Меѓународен ден на мајчиниот јазик
Меѓународен ден на мајчиниот јазик — ден на кој се одбележува мајчиниот јазик во земјите. Прогласен е на XXX седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 г, именувајќи го 21 февруари — ден на кој се одржани драматичните протести за бенгалскиот јазик. Во 2000 г, овој датум е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност.
Според статистичките податоци, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови од светот.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Светот го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик“. Македонска информативна агенција. Посетено на 21 февруари 2010.
Надворешни врски
уреди- Меѓународен ден на мајчиниот јазик Архивирано на 24 февруари 2007 г. — УНЕСКО (англиски)
- Информативни ресурси — ООН (англиски)