупно
натпревари
  Церемонии (отворање/затворање) ЦО ЦЗ Н/П
  Атлетика 1 3 4 5 6 5 8 8 7 1 48
  Бадминтон 1 1 1 2 5
  Бејзбол 1 1
  Бокс 2 1 1 1 4 4 13
  Борење 3 3 3 3 3 3 18
  Ватерполо 1 1 2
Велосипедизам   Велодромски 1 1 2 22
  Друмски 1 2 1 2 2 1 3
  BMX 2 2
  Планински велосипедизам 1 1
  Веслање 2 4 4 4 14
Гимнастика   Ритмичка 1 1 18
  Спортска 1 1 1 1 4 3 3 EG
  Трамбулина 1 1
  Голф 1 1 2
  Едрење 2 2 2 2 2 10
Кајак и кану   Слалом 1 1 1 1 16
  Спринт 4 4 4
  Карате 3 3 2 8
  Коњички спорт 1 1 2 1 1 6
Кошарка   Кошарка 1 1 4
  Кошарка 3-на-3 2
  Кревање тегови 1 2 1 2 1 2 1 2 1 1 14
  Мечување 2 2 2 1 1 1 1 1 1 12
Одбојка   Одбојка на плажа 1 1 4
  Одбојка 1 1
  Пинг-понг 1 1 1 1 1 5
  Пливање 4 4 4 5 5 4 4 5 1 1 37
  Рагби-7 1 1 2
  Ракомет 1 1 2
  Синхронизирано пливање 1 1 2
  Скејтбординг 1 1 1 1 4
  Скокови во вода 1 1 1 1 1 1 1 1 8
  Современ петобој 1 1 2
  Софтбол 1 1
  Спортско искачување 1 1 2
  Стрелаштво 2 2 2 2 2 1 2 2 15
  Стреличарство 1 1 1 1 1 5
  Сурфање 2 2
  Теквондо 2 2 2 2 8
  Тенис 1 1 3 5
  Триатлон 1 1 1 3
  Фудбал 1 1 2
  Хокеј на трева 1 1 2
  Џудо 2 2 2 2 2 2 2 1 15
Вкупен број натпревари 11 18 21 22 23 17 21 21 25 22 24 17 27 23 34 13 339
Збирен број натпревари 11 29 50 72 95 112 133 154 179 201 225 242 269 292 326 339
јули/август 2021 21
сре.
22
чет.
23
пет.
24
саб.
25
нед.
26
пон.
27
вто.
28
сре.
29
чет.
30
пет.
31
саб.
1
нед.
2
пон.
3
вто.
4
сре.
5
чет.
6
пет.
7
саб.
Вкупно
натпревари


Краток преглед

уреди
 
Американецот Кејлеб Дресел бил најуспешен спортист на игрите со пет златни медали
  • Најуспешен натпреварувач на игрите со пет златни медали бил американскиот пливач Кејлеб Дресел. Тој победил во поединечните трки на 50 м слободен стил, 100 м слободен стил и 100 м делфин, а бил дел и од машките победнички штафети на САД на 4 х 100 м слободен стил и 4 х 100 м мешано. Во женска конкуренција, победа во истите дисциплини, освен во трката на 100 м делфин, остварила австралиската пливачка Ема Меккион. Со вкупно четири златни и три бронзени медали, таа била најуспешна спортистка, а со вкупно седум медали била најодликуван учесник на игрите.
  • Во гимнастика, натпреварувачите од Русија освиле злато во машкиот и женскиот екипен повеќебој, со што една земја за првпат ги обединила титулите откако истото го направила Кина на игрите во Пекинг во 2008 година. Американската гимнастичарка Симон Бајлс на игрите влегла со очекување дека ќе го повтори или надмине учинокот од 4 златни и 1 бронзен медал од игрите во Рио де Жанеиро. Но, по еден проблематичен скок на прескок уште во првата ротација од екипниот повеќебој, таа се повлекла поради проблеми со „менталното здравје“, а подоцна ги пропуштила и повеќебојот, како и натпреварите на прескок, партер и двовисински разбој. Бајлс настапила само на греда и го освоила бронзениот медал, со што игрите ги завршила со 1 сребро и 1 бронза.
  • Во атлетските натпревари биле поставени три светски рекорди. Венецуелската натпреварувачка во трискок Јулимар Рохас во шестиот и последен обид прескокнала 15,67 м, со што за 17 см го подобрила светскиот рекорд на Инеса Кравец стар 26 години. Светски рекорди биле поставени и во двете трки на 400 м со пречки. Во машка конкуренција, Норвежанецот Карстен Вархолм трката ја истрчал за 45,94 сек. и со тоа го подобрил сопствениот светски рекорд за 0,76 сек. во трка во којашто и второпласираниот Раи Бенџамин истрчал побрзо од стариот светски рекорд. Во женска конкуренција, нов светски рекорд со време од 51,46 сек. поставила американската атлетичарка Сидни Меклафлин, а и во оваа трка второпласирната нејзина сонародничка Далила Мухамад остварила подобро време од претходниот светскиот рекорд.
 
Фудбалерите на Бразил прославуваат во финалниот натпревар против Шпанија
  • Јаманканската спринтерка Елејн Томпсон-Хера освоила три злати медали и била најуспешна атлетичарка на игрите. Со победите во трките на 100 и 200 м, таа ги одбранила олимписките титули од игрите во Рио де Жанеиро и со тоа станала првата атлетичарка којашто освоила златни медали во овие дисциплини на две различни олимписки игри. На победите во поединечните трки, таа го придодала и златниот медал освоен како дел од штафетата на Јамајка на 4 х 100 м.
  • Полската фрлачка на кладиво Анита Влодарчик го освоила златниот медал во оваа дисциплина на трети олимписки игри по ред и со тоа станала првата атлетичарка којашто освоила три злата на олимписките игри во една иста атлетска дисциплина.
  • Холандската атлетичарка на средни и долги патеки Сифан Хасан најавила обид за освојвуање на златни медали во трките на 1.500, 5.000 и 10.000 м, што би претставувало подвиг каков што претходно не му успеал на ниеден друг атлетичар. На крај, таа победила во трките на 5.000 и 10.000 м, но во трката на 1.500 м го освоила бронзениот медал откако била поразена од Кенијката Фаит Кипјегон која ја одбранила олимписката титула. Кипјегон станала втората атлетичарка која победила во оваа дисциплина на две последователни олимписки игри по Татјана Казанкина во 1976 и 1980 година.
  • Белоруската атлетичарка Кристина Тимановскаја отпатувала во Полска со хуманитарна виза откако од Белорускиот олимписки комитет се обиделе да ја вратат во Белорусија против нејзината волја.
  • Натпреварите во ритмичка гимнастика биле одбележани со прекин на 25-годишната доминација на натпреварувачките од Русија кои ги освоиле сите златни медали во оваа дисциплина на претходните пет олимписки игри. Златниот медал во поединечниот повеќебој го освоила израелската гимнастичарка Линој Ашрам, чија вкупна оценка била за само 0,150 бода повисока од онаа на фаворизираната Русинка Дина Аверина. Во екипниот повеќебој, златниот медал го освоиле гимнастичарките од Бугарија, оставајќи ги зад себе руските гимнастичарки со разлика од 1,400 бода.
  • Во екипните спортови, спортистите од Франција ги обединиле титулите во машка и женска конкуренција во ракомет, а сличен успех оствариле и спортистите на САД во кошарка. Фудбалерите на Бразил, ватерполистите на Србија, ватерполистките на САД и рагбистите на Фиџи успешно ги одбраниле олимписките титули освоени на претходните игри.
 
Германката Изабел Верт освоила златен медал на шести различни олимписки игри и со седум злата станала најуспешен олимпиец во коњички спорт
  • Германската јавачка Изабел Верт го освоила седмиот златен медал на своите шести олимписки игри по победата во екипниот натпревар во дресура и со тоа станала најуспешен олимпиец во овој спорт. Таа исто така станала првата спортистка која освоила златен медал на шест различни олимписки игри и втор спортист воопшто со ваков успех по унгарскиот мечувалец Аладар Геревич.
  • Во стрелаштво, руската натпреварувачка Виталина Бацарашкина освоила 2 златни и 1 сребрен медал, со што станала првата натпреварувачка во овој спорт со освоени 3 медали на едни олимписки игри. Таа победила во дисциплините воздушен пиштол од 10 м и пиштол од 25 м, а завршила на второто место во мешаниот натпревар во пукање со воздушен пиштол од 10 м каде што настапила заедно со сонародникот Артјом Черноусов.
  • Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ настапил на игрите во обид да освои „златен гренд слем“, односно календарски гренд слем и злато на олимписките игри во истата година, што претходно ѝ успеало само на германската тенисерка Штефи Граф во 1988 година. По силниот почеток без загубен сет во првите четири натпревари, тој бил запрен од подоцнежниот олимписки првак Александар Зверев од Германија во полуфиналето, а подоцна загубил и во натпреварот за третото место од Шпанецот Пабло Карењо Буста. Ѓоковиќ исто така настапил и на турнирот во мешани двојки заедно со Нино Стојановиќ, каде што завршиле на четвртото место и со тоа останал без медал од игрите.
  • Кинескиот пинг-понгар Ма Лонг ја одбранил олимписката титула од претходните игри и станал првиот натпреварувач во пинг-понг којшто освоил златни медали на две последователни олимписки игри во поединачна конкуренција.[12][13]
  • Австралиската кануистка Џесика Фокс освоила злато во натпреварот Кн-1 и бронза во Кј-1, а особено го привлекла вниманието медиумите поради тоа што својот кајак го поправила со употреба на презерватив.[14]
  • Јапонскиот џудист Хифуми Абе и неговата сестра Ута Абе победиле во машката категорија до 66 кг и женската категорија до 52 кг соодветно и направиле историски подвиг со тоа што станале првите брат и сестра кои освоиле олимписко злато во ист ден.[15]
  • Триатлноката Флора Дафи од Бермуда на својата земја ѝ ги донела првото олимписко злато, со што Бермуда станала најмалата земја по бројот на население со освоен златен медал.[16][17]
  • Натпреварите во скејтбординг се одржале за првпат на олимписките игри, а 13-годишната јапонска натпреварувачка Момиџи Нишија станала најмладиот освојувач на златен медал за Јапонија и трет најмлад во историјата на олимписките игри.[18] Сребрениот медал го освоила 13-годишната Бразилка Раиса Леал, а бронзениот медал завршил на градите на 16-годишната Јапонка Фуна Накајама. Со просечна возраст од 14,5 години, ова бил најмладиот подиум во историјата на олимписките игри.[19]
  • Во финалната борба во категоријат над 75 кг, иранскиот каратист Саџад Ганџадех од својот противник Тарег Хамеди од Саудиска Арабија добил силен удар со нога по главата, познат како „ханкоку“, по што изгубил свест и останал да лежи на подот. Сепак, судиите ваквиот удар го оцениле како екстремен и недозволен, па го дисквалификувале Саудиецот и златниот медал му го доделиле на Ганџадех.

Освојувачи на медали

уреди

  *   земја домаќин (Јапонија)

Список на земји со освоени медали[20]
МестоНОКЗлатоСреброБронзаВкупно
1  САД (USA)394133113
2  Кина (CHN)38321888
3  Јапонија (JPN)*27141758
4  Велика Британија (GBR)22212265
5  РОК (ROC)20282371
6  Австралија (AUS)1772246
7  Холандија (NED)10121436
8  Франција (FRA)10121133
9  Германија (GER)10111637
10  Италија (ITA)10102040
11–93Останати земји137150206493
Вкупно3403384021080

Маркетинг

уреди

Официјалните амблеми за Олимписките и Параолимписките игри во 2020 година биле откриени на 25 април 2016 година; дизајнирани од Асао Токоло, кој победил на националниот натпревар во дизајн, има форма на прстен во шаховско шаренило во боја на индиго. Дизајнот имал за цел да „изрази рафинирана елеганција и софистицираност што е пример за Јапонија“.[21] Дизајните го замениле претходниот амблем, кој бил укинат по обвинувањата дека е плагијат на логото на Театр де Лиеж во Белгија. Официјалниот слоган United by Emotion бил претставен на 17 февруари 2020 година. Слоганот се користел исклучиво на англиски јазик.[22]

 
Мираитова (лево), маскота на олимписките игри 2020, и Сомеити (десно), маскота на параолимписките игри 2020

Официјална маскота на Летните олимписки игри 2020 е Мираитова, фигура со сини карирани модели инспирирана од официјалниот амблем на Игрите. Неговите измислени одлики вклучуваат можност за телепортација.[23] Создадени од јапонскиот уметник Рио Танигучи, маскотите биле избрани од натпреварувачки процес што се одржал кон крајот на 2017 година и почетокот на 2018 година. Мираитова е именувана по јапонските зборови за „иднина“ и „вечност“,[23] а Сомеити го добила името од someiyoshino, еден вид на цреша.[24] Се очекува маскотите да помогнат во финансирањето на игрите во Токио преку зделки за трговија и лиценцирање.

Победнички церемонии

уреди

Наоки Сато ја компонирал музиката за победничките церемонии на Олимписките игри 2020 година во Токио.[25]

Заедно со главниот Син Амблем, петте други бои кои што се користат во брендирањето на игрите во 2020 година се:      Kurenai црвена,      Ai сина,      Sakura розова,      Fuji виолетова, и      Matsuba зелена.

Белешки

уреди
  1. Неутрални спортисти од Русија коишто настапуваат под знамето на Рускиот олимписки комитет

Наводи

уреди
  1. Multiple sources:
    • McDonald, Scott (25 March 2020). „The Reason why Olympics in 2021 will still be called the 2020 Olympic Games“. newsweek.com. Архивирано од изворникот 1 April 2020. Посетено на 30 March 2020.
    • Simon Denyer (20 March 2021). „Tokyo Olympics organizers ban spectators from outside Japan in pandemic-control measure“. Washington Post. Посетено на 20 March 2021.
    • „Tokyo to be put under state of emergency for duration of 2020 Olympic Games“. the Guardian (англиски). 2021-07-08. Посетено на 2021-07-08.
  2. „Olympics history: Have the Games been postponed before?“. Los Angeles Times. 24 March 2020. Архивирано од изворникот 29 March 2020. Посетено на 29 March 2020.
  3. „Tokyo Olympics to start in July 2021“. BBC Sport.
  4. „Olympics 2020: Tokyo wins race to host Games“. BBC Sport. 7 September 2013. Архивирано од изворникот 7 June 2015. Посетено на 13 February 2018.
  5. Kremers, Daniel (2020). „Outdoor sports in the periphery: Far from the compact games“. Во Barbara Holthus; Isaac Gagné; Wolfram Manzenreiter; Franz Waldenberger (уред.). Japan Through the Lens of the Tokyo Olympics (англиски). Routledge. doi:10.4324/9781003033905. ISBN 978-1-003-03390-5.
  6. Wilson, Stephen (8 September 2013). „Results of the IOC vote to host the 2020 Summer Olympics“. Austin American-Statesman. Associated Press. Архивирано од изворникот 4 March 2020. Посетено на 11 December 2018.
  7. „3-on-3 basketball officially added to Tokyo Olympics“. CBC Sports. Архивирано од изворникот 10 June 2017. Посетено на 9 June 2017.
  8. „Tokyo 2020: Mixed-gender events added to Olympic Games“. BBC Sport. 9 June 2017. Архивирано од изворникот 10 June 2017. Посетено на 9 June 2017.
  9. „Tokyo 2020 Unveils Action-Packed Olympic Competition Schedule“. Tokyo2020. TOCOG. 18 July 2018. Архивирано од изворникот на 11 August 2018.
  10. „Olympic Competition Schedule“. Tokyo2020. TOCOG. Архивирано од изворникот на 20 July 2018.
  11. „Boxing Competition Schedule“. Tokyo2020. TOCOG. Архивирано од изворникот на 1 March 2020. Посетено на 1 March 2020.
  12. „Ma makes history with fourth table tennis gold“. ESPN.com (англиски). 2021-07-30. Посетено на 6 август 2021.
  13. Chakraberty, Sumit. „The ping-pong evolution of TT's greatest“. Khaleej Times (англиски). Посетено на 6 август 2021.
  14. „How a condom helped Olympic canoeist Jess Fox repair her kayak“. 7 News. 29 јули 2021.
  15. „Olympics: Japan's Abe siblings complete historic judo double“, Kyodo News, 25 јули 2021
  16. „Bermuda becomes smallest country to win gold as Flora Duffy claims triathlon“. the Guardian (англиски). 2021-07-27. Посетено на 28 јули 2021.
  17. „Bermuda celebrates first Olympic gold“. BBC Sport (англиски). Посетено на 28 јули 2021.
  18. Coskrey, Jason (26 јули 2021). „13-year-old Momiji Nishiya becomes one of Japan's youngest Olympic champions“. The Japan Times. Архивирано од изворникот на 2021-08-04. Посетено на 26 јули 2021.
  19. NBC Sports https://onherturf.nbcsports.com/2021/07/26/olympic-debut-produces-youngest-podium-in-history/. Text "8 август 2021" ignored (help); Отсутно или празно |title= (help)
  20. „Tokyo 2021: Olympic Medal Count“. Olympics. Архивирано од изворникот на 2021-07-15. Посетено на 2021-07-26.
  21. McKirdy, Andrew (25 April 2016). „Checkered pattern by artist Tokolo chosen as logo for 2020 Tokyo Olympics“. The Japan Times. Архивирано од изворникот 25 April 2016. Посетено на 25 April 2016.
  22. "United by Emotion" to be the Tokyo 2020 Games Motto“. Tokyo2020.org. TOCOG. 17 February 2020. Архивирано од изворникот 4 March 2020.
  23. 23,0 23,1 „Tokyo 2020 Olympic mascot“. Tokyo2020.org. TOCOG. Архивирано од изворникот 28 February 2020. Посетено на 1 March 2020.
  24. „Tokyo 2020 Paralympic mascot“. Tokyo2020. TOCOG. Архивирано од изворникот 1 March 2020. Посетено на 1 March 2020.
  25. „SATO Naoki: Meet the composer of the Tokyo 2020 Games victory ceremony music“. Tokyo 2020. Архивирано од изворникот на 2021-06-04. Посетено на 2021-07-15.

Надворешни врски

уреди