Алфонс Муха
Алфонс Марија Муха (чешки: Alfons Maria Mucha; 24 јули 1860 – 14 јули 1939) — чешки сликар и украсувач познат по својот својствен стил во правецот арт нуво.[1] Изработил голем број слики, илустрации, реклами, разгледници и други ликовни решенија.
Алфонс Муха Alfons Mucha | |
---|---|
Муха околу 1906 г. | |
Роден(а) | Алфонс Марија Муха 24 јули 1860 Иванчице, Моравија, Австриско Царство (денешна Чешка) |
Починал(а) | 14 јули 1939 Прага, Протекторат Чешка и Моравија | (возр. 78)
Националност | Чех |
Образование | Минхенска ликовна академија академија „Жилијан“ академија „Колароси“ |
Познат(а) по | сликарство, илустрација, украсување |
Значајни дела | „Словенска епопеја“ |
Правец | арт нуво |
Детство и младост
уредиМуха е роден во Иванчице, Моравија. Иако бил надарен за пеење, цртањето му била главна разонода уште од мали нозе. Работел како украсувач низ Морација, сликајќи претежно сценографија. Во 1879 г. се преселил во Виена и се вработил во големото Виенско сценографско студио и неформално продолжил со унапредување во ликовното образование. Во 1881 г. студиото било уништено во пожар, па Муха се вратил во Моравија и самостојно продолжил да работи како украсувач и портретист. Грофот Карл Куен од Микулов го најмил Муха да наслика мурали во замокот Емахоф во Хрушовани и му оставил така силен впечаток, што решил да му го плати формалното образование во Минхенската ликовна академија.
Во 1887 г. Муха се преселил во Париз и ги продлжил студиите во академиите „Жилијан“ и „Колароси“. Воедно работел како илустратор на списанија и реклами. Во 1894 г. случајно се нашол во печатница која ненадејно имала потреба од илустратор на плакат за претставата Жисмонда од Викторјен Сарду, во која играла најпознатата париска глумица во тоа време — Сара Бернар. Муха се пријавил и за две недели направил литографски плакат кој успеал да привлече многу внимание од јавноста.[2] Бернарт била презадоволна од успехот на претставата, па затоа склучила шестгодишен договор со Муха.
Муха продолжил со плодна работа и создал многу плакати, реклами и илустрации за книги, нацрти за накит, теписи, тапети и сценографија. Стилот во којшто творел отпрвин се нарекувал „Мухин стил“, а подоцна го добил името арт нуво („нова уметност“). Во своите дела, Муха често цртал прекрасни девојки облечени во лелеава облека со неокласичн изглед, опкружени со раскошно цвеќе кое напати образува ореол зад главите на девојките. За разлика од своите современици во професијата, Муха користел бледи пастелни бои.[3]
Стилот на Муха дошол до меѓународен израз на Светска изложба во Париз во 1900 г., за која Муха се искажал „Сметам дека [изложбата] даде свој придонес за приближувањето на естетските вредности кон уметностите и занаетите.“[4] Го украсил павилјонот на Босна и Херцеговина и соработувал во украсувањето на Австрискиот павилјон. Неговиот стил уживал голема популарност и често бил имитиран. Сепак, Муха цел живот настојувал дека неговиот стил е посебен, дека нема врска со подоцнежниот арт нуво и дека не следи мода, туку дека е производ на неговото лично творештво и чешката уметност воопшто.[2] Изјавил дека уметноста постои исклучиво за да соопштува духовни пораки и ништо повеќе од тоа. Затоа, бил разочаран од успехот на неговите рекламни дела, кои го одземале вниманието за сметка на неговите поозбилни уметнички потфати.
Брак
уредиМуха се оженил со Марушка (Марија) Хитилова во 1906 г. во Прага. Од 1906 до 1910 г. патувале го посетиле САД и таму се родила ќерката Јарослава. Во 1915 г. го добиле и синот Јиржи, кој подоцна станал новинар, писател, сценарист и автор на автобиографски романи и стручна литература за делата на татка си. Во САД од Муха се очекувало да заработува за да ги финансира националистичките проекти со цел да покаже дека не е „продадена душа“.[2] Во ова му помогнал милионерот Чарлс Р. Крејн, кој своето богатство го посветувал на помагање на разни револуции и словенскиот национализам.
Во 1910 г. Муха се вратил во Прага, каде украсил театар и сликал мурали насликал муралите во канцеларијата на градоначалникот и други важни зданија во градот. Со стекнувањето на независност и создавањето на Чехословачка по Првата светска војна, владата го назначила Муха за цртач на поштенски марки, банкнотите и други државни документи.
Le Pater
уредиМуха го сметал неговото пишано дело Le Pater (1899) за негово ремек-дело на печатената графика и изјавил дека во него „ја истурил својата душа“. Во делото, тој се осврнува на молитвата „Оче наш“ од окултен аспект, издавајќи само 510 примероци.[5]
„Словенска епопеја“
уредиМуха провел многу години работејќи на своето големо ремек-дело „Словенска епопеја“ (Slovanská epopej), кое претставува низа од дваесет огромни слики кои ја обработуваат историјата на Чесите и Словените воопшто. Желбата за монументален уметнички дар за словенските народи ја негувал уште од детството и, во 1928 г. го подарил делото на градот Прага. Од 1963 до 2012 г. овој ликовен циклус бил изложен во замокот во Моравски Крумлов во Јужноморавскиот крај, а потоа е префрлен во дворецот Велетржни на Националната галерија во Прага.[6]
-
Словенска епопеја бр.1: Словените во нивната прататковина (1912)
-
Словенска епопеја бр.2: Прослава на Световид (1912)
-
Словенска епопеја бр.3: Воведување на словенската литургија во Велика Моравија (1912)
-
Словенска епопеја бр.4: Бугарскиот цар Симеон I (1923)
-
Словенска епопеја бр.5: Чешкиот крал Пшемсил Отакар II (1924)
-
Словенска епопеја бр.6: Крунисување на српскиот цар Стефан Душан (1926)
-
Словенска епопеја бр.7: Јан Милич од Кромјержиж (1916)
-
Словенска епопеја бр.8: Јан Хус се моли во Витлеемската капела: Вистината победува (1916)
-
Словенска епопеја бр.9: Средбата на Кшишки (1916)
-
Словенска епопеја бр.10: По битката кај Гринвалд (1924)
-
Словенска епопеја бр.11: По битката кај Витков (1916)
-
Словенска епопеја бр.12: Петар Хелчицки (1918)
-
Словенска епопеја бр.13: Хуситскиот крал Јиржи Подјебрадски (1923)
-
Словенска епопеја бр.14: Одбраната на Сигет од Турците под водство на Никола Зрински (1914)
-
Словенска епопеја бр.15: Штампање на Краличката библија во Иванчице (1914)
-
Словенска епопеја бр.16: Јан Амос Коменски (1918)
-
Словенска епопеја бр.17: Света гора Атонска (1926)
-
Словенска епопеја бр.18: Заклетва на Омладината под словенската липа (1926)
-
Словенска епопеја бр.19: Укинување на ропството во Русија (1914)
-
Словенска епопеја бр.20: Апотоеза на историјата на Словенството (1926)
Смрт
уредиСо подемот на фашизмот во доцните 1930-ти, словенските националистички дела на Муха биле прогласени за реакционерни во печатот. Со навлегувањето на германската војска во Чехословачка во пролетта 1939 г. Муха бил еден од првите што се нашле на списокот за апсење на Гестапо. За време на сослушувањата, Муха, кој веќе бил старец, се разболел од пенвмонија. Подоцна агентите го пуштиле, но Муха бил веќе ослабен и болен, и починал на 14 јули истата година. Погребан е на Вишеградските гробишта во Прага.[1]
Оставнина
уредиИако денес ужива голема популарност, на крајот од животот Муха се сметал за старомоден. Неговиот син посветил значаен дел од својот живот на популаризирање на татковите дела. Комунистичките власти во Чешословачка не покажале интерес за делата на Муха, па „Словенска епопеја“ завршила во склад, каде се чувала цели 25 години. Делото е конечно исложено во 1963 г. во Моравски Крумлов, по што е отворен и музеј на Муха под раководство на неговиот внук.[2]
Интересот за творештвото на Муха меѓу илустраторите и уметниците заживувал неколкупати, а особено силно во 1960-тите, како дел од интересот за сецесијата воопшто.
Галерија
уреди-
Бисквити „Лефевр-Итил“
-
Пива на Меза
-
Византиски глави: Калеша
-
Цигари „Жоб“
-
Поезија
-
Зодијак
-
Илустрација од Le Pater
-
Витраж во катедралата „Св. Вид“ во Прашкиот замок
-
Плакат за Австрискиот павилјон (1900)
-
Литографија за печатарот и уредник Ф. Шампеноа (1897)
-
Автопортрет (1909)
-
Плакат со Мод Адамс во улога на Јованка Орлеанка (1909)
-
Јарослава, ќерката на Муха (1924/25)
-
Судбина
-
Внатрешност на златарскиот дуќан „Жорж Фуке“ во Париз
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Mucha, Noted Artist, Dropped First Name; Death Due To Shock Caused By Germans' Seizure Of Prague“. New York Times. 18 July 1939. Посетено на 20 April 2008.
The artist Mucha—he always signed his work without his given name, which he preferred to ignore—died here ...
(бара претплата) - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Вовед во делата на Алфонс Муха и движењето арт нову Архивирано на 16 април 2016 г., предавање на Ијан Џонстон од универзитетскиот колеџ „Маласпина“ (англиски)
- ↑ Anna Dvorak. “Illustrations for Books and Periodicals.”, page 134 in Alphonse Mucha: The Complete Graphic Works. Ed. Anne Bridges. NY: Harmony, 1980.
- ↑ Alphonse Mucha;Documents Decoratifs 1902
- ↑ The Sun newspaper, 5 January 1900, наведен во „Alphonse Mucha“. Century Guild Gallery. Архивирано од изворникот на 27 August 2013.
- ↑ Jiřičná, Klára (16 May 2012). „Slav Epic finally on display“. The Prague Post. Архивирано од изворникот на 29 July 2014.
Надворешни врски
уреди„Алфонс Муха“ на Ризницата ? |
- Напис за животот и творештвото на Алфонс Муха Архивирано на 25 октомври 2015 г. — МКД (македонски)
- Задолжбина „Муха“ (англиски)
- Музеј на Муха - Прага
- Дела на Алфонс Муха — Центар за уметничка возобнова (ARC) (англиски)