Тито Беличанец
Тито Беличанец (Скопје, 24 јули 1946) — македонски правник, редовен професор на Правниот факултет во Скопје и публицист.[1]
Животопис
уредиБеличанец е роден во Прилеп на 24 јули 1946 година. Води подалечно потекло од селото Белица, по што го добил и презимето. Основно училиште и гимназија завршил во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во учебната 1968/69 година на Управно-политичката насока[2]. До 1970 година работел во Републичката конференција на Сојузот на младината на Македонија, како стручен соработник. На 1 март 1970 година бил примен за приправник-стажант на Правниот факултет во Скопје, a во јуни истата година бил избран за асистент по предметот организација и самоуправување во работните организации. Во 1973 година последипломски студии на Правниот факултет во Скопје ги завршил со одличен успех, ја одбранил магистерската теза „Моќта во самоуправната организација” и се стекнал со звањето магистер на политичките науки. На 19 октомври 1979 година ја одбранил докторската дисертација под наслов: „Институционалните облици на самоуправно здружениот труд” и се стекнал со звањето доктор од областа на правните науки. Во 1977 година бил избран за предавач и држел предавања на правните факултети во Скопје и во Битола. Во декември 1979 година бил избран за доцент ,во 1985 -за вонреден професор на научната област самоуправно здружен труд. Кон крајот на 1991 година бил избран за редовен професор на научната област на деловното право. Раководител е на посдипломските студии по „Деловно право” на Правниот факултет. Учествувал во многубројни научноистражувачки прокти. Објавил неколку монографии и коментари на закони кои се рецензирани при изборот на вонреден и редовен професор. Член е на стручни и општествени тела во Македонија. Од 1986 до 1991 година бил член, a подоцна и потпретседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ и претседател на Комисијата за односи со верските заедници. Од март 1998 година е член на Венецијанската комисија на Советот на Европа. Во текот на 1981/82 и 1982/83 година бил декан на интердициплинарните студии по новинарство. Во текот на учебната 1983/84 година и 1984/85 година бил продекан на Правниот факултет во Скопје. Член е на Претсеталеството на Здружените на правници во стопаството на Македонија и претседател на Советот на Центарот за трговско право во рамките на проектот на USAID. Беличанец живее во Скопје.
Библиографија
уредиБеличанец има издадено голем број на трудови и публикации:[3]
- Приватизацијата на општествениот капитал во Република Македонија, студија од група автори од Правниот факултет, издание на Правниот факултет во Скопје, септември 1991;
- Модели на општи акти на друштвата во мешовита сопственост, “Ким Консалтинг”, Скопје, 1991;
- Кибернетско изразување на нормативните акти, Годишник на Правниот факултет, том 35, 1992/93;
- Кон новиот концепт на работното законодавство на Република Македонија, ЗПСМ, Струга, 1993;
- Коментар на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал со модели на акти за негова примена, “Ким Консалтинг” во соавторство со проф. д-р Милан Недков, Скопје, 1993;
- Колективните акти и колективните договори, ЗПСМ, Струга, 1994;
- Приватизација на градежно земјиште - правни аспекти, член на групата автори од Правниот факултет што ја подготви студијата, издание на Правниот факултет, 1994;
- Странските вложувања и трансформацијата на претпријатијата со општествен капитал, ЗПСМ, Охрид, 1994;
- Приватизацијата како процес на трансформација на претпријатијата со општествен капитал во друштва на капитал, Европската недела на правото, Правен факултет, Скопје, 1994;
- Работните односи, Законот за работни односи со модели на акти за негова примена, заедно со д-р Благоја Брајановски и Стојан Трајанов, “Ким Консалтинг”, Скопје, 1994;
- Предлог на Законот за трговските друштва (работен текст) и разрешувањето на некои дилеми во врска со видовите на трговските друштва, ЗПСМ, Охрид, 1995;
- Запишувања во судскиот регистар кои произлегуваат од спроведувањето на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, Коментар, “Ким Консалтинг”, Скопје, 1995;
- Статусот на имател на акции во акционерско друштво - стекнување на статусот на акционер и неговите права и обврски, ЗПСМ, Струга, 1996;
- Законот за трговските друштва, “Ким Консалтинг”, Скопје, 1996;
- Трудово право, (учебник) издание на Правниот факултет во Скопје, заедно со д-р Гзиме Старова, 1996;
- Стечајниот план како новина во стечјната постапка, ЗПСМ, Охрид, 1997;
- Преструктурирање на управувањето со претпријатијата, Трет Експертски форум, Охрид, 1997;
- Арбитражата во работните односи, ЗПСМ, Охрид, 1997;
- Интернационална енциклопедија за компаративно право, изадвач, International association of legal science, Хамбург, Сојузна Германија, (на англиски), 1998;
- Модел на Статут на акционерско друштво, ЗПСМ, Охрид, 1998;
- Закон за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал - некои концепциски и правни аспекти, Охрид, 1999;
- Примената на Законот за трговските друштва и неговата натамошна доградба, Work shop, Меѓународна средба во Охрод, 2000;
- Управување со друштвата, ЗПСМ, Охрид, 2000, Приватизација на установите, ЗПСМ, 2001.
Наводи
уреди- ↑ Македонска библиографија: Статии и прилози (2. изд.). Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. 1980.
- ↑ Blagoja Drnkov (1969). Univerzitet vo Skopje: 1949-1969. UKIM.
- ↑ „Тито беличанец“. Правен факултет „Јустинијан I“ -Скопје. Посетено на 2010-12-03.[мртва врска]