Мухамед Халили
Мухамед Невзат Халили (алб.: Muhamed Halili; Џепчиште, тетовско, 21 февруари 1951) е македонски политичар и еден од главните водачи на ПДП.
Животопис
уредиХалили е роден на 21 февруари 1951 горина во тетовското село Џепчиште. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје на Катедрата за француски јазик и литература. Работел како професор по француски во средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Поради залагање за поголеми политички права на Албанците во СРМ, како член на СКМ бил казнет со опомена. На првите демократски парламентарни избори бил избран за пратеник во 1991 година. Бил министер без ресор во Владата на Македонија од 20 декември 1994 до 23 февруари 1996, а потоа амбасадор на Македонија во Данска (именуван на 16 мај 1996). Учествувал во првиот круг на вторите претседателските избори на 31 мај 1999 година. Моментално е амбасадор во кралството Белгија[1].
Наводи
уреди- ↑ „Назначени амбасадори во Белгија, Романија и Хрватска“. А1. 7 март 2008. Посетено на 2009-11-02.
Надворешни врски
уреди- Биографија Архивирано на 7 јануари 2009 г.