Дино Баџо

италијански фудбалер

Дино Баџо (роден на 24 јули 1971 година во Кампсампјеро) — поранешен италијански фудбалер, играч од средниот ред. Во 1994 година бил светски вицешампион со репрезентацијата на Италија.

Дино Баџо
Лични податоци
Роден на 24 јули 1971(1971-07-24)(52 г.)
Роден во Кампосампјеро, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001880000001,88 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2008 (37 г.)
Младинска кариера
Томболо
Торино Торино
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990-1992 Торино Торино 25 (2)
1991-1992Интер Интер 27 (1)
1992-1994 Јувентус Јувентус 49 (1)
1994-2000 Парма Парма 172 (19)
2000-2005 Лацио Лацио 44 (1)
2003-2004Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс 9 (1)
2004Анкона Анкона 13 (0)
2005 Триестина Триестина 3 (0)
2008 Томболо 1 (0)
Репрезентација
1990-1992 Италија Италија 21 18 (1)
1992 Италија Италија 23 5 (0)
1991-1999 Италија Италија 60 (7)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Тој е играчот со најмногу постигнати голови во финалињата на Купот на УЕФА/Лигата на Европа (вкупно пет гола постигнати во две финалиња, но одиграни во два натпревари).[1]

Наречен „Баџо 2“ од италијанскиот печат за да се разликува од неговиот сонародник Роберто Баџо, со кој биле соиграчи во Јувентус и во националниот тим,[2][3] во дресот на својата земја забележал 60 настапи со седум гола, а учествувал на две Светски првенства (1994 и 1998) и едно Европско првенство (1996).

Биографија уреди

И покрај тоа што имаат исто презиме, тој нема никаква роднинска врска со италијанскиот поранешен фудбалер и соиграч Роберто Баџо.[4]

На 6 јули 2000, се оженил со поранешната танчерка и учесничка во телевизиската програма Non è la Rai, Марија Тереса Матеи.[5] Со неа имаат две деца.[5]

Технички карактеристики уреди

Дефанзивен играч од средниот ред сметан за сигурен додавач, физички силен, надарен со способност за многу трчање и дух на пожртвуваност,[6][7][8][9] тој се истакнал во својата кариера по својата цврстина, енергија, издржливост и одземање на топката од противниците;[7][9][10] одлики кој му овозможиле да стане еден од најдобрите италијански играчи од средниот ред во 90-тите години и стандарден репрезентативец во оваа декада.[6][9][11] Благодарение на неговата тактичка флексибилност,[12] тој бил способен да покрие каква било улога во средниот ред;[9] всушност, и покрај тоа што играл главно во улогата на медијано со дефанзивни задачи, во текот на кариерата бил користен во речиси сите улоги на теренот.[10][13]

Иако бил дефанзивен играч од средниот ред, тој исто така бил способен да придонесе и во офанзивната фаза на играта,[6][9][10][12] благодарение на неговите вештини за уфрлање во празните простори,[7][12] квалитетите во играта во воздухот[14] и одличниот удар од далечина.[9][15] Тој исто така имал добра индивидуална техника и визија за играта што го направило способен да изведува прецизни додавања за своите соиграчи.[9]

Клупска кариера уреди

 
Баџо во дресот на Интер во 1991.

Своите први фудбалски чекори ги направил на петгодишна возраст на терените во Томболо, провинцијата Падова. На тринаесет години тој бил забележан од скаутите на Торино.[16] Токму во оваа екипа израснал во професионален фудбалер, а своето деби во Серија А го имал во натпреварот Торино-Лацио (0-0) одигран на 9 септември 1990 година; претходно тој забележал 3 настапи за Торино во шампионската сезона на клубот во Серија Б. Тој набрзо станал стартер во формацијата на биковите, завршувајќи ја сезоната 1990-1991 со 25 настапи и еден гол, освојувајќи го притоа со клубот и Митропа купот 1991 иако во ова натпреварување тој ниту еднаш не излегол на терен. Во 1991 година, тој бил продаден на градскиот ривал Јувентус за 9,8 милијарди лири,[17] кој го позајми на Интер за една сезона, во текот на која младиот играч од средниот ред одиграл 27 натпревари и постигнал еден гол.[18]

 
Дино Баџо со Јувентус, го слави неговиот втор гол во победата со 3-0 во реванш финалето на Купот на УЕФА 1992-1993.

Враќајќи се во Јувентус во летото 1992 година, тој го направил своето деби во натпреварот од првата рунда на Купот на Италија на домашен терен против Фиделис Андрија во победата на домашен терен со 4-0, во која исто така го постигнал и својот прв гол за бјанконерите. Бидејќи претходно играл за градскиот ривал Торино, трансферот на Баџо во Јувентус првично нашол на негодување кај навивачите, меѓутоа, со неговата цврстина и одличните постојани игри тој набрзо станал столб во средниот ред на Јувентус и брзо ги придобил нивните симпатии.[13] Често наречен Баџо 2 за да се разликува од својот попознат и постар соиграч Роберто Баџо, својот прв погодок за Јувентус во Серија А, тој го постигнал во победата со 5-1 над Анкона. Неговиот највпечатлив момент за време на првата сезона со бјанконерите дефинитивно било финалето на Купот на УЕФА 1992-1993 против Борусија Дортмунд во кое тој се појавил како изненадувачки стрелец давајќи огромен придонес за освојувањето на титулата со три гола: тој постигнал еден гол во првиот натпревар во Дортмунд кој завршил со победа на Јуве од 3-1, додавајќи уште два гола во победата со 3-0 во реваншот на Деле Алпи. Следната сезона со Јувентус го освоил второто место во првенството, но настапите на Баџо драстично се намалиле по што тој одлучил да го напушти клубот во летото 1994 и да се пресели во Парма на Невио Скала за 14 милијарди лири,[19] потпишувајќи четиригодишен договор со клубот.

Во својата прва сезона тој освоил уште еден Куп на УЕФА, прв за Парма во историјата на клубот, против неговиот поранешен тим во финалето во кое Баџо уште еднаш бил во главната улога: во првиот натпревар кој завршил 1-0 за Парма голот бил негово дело, додека во реваншот тој ја анулирал почетната предност на Јувентус стекната со голот на Џанлука Вијали (1-1). Ова било доволно за да ја крене неговата втора титула во европските натпреварувања високо кон небото, во исто време трета за Парма. Тој останал еден од главните играчи на Парма и во следните сезони под водството на тренерите Карло Анчелоти и Алберто Малезани. Со вториот, тој по трет пат во кариерата го освоил Купот на УЕФА совладувајќи го овојпат во финалето францускиот гигант Олимпик Марсеј со убедливи 3-0 во Москва. На патот до титулата, во првиот натпревар од осминафиналето против полската екипа Висла Краков, Баџо бил ранет во главата од нож фрлен од навивач поради кој добил пет конци.[20] Поради ова, Висла била суспендиран од европските купови на една година. Во истата 1999 година, Парма го освоила и Купот на Италија победувајќи ја Фјорентина во финалето, а во август триумфирале и во Суперкупот на Италија со победа над шампионот на земјата Милан.

За време на натпреварот Парма-Јувентус одигран на 9 јануари 2000 година, во момент кога двата клуба биле замешани во битка за шампионската титула, тој направил прекршок над Џанлука Ѕамброта, санкциониран со црвен картон од страна на судијата Стефано Фарина, по што уследил гест на Баџо со триење на палецот и показалецот како бројач за пари и плукање на земја.[21] Тоа му донело суспензија од два натпревари (иако првично биле шест) и казна од Парма во вредност од 20 милиони лири,[22] пропуштајќи го исто така пријателскиот натпревар на репрезентацијата против Шведска на 23 февруари 2000 година со одлука на Лучано Ницола, тогашен претседател на FIGC. Од тој момент, Баџо повеќе никогаш не бил повикан во репрезентацијата, прескокнувајќи го и следното Европско првенство во Белгија и Холандија.[23] Со 240 натпревари во дресот на Парма, моментално се наоѓа на 14-тото место на списокот на играчи со најмногу настапи за клубот

 
Баџо со Блекбурн Роверс во 2003.

Во октомври 2000 година, тој бил купен од актуелниот италијански шампион, Лацио, но по две сезони поминати во Рим во 2003 година бил позајмен на англискиот Блекбурн Роверс.[24] Дебитирал во Премиер лигата на 13 септември, влегувајќи како замена во поразот на домашен терен со 3–1 од Ливерпул.[25] Менаџерот на Баџо во Блекбурн, Греам Сунес, го користел во дотогаш за него нова непозната улога со повеќе напаѓачки задачи,[26] што сепак, не ги дало очекуваните резултати и негативно се одразило на неговите настапи. Тој забележал само 9 настапи вкупно за Роверс, постигнувајќи еден гол во поразот од 2–1 од Лидс Јунајтед во првенството, пред неговата позајмица да биде прекратена во јануари 2004.[27]

Откако предвреме завршила неговата авантура во странство, тој се вратил во Италија и бил позајмен до крајот на сезоната 2003-2004 на новопромовираниот член на Серија А, Анкона. Целта на клубот била да доведе во јануарскиот преоден рок неколку искусни и проверени играчи како Баџо кои би помогнале да излезе од зоната за испаѓање во која бил западнал уште на почетокот од првенството. Сепак, Баџо не успеал да ја исполни мисијата со која дошол во Анкона, да го спаси клубот од испаѓање, по што тој се вратил во Лацио, каде што бил ставен на маргините на првиот тим толку многу што заедно со неговиот соиграч Паоло Негро подигнале тужба за мобинг против претседателот на клубот Клаудио Лотито.[28]

Во 2005 година се преселил во Триестина, за да ја рестартира својата кариера со ново искуство во Серија Б; по само три настапи во октомври одлучил, да го раскине договорот со клубот и да се пензионира.

Во февруари 2008 година, две и пол години по неговото наводно пензионирање, тој се вратил на фудбалот. На возраст од речиси триесет и седум години играл во Терца категорија, во тимот на Томболо во кој и ја започнал својата кариера, чиј тренер бил неговиот прв тренер, Чезаре Кривеларо.[29]

Во Серија А одиграл 333 натпревари постигнувајќи 25 голови. Во европските купови има 73 натпревари со тринаесет гола.

Репрезентативна кариера уреди

Млади репрезентации уреди

Со репрезентацијата до 21 година, предводена од Чезаре Малдини, тој го освоил Европско првенство за играчи под 21 година во 1992 година, а истата година учествувал на Олимпијадата во Барселона.

Сениорска репрезентација уреди

 
Баџо играјќи за Италија во дуел со Руи Кошта од Португалија во натпревар меѓу двете земји во 1993.

Повикан од новиот селектор Ариго Саки, тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на 21 декември 1991 година, на 20-годишна возраст, започнувајќи во последниот натпревар од Квалификациите за Европското првенство 1992, победата со 2-0 против Кипар во Фоџа. Својот прв гол за Аѕурите го постигнал на 24 февруари 1993 година, во Порто, Португалија, во натпревар од Квалификациите за Светското првенство 1994 во кој италијанците го совладале домаќинот со 3-1.

Откако станал стартер во репрезентацијата, тој формирал партнерство во средишниот дел на средниот ред со Деметрио Албертини, кој бил на иста возраст како и тој.[30] Учествувал на Светското првенство 1994 во САД, каде што бил протагониста[31] со два постигнати гола: во победите против Норвешка (1-0) во групната фаза и Шпанија (2-1) во четвртфиналето.[32] Се појавил на теренот во сите седум натпревари на Италија на Мундијалот и играл како стартер во финалето на 17 јули 1994 година, во кое загубиле на пенали од Бразил.

Учествувал и на следното Европско првенство 1996 во Англија, каде Италија била елиминирана во првата фаза. На овој настан, сепак, тој излегол на терен само во вториот натпревар од групата, кој италијанците го загубиле со 2-1 од Чешка. Потоа, со селекторот Чезаре Малдини, Баџо учествувал и на Светското првенство 1998, каде што бил стартер во петте натпревари на Италија која била елиминирана во четвртфиналето, по изведувањето на пенали, од домаќинот Франција.

Тој одиграл неколку натпревари за Италија и под водството на следниот селектор Дино Ѕоф, кој ја презел клупата од Малдини во летото 1998. Бил репрезентативец сè до пријателскиот натпревар одигран на 13 ноември 1999 година, поразот од Белгија (1-3) во Лече, кој останал неговиот последен натпревар во синиот дрес.

За својата репрезентација забележал вкупно 60 настапи и 7 голови.

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
21-12-1991 Фоџа Италија   2 – 0   Кипар Квал. за Евро 1992 -
9-9-1992 Ајндховен Холандија   2 – 3   Италија Пријателска -   89'
20-1-1993 Фиренца Италија   2 – 0   Мексико Пријателска -   46'
24-2-1993 Порто Португалија   1 – 3   Италија Квал. за СП 1994 1
24-3-1993 Палермо Италија   6 – 1   Малта Квал. за СП 1994 1
14-4-1993 Трст Италија   2 – 0   Естонија Квал. за СП 1994 -   68'
1-5-1993 Берн Швајцарија   1 – 0   Италија Квал. за СП 1994 -
13-10-1993 Рим Италија   3 – 1   Шкотска Квал. за СП 1994 -
17-11-1993 Милано Италија   1 – 0   Португалија Квал. за СП 1994 1
23-3-1994 Штутгарт Германија   2 – 1   Италија Пријателска 1   71'
27-5-1994 Парма Италија   2 – 0   Финска Пријателска -
3-6-1994 Рим Италија   1 – 0   Швајцарија Пријателска -
11-6-1994 Њу Хејвен Италија   1 – 0   Костарика Пријателска -   46'
18-6-1994 Њујорк Италија   0 – 1   Ирска СП 1994 - Прва фаза -
23-6-1994 Њујорк Италија   1 – 0   Норвешка СП 1994 - Прва фаза 1
28-6-1994 Вашингтон Италија   1 – 1   Мексико СП 1994 - Прва фаза -   65'
5-7-1994 Бостон Нигерија   1 – 2 прод.   Италија СП 1994 - Осминафинале -   46'
9-7-1994 Бостон Италија   2 – 1   Шпанија СП 1994 - Четвртфинале 1
13-7-1994 Њујорк Италија   2 – 1   Бугарија СП 1994 - Полуфинале -   55'
17-7-1994 Лос Анџелес Бразил   0 – 0 прод.
(3 – 2 пен.)
  Италија СП 1994 - Финале -   95'[33]
7-9-1994 Марибор Словенија   1 – 1   Италија Квал. за Евро 1996 -   55'
8-10-1994 Талин Естонија   0 – 2   Италија Квал. за Евро 1996 -
16-11-1994 Палермо Италија   1 – 2   Хрватска Квал. за Евро 1996 1
21-12-1994 Пескара Италија   3 – 1   Турција Пријателска -   71'
25-3-1995 Салерно Италија   4 – 1   Естонија Квал. за Евро 1996 -
26-4-1995 Вилнус Литванија   0 – 1   Италија Квал. за Евро 1996 -   22'
19-6-1995 Лозана Швајцарија   0 – 1   Италија Сентенарио Швајцарска Фед. -   46'
6-9-1995 Удине Италија   1 – 0   Словенија Квал. за Евро 1996 -   81'
11-11-1995 Бари Италија   3 – 1   Украина Квал. за Евро 1996 -   46'
29-5-1996 Кремона Италија   2 – 2   Белгија Пријателска -   65'
14-6-1996 Ливерпул Чешка   2 – 1   Италија Евро 1996 - Прва фаза -   38'
9-10-1996 Перуџа Италија   1 – 0   Грузија Квал. за СП 1998 -   60'
6-11-1996 Сараево Босна и Херцеговина   2 – 1   Италија Пријателска -   46'
22-1-1997 Палермо Италија   2 – 0   Северна Ирска Пријателска -
12-2-1997 Лондон Англија   0 – 1   Италија Квал. за СП 1998 -
29-3-1997 Трст Италија   3 – 0   Молдавија Квал. за СП 1998 -
2-4-1997 Хожов Полска   0 – 0   Италија Квал. за СП 1998 -
30-4-1997 Неапол Италија   3 – 0   Полска Квал. за СП 1998 -   85'
4-6-1997 Нант Италија   0 – 2   Англија Турнир во Франција -
8-6-1997 Лион Италија   3 – 3   Бразил Турнир во Франција -   46'
10-9-1997 Тбилиси Грузија   0 – 0   Италија Квал. за СП 1998 -
11-10-1997 Рим Италија   0 – 0   Англија Квал. за СП 1998 -
29-10-1997 Москва Русија   1 – 1   Италија Квал. за СП 1998 -
15-11-1997 Неапол Италија   1 – 0   Русија Квал. за СП 1998 -
28-1-1998 Катанија Италија   3 – 0   Словачка Пријателска -   55'
22-4-1998 Парма Италија   3 – 1   Парагвај Пријателска -
11-6-1998 Бордо Италија   2 – 2   Чиле СП 1998 - Прва фаза -
17-6-1998 Монпелје Италија   3 – 0   Камерун СП 1998 - Прва фаза -
23-6-1998 Сен Дени Италија   2 – 1   Австрија СП 1998 - Прва фаза -
27-6-1998 Марсеј Италија   1 – 0   Норвешка СП 1998 - Осминафинале -
3-7-1998 Париз Италија   0 – 0 прод.
(3 - 4 пен.)
  Франција СП 1998 - Четвртфинале -   52'
5-9-1998 Ливерпул Велс   0 – 2   Италија Квал. за Евро 2000 -
10-10-1998 Удине Италија   2 – 0   Швајцарија Квал. за Евро 2000 -
18-11-1998 Салерно Италија   2 – 2   Шпанија Пријателска -   46'
16-12-1998 Рим Италија   6 – 2   World Stars Пријателска -   46'
10-2-1999 Пиза Италија   0 – 0   Норвешка Пријателска -   46'
27-3-1999 Копенхаген Данска   1 – 2   Италија Квал. за Евро 2000 -
31-3-1999 Анкона Италија   1 – 1   Белорусија Квал. за Евро 2000 -
8-9-1999 Неапол Италија   2 – 3   Данска Квал. за Евро 2000 -   46'
13-11-1999 Лече Италија   1 – 3   Белгија Пријателска -
Вкупно Настапи (30. место) 60 Голови (49. место) 7

Статистика уреди

Клупска статистика уреди

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1989-1990   Торино Б 3 0 КИ 0 0 - - - - - - 3 0
1990-1991 А 25 2 КИ 6 0 МК 0 0 - - - 31 2
Вкупно Торино 28 2 6 0 0 0 - - 34 2
1991-1992   Интер А 27 1 КИ 5 1 КУ 2 0 - - - 34 2
1992-1993   Јувентус А 32 1 КИ 7 3 КУ 9 5 - - - 48 9
1993-1994 А 17 0 КИ 2 0 КУ 6 0 - - - 25 0
Вкупно Јувентус 49 1 9 3 15 5 - - 73 9
1994-1995   Парма А 31 6 КИ 7 1 КУ 11 5 - - - 49 12
1995-1996 А 28 4 КИ 1 0 КПК 4 1 СИ 1 0 34 5
1996-1997 А 31 2 КИ 1 0 КУ 2 0 - - - 34 2
1997-1998 A 29 5 КИ 6 0 ЛШ 8[34] 0 - - - 43 5
1998-1999 А 29 2 КИ 5 0 КУ 8 0 - - - 42 2
1999-2000 А 24+1[35] 0+0[35] КИ 0 0 ЛШ+КУ 2+7 0+1 СИ 1 0 35 1
јул.-сеп. 2000 А 0 0 КИ 2 0 КУ 1 0 - - - 3 0
Totale Parma 173 19 22 1 43 7 2 0 240 27
окт. 2000-2001   Лацио А 25 1 КИ 1 0 ЛШ 0 0 - - - 26 1
2001-2002 А 15 0 КИ 3 0 ЛШ 3[36] 0 - - - 21 0
2002-2003 А 4 0 КИ 3 0 КУ 8 0 - - - 15 0
2003-јан. 2004   Блекбурн Роверс ПЛ 9 1 ФАКуп 1 0 КУ 2 0 - - - 12 1
јан.-јун. 2004   Анкона А 13 0 КИ 0 0 - - - - - - 13 0
2004-2005   Лацио А 0 0 КИ 0 0 КУ 0 0 СИ 0 0 0 0
Вкупно Лацио 44 1 7 0 11 0 - - 62 1
2005-2006   Триестина Б 3 0 КИ 0 0 - - - - - - 3 0
Вкупно во кариерата 347 25 50 5 73 12 2 0 472 42

Репрезентативна статистика уреди

Италија
Година Настапи Голови
1991 1 0
1992 1 0
1993 7 3
1994 15 4
1995 5 0
1996 4 0
1997 11 0
1998 11 0
1999 5 0
Вкупно 60 7

Титули уреди

Клупски уреди

  Торино уреди

1989-1990
1991

  Јувентус уреди

1992-1993

  Парма уреди

1994-1995, 1998-1999
1998-1999
1999

Репрезентативни уреди

  Италија
1992

Наводи уреди

  1. „La Coppa UEFA dalla A alla Z“. 15 мај 2013. Посетено на 15 ноември 2016.
  2. Maurizio Crosetti (27 февруари 1994). „C'è Baggio 2, per farsi rimpiangere“. La Repubblica. стр. 26. Посетено на 12 март 2014.
  3. Giancarlo Padovan e Gianfranco Teotino (18 ноември 1993). „Baggio 2 timbra il visto per l'America“. Il Corriere della Sera. стр. 41. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 12 март 2014. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  4. Preston, Mike (16 July 1994). 'Other' Baggio ready to step into hero's role WORLD CUP 1994“. The Baltimore Sun. Архивирано од изворникот на 2017-08-22. Посетено на 20 July 2014.
  5. 5,0 5,1 „Maria Teresa Mattei, ecco che fine ha fatto l'ex stellina di "Non è la Rai"“. Il Messaggero. 5 септември 2016. Text "https://www.ilmessaggero.it/societa/persone/maria_teresa_mattei_dopo_non_e_la_rai-1949813.html?refresh_ce" ignored (help); Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)
  6. 6,0 6,1 6,2 Emmet Gates (21 gennaio 2015). „Remembering Dino, the other Baggio“ (англиски). The Guardian. Посетено на 14 јуни 2015. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. 7,0 7,1 7,2 Giancarlo Padovan e Giorgio Rondelli (4 септември 1995). „Sacchi, un guaio in più : Costacurta“. Il Corriere della Sera. стр. 37. Архивирано од изворникот на 15 јуни 2015. Посетено на 14 јуни 2015. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  8. Luca Valdiserri (4 септември 1995). „Casiraghi, Dino Baggio e Signori: tori scatenati Pagliuca, che sfortuna“. Il Corriere della Sera. стр. 40. Архивирано од изворникот на 18 ноември 2015. Посетено на 14 јуни 2015. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 Fausto Momblano. „Il Baggio dimenticato“. Архивирано од изворникот на 2022-12-31. Посетено на 14 јуни 2015.
  10. 10,0 10,1 10,2 Fabrizio Maffei. „Baggio, Dino“. Посетено на 14 јуни 2015.
  11. . 5 октомври 2011 http://www.tempi.it/dino-baggio-conte-un-vincente-ma-occhio-alle-insidie#.VX0FfefVunQ. Посетено на 14 јуни 2015. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  12. 12,0 12,1 12,2 „Storie di ex: Dino Baggio“. 9 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 16 јуни 2015. Посетено на 14 јуни 2015. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  13. 13,0 13,1 Stefano Bedeschi (24 јули 2013). „Gli eroi in bianconero: Dino BAGGIO“. Посетено на 14 јуни 2015.
  14. Luca Valdiserri (21 април 1993). „Jorge teme il suo Paris più di Baggio e Moeller“. Il Corriere della Sera. стр. 45. Архивирано од изворникот на 15 јуни 2015. Посетено на 14 јуни 2015. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  15. „il bomber di scorta rianima il Torino“. Il Corriere della Sera. 10 март 1993. стр. 43. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 14 јуни 2015. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Занемарен непознатиот параметар |autore= (се препорачува |author=) (help)
  16. „La biografia di Dino Baggio in uscita con CIESSE Edizioni“. 25 септември 2011. Архивирано од изворникот на 14 јули 2014. Посетено на 15 октомври 2011. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  17. Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012. Vol. 8 (1991-1992). Panini. 25 јуни 2012. стр. 10.
  18. Benedetto Ferrara (27 јули 1991). „L'Inter s'accontenta, Dino Baggio“. La Repubblica. стр. 43. Посетено на 5 јули 1991. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  19. Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012. Vol. 11 (1994-1995). Panini. 16 јули 2012. стр. 10.
  20. Franco Melli (21 октомври 1998). „Un coltello vola in campo, paura per Baggio“. Il Corriere della Sera. стр. 42. Архивирано од изворникот на 26 декември 2012. Посетено на 11 февруари 2010. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  21. Dino Baggio dà del venduto all'arbitro, Bergamo lo difende da Corriere della Sera, 10 јануари 2000
  22. Fabio Monti. „Maxi-sconto a Dino Baggio: due giornate“. Il Corriere della Sera. стр. 43. Архивирано од изворникот на 26 декември 2012. Посетено на 3 август 2011. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  23. „La Figc: "Dino Baggio fuori dalla Nazionale". La Repubblica. 10 јануари 2000.
  24. „Blackburn bag Baggio“. UEFA.com. 1 September 2003. Посетено на 30 April 2020.
  25. „Owen brace sinks Blackburn“. BBC Sport. 13 September 2003. Посетено на 30 April 2020.
  26. Johnson, William (16 October 2003). „Poor finishing proves costly for Blackburn“. The Telegraph. Посетено на 30 April 2020.
  27. „Inspired Leeds hold off Blackburn“. BBC. 4 October 2003. Посетено на 20 October 2009.
  28. Le grane dell'era Lotito, da lalaziosiamonoi.it, 2 јули 2009
  29. „Dino Baggio riparte dalla terza categoria“. 15 февруари 2008. Занемарен непознатиот параметар |accesso-date= (help)
  30. „Anni Ottanta, Novanta e Duemila: qual è la Nazionale italiana più forte tra queste?“. 15 мај 2020. Посетено на 28 декември 2020.
  31. Licia Granello (8 јули 1994). „Baggio Due, L'Indispensabile“. стр. 3. Посетено на 28 декември 2020.
  32. „Baggio minore“. 26 септември 2016. Посетено на 28 декември 2020.
  33. 2. место
  34. 2 настапи во квалификациските кола.
  35. 35,0 35,1 Во баражот за 4. место.
  36. 1 настап во квалификациските кола.

Надворешни врски уреди