Џон Њутон
Џон Њутн (англиски: John Newton, 24 јули 1725 - 21 декември 1807) бил англиски свештеник познат како автор на лирската песна Amazanig Grace (Зачудувачка Божја милост).
Роден во Вепинг, Англија 1725 година. роден во Вепинг, Англија 1725 година. Бил трговец со робови. Пресврт во неговиот живот и негово божјо просветлување настанал после една ужасна бура на море, во една ноќ 1746 година. Од тој момент целиот свој живот го посветил кон Бога. Инспириран од текст во Стариот завет ( Летописи 1 ,(17:16-18)) ja напишал песната посветена како химна кон Бога Faith's revive and expectation. Тоа е денеска прочуената лирска песна "Amazing Grace". На истата песна, подоцна, од непознат автор е компонирана и музика и истата станала вистинска семејна химна за Бога во Англија и во САД, а подоцна се расширила ширум светот. Химната е изведувана од голем број на познати музичари: Елвис Присли, Крист Томлин, Арета Френклин, Нана Мускури, Мајкл Џексон и многу други. Посебно се впечатливи нејзините изведби од познати оркестри на шкотските и ирските гајди.Препознатлива е секаде во светот и се смета за една од најубавите песни посветени кон Бога и неговата Божја милост, и постана вистинска химна кон Божјата милозливост и љубов кон човекот.