Отвори го главното мени

Лукаш Росол (чешки: Lukáš Rosol) (роден на 24 јули 1985) е чешки тенисер. Професионалнo игра тенис од 2004 година. Во моментов се наоѓа на 85. место на АТП листата и е трет најдобро пласиран чешки тенисер. Негово највисоко место на АТП листата било 26. место кое го постигнал во септември 2014.

Лукаш Росол
Lukáš Rosol
Rosol RG15 (4) (19310696131).jpg
ЗемјаЧешка Чешка
Место на живеењеПреров, Чешка
Роден на24 јули 1985 (1985-07-24) (34 г.)
Роден воБрно, Чешка
СпортTennis pictogram.svg Тенис
Висина1.96 м
Професионалец2004
Игра со• десна рака
• дворачен бекхенд
Заработка$ 3,310,437
Победи-порази92–118
Титули2
Највисок пласманБр. 26 (22 септември 2014)
Моментално местоБр. 85 (14 септември 2015)
Австралијан Опен2К (2013, 2015)
Ролан Гарос3К (2011, 2015)
Вимблдон3К (2012)
УС Опен2К (2015)
Победи-порази65-73
Титули3
Највисок пласманБр. 37 (13 октомври 2014)
Моментално местоБр. 64 (14 септември 2015)
Ажурирано на: 14 септември 2015.

На 28 јуни 2012 година, Росол успеал сензационално да го победи вториот играч во светот Рафаел Надал, во второто коло од Вимблдон во пет сетови.[1]

Во кариерата Росол освоил две АТП титули во поединечна конкуренција и три АТП титули во двојки. Тој бил дел од дејвис куп тимот на Чешка кој победил во Дејвис купот 2012.

Росол играл во најдолгиот АТП натпревар во историјата во двојки, заедно со Томаш Бердих, во победата над Марко Чиудинели и Станислас Вавринка во првото коло од Дејвис купот 2013. Натпреварот се одиграл на 2 февруари 2013, и траел 7 часа и 2 минути. Тоа било втор најдолг натпревар во двете конкуренции, и е веднаш зад натпреварот меѓу Џон Изнер и Николас Мау на Вимблдон 2010

Личен животУреди

Росол е роден во Брно, Чехословачка. Во ноември 2008, тој се оженил со чешката атлетичарка Дениса Росолова (моминско презиме Шчербова).[2] Во 2011 тие се развеле.[3] Во 2013, Росол се верил со презентерката Михаела Очотска.[4] Нивниот син Андре се родил во јануари 2015.[5] Парот направил свадба во јули 2015.[6]

АТП финалиња во кариератаУреди

Поединечно: 4 (2–2)Уреди

Legend
Гренд слем (0–0)
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (0–0)
АТП 500 серија (0–0)
АТП 250 серија (2–2)
Титули по подлога
Тврда (1–0)
Земја (1–2)
Трева (0–0)
Тепих (0–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Победник 1. 28 април 2013 Букурешт, Романија Земја   Гиљермо Гарсија-Лопез 6–3, 6–2
Финалист 1. 27 април 2014 Букурешт, Романија Земја   Григор Димитров 6–7(2–7), 1–6
Финалист 2. 13 јули 2014 Штутгарт, Германија Земја   Роберто Баутиста Агут 3–6, 6–4, 2–6
Победник 2. 23 август 2014 Винстон-Салем, САД Тврда   Јежи Јанович 3–6, 7–6(7–3), 7–5

Двојки: 3 (3-0)Уреди

Legend
Гренд слем (0–0)
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (0–0)
АТП 500 серија (0–0)
АТП 250 серија (3–0)
Титули по подлога
Тврда (2–0)
Земја (1–0)
Трева (0–0)
Тепих (0–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противници Резултат
Победник 1. 6 јануари 2012 Доха, Катар Тврда   Филип Полашек   Кристофер Кас
  Филип Колшрајбер
6–3, 6–4
Победник 2. 20 октомври 2013 Виена,Австрија Тврда   Флорин Мергеа   Даниел Нестор
  Јулијан Ноул
7–5, 6–4
Победник 3. 27 јули 2014 Умаг, Хрватска Земја   Франтишек Чермак   Душан Лајовиќ
  Франко Шкугор
6–4, 7–6(7–5)

НаводиУреди

  1. СЕНЗАЦИЈА: Росол го шокираше Надал во второто коло од Вимблдон
  2. „Atletka Denisa Ščerbová si vzala tenistu Lukáše Rosola“. denik.cz (Czech). 14 November 2008. конс. 14 September 2015. 
  3. „Atletka Denisa a tenista Lukáš Rosolovi se rozvádí“. isport.blesk.cz (Czech). 21 July 2011. конс. 14 September 2015. 
  4. „Ochotská a Rosol: Čtyři měsíce vášně jim stačily... Zásnuby v Paříži!“. blesk.cz (Czech). 7 June 2013. конс. 14 September 2015. 
  5. „Ochotská s Rosolem mají syna, dostal jméno André“. revue.idnes.cz (Czech). 13 January 2015. конс. 14 September 2015. 
  6. „První oficiální fotky svatby Ochotské a Rosola: Velký den poznamenala (ne)šťastná třináctka!“. blesk.cz (Czech). 14 July 2015. конс. 14 September 2015. 

Надворешни врскиУреди