Андреас Сепи
Андреас Сепи (роден на 21 февруари 1984 во Болцано, Италија) — италијански професионален тенисер.
Андреас Сепи | |
---|---|
Земја | Италија |
Место на живеење | Калтерн дер Веинстрабе, Италија |
Роден на | 21 февруари 1984 |
Роден во | Болцано, Италија |
Спорт | Тенис |
Висина | 1.90 м |
Професионалец | 2002 |
Игра со | • десна рака • дворачен бекхенд |
Заработка | $ 5,798,427 |
Веб-сајт | andreasseppi.com |
Поединечно | |
Победи-порази | 244–262 |
Титули | 3 |
Највисок пласман | Бр. 18 (28 јануари 2013) |
Сегашен пласман | Бр. 36 (23 јуни 2014) |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | 4R (2013) |
Ролан Гарос | 4R (2012) |
Вимблдон | 4R (2013) |
УС Опен | 3R (2008, 2013) |
Во двојки | |
Победи-порази | 82-153 |
Титули | 0 |
Највисок пласман | Бр. 50 (14 април 2014) |
Сегашен пласман | Бр. 59 (23 јуни 2014) |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | QF (2009) |
Ролан Гарос | 2R (2009, 2013) |
Вимблдон | 3R (2012) |
УС Опен | QF (2011) |
Ажурирано на: 15 July 2013. |
Негово највисоко место на АТП листата е 18-то место кое го достигнал во јануари 2013 година, и тој е во моментов втор најдобро пласиран италијански играч. (по Фабио Фоњини). Во својата кариера, Сепи има освоено три АТП титули.
Тениска кариера
уредиРани години
уредиСепи станал професионалец во 2001, играјќи главно на фјучерс и челинџер турнири првите три натпреварувачки сезони. Тој го освоил својот прв фјучерс турнир во 2003, во Минхен, Германија, остварувајќи победа над германецот Ларс Ибел. Покрај тоа, тој успеал да се квалификува во главниот ждреб на АТП турнирите во Кицбиел и Букурешт, каде бил поразен од Оливер Мутис и Хосе Акасусо, редоследно.
Во 2004, Сепи го остварил својот прв настап за Италија во Дејвис Купот против Грузија, и бил поразен од Иракли Лабаџе во пет сета. Два месеца подоцна, на турнирот во Хале, Сепи успеал да стигне до второто коло во кое бил поразен од Фернандо Вердаско, откако во првото коло забележал победа над Николај Давиденко. Во Кицбиел, Сепи не успеал да искористи 10 меч топки за победа против Рајнер Шитлер и бил поразен во второто коло на турнирот. Неколку недели подоцна, Сепи успеал да му се реваншира на Шитлер за овој пораз. Во својот прв Гренд слем настап на Отвореното првенство на САД, како квалификант, тој го победил Шитлер, и покрај тоа што ги загубил првите два сета.[1]
Сепи ја завршил 2005 година за првпат во првите 100 играчи на АТП листата. Тој успеал да се квалификува во главниот ждреб на четири Мастерс турнири, а најдобриот настап го остварил на Мастерсот во Хамбург, каде стигнал до четвртфиналето во кое бил поразен од Ришар Гаске. Во првото коло на Мастерсот во Монте Карло, тој остварил победа над шпанецот Фелисијано Лопес, но во второто коло бил поразен од Давид Ферер. Во Дејвис Купот, Сепи успеал да се врати од два сета негатива и славел победа над Хуан Карлос Фереро, а потоа во одлучувачкиот двобој бил поразен од Рафаел Надал. По овој натпревар, Сепи играл на турнирот во Палермо каде успеал да стигне до своето прво АТП полуфинале во кариерата, победувајќи го бранителот на титулата, Томаш Бердих, за потоа во полуфиналето да загуби од Игор Андреев.
2006–2007
уредиВо 2006, Сепи стигна до полуфиналната фаза на турнирите во Сиднеј на тврда подлога и во Нотингем на трева, покажувајќи дека е способен да игра и на други подлоги освен на земја. Во Сиднеј, тој ја завршил серијата од четири последователни титули на Лејтон Хјуит победувајќи го во четвртфиналето и притоа спасувајќи две топки за победа на противникот. На својот прв настап на Отвореното првенство на Австралија, Сепи загубил уште во првото коло тесно во пет сета од Јанко Типсаревиќ.
Сезоната на земја, Сепи ја започнал на Отвореното првенство на Валенсија, каде забележал две победи во првите две кола, но во четвртфиналето бил поразен од Жил Симон. Еден месец подоцна, на Мастерсот во Хамбург, во првото коло, Сепи бил подобар од Станислас Вавринка, а потоа во второто коло бил лесно совладан од Николај Давиденко. На својот прв настап на Францускиот Гренд слем, Сепи повторно бил поразен во првото коло во натпревар во пет сета, овојпат од Евгениј Корољов.
На Вимблдон, Сепи успешно го поминал првото коло, победувајќи го Џејми Бејкер, но во второто коло бил поразен од Андре Агаси, за кој тоа било последен натпревар на терените на сеанглискиот клуб. До крајот на сезоната Сепи не забележал некој посериозен резултат и годината ја завршил на 74-то место на АТП листата.
На почетокот на 2007, Сепи успеал да победи во првото коло на Австралискиот гренд слем, остварувајќи победа над Боби Рејнолдс во пет сета во натпревар кој траел четири часа и во кој спасил една меч топка. Во второто коло, тој бил поразен од Флоријан Мајер.
Два месеца подоцна, Сепи успеал да стигне до финалето на челинџер турнирот во Санрајз, Флорида, САД, во кое бил поразен од Гаел Монфис. На патот до финалето тој остварил победи над Густаво Куертен, Хуан Мартин дел Потро и Николас Масу. На наредните два гренд слема, Сепи најпрво бил поразен уште во првото коло на Отвореното првенство на Франција од Карлос Моја, а потоа на Вимблдон стигнал до второто коло во кое бил поразен од Фернандо Вердаско.
Лошите резулати Сепи ги прекинал со пласманот во финалето на турнирот во Гштад, во кое бил поразен од французинот Пол-Анри Матје. Следен турнир за Сепи бил турнирот во Кицбиел, каде тој успеал да слави победи над Фелисијано Лопес, Хуан Карлос Фереро и Фабио Фоњини за во четвртфиналето да биде поразен од Потито Стараче. Кон крајот на годината, Сепи стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на Виена кое се игра во сала, но бил поразен од Новак Ѓоковиќ. Тој годината ја завршил на 50-то место на АТП листата.
2008–2010
уредиНовата сезона Сепи ја започнал со победата над Жо-Вилфрид Цонга на турнирот во Сиднеј. Сепак во второто коло тој бил поразен од Радек Штепанек. На Отвореното првенство на Австралија, италијанецот стигнал до второто коло во кое бил поразен од Михаил Јужни. Две недели подоцна, Сепи успеал да ја освои својата прва челинџер титула, во Бергамо, остварувајќи победа во финалето над Жулијен Бенето.
Тој стигнал до четвртфиналето на турнирот во Ротердам откако претходно во второто коло ја забележал неговата најголема победа во кариерата, победувајќи го Рафаел Надал. Во четвртфиналето, тој загубил од Робин Седерлинг. Сепи стигнал до својот најдобар пласман на турнирите од АТП Мастерс 1000 серијата, на Мастерсот во Хамбург, каде успеал да стигне до полуфиналето во кое бил поразен од Рожер Федерер, откако претходно забележал победи над Ришар Гаске, Хуан Монако и Николас Кифер.
На Отвореното првенство на Франција, Сепи лесно бил поразен уште во првото коло од Марио Анчиќ. Потоа, на Вимблдон, Сепи во првото и второто коло забележал победи над Тобиас Камке и Флорент Сера, но во третото коло доживеал пораз од двократниот гренд слем шампион, Марат Сафин. На последниот гренд слем во годината, на Отвореното првенство на САД, Сепи повторно стигнал до третото коло, но бил поразен од Енди Родик. Тој годината ја завршил на 35-то место на АТП листата со резултат од 30 победи и 30 порази.
Во 2009, Сепи стигнал до полуфиналето на турнирите во Белград и Умаг на земјена подлога, и успеал да ја освои својата втора челинџер титула во кариерата, во Сан Марино, победувајќи го Потито Стараче во финалето.
Во 2010, Сепи стигнал и до својата трета челинџер титула во кариерата, во Кицбиел, оставрувајќи победа во финалето над романецот Виктор Кривој. Покрај тоа, Сепи стигнал и до полуфиналето на турнирите во Хамбург и Умаг, но бил поразен од Јирген Мелцер и Хуан Карлос Фереро редоследно. Тој годината ја завршил на 52-то место на АТП листата, што било за три места полошо од 2009 година.
2011–2012: Пробив
уредиСепи ја започнал новата сезона со поразот во првото коло на Отвореното првенство на Катар од Филип Колшрајбер. На турнирот во Сиднеј, италијанецот ја забележал првата победа во годината славејќи победа над Денис Истомин, но во второто коло бил поразен од Ришар Гаске. На Отвореното првенство на Австралија, Сепи стигнал до второто коло, во кое бил поразен од Жо-Вилфрид Цонга. Веднаш по настапот во Мелбурн, Сепи вторпат во кариерата го освоил челинџер турнирот во Бергамо, овојпат победувајќи го Жил Милер.
Неколку месеци подоцна, Сепи ја освоил својата прва АТП титула во кариерата, на турнирот во Истбурн, на трева, каде во финалето бил поуспешен од Јанко Типсаревиќ. Добрата игра на трева, Сепи не успеал да ја продолжи на терените на Вимблдон и бил поразен во второто коло од Маркос Багдатис.
Во октомври, Сепи ја освоил и својата петта челинџер титула во кариерата, во белгиски Монс, остварувајќи победа над Жулијен Бенето во финалето. Сепи сезоната ја завршил со настапот на Мастерсот во Париз, каде откако успешно ги поминал квалификациите, забележал победи над Николај Давиденко и Николас Алмагро. Во третото коло тој бил поразен од Жо-Вилфрид Цонга.
Во 2012, Сепи успеал да стигне до својата втора АТП титула во кариерата, на Отвореното првенство на Србија победувајќи го Давид Налбандијан во полуфиналето и Беноа Пер во финалето. Во четвртфиналето на Мастерсот во Рим, Сепи забележал победа над Станислас Вавринка, откако во натпреварот успеал да спаси шест меч топки на противникот. Во полуфиналето тој бил поразен од Рожер Федерер.
За првпат во својата кариера, Сепи успеал да стигне до четврто коло на гренд слем, на Отвореното првенство на Франција, каде бил поразен од Светскиот Бр. 1, Новак Ѓоковиќ во пет сета.[2] Тој во првите три кола остварил редоследно победи над Николај Давиденко, Михаил Кукушкин и Фернандо Вердаско. На турнирот во Истбурн, Сепи не успеал да ја одбрани титулата и бил поразен во финалето од Енди Родик.
На Летните олимписки игри во Лондон, италијанецот успешно го поминал првото коло победувајќи го Доналд Јанг, но во второто коло доживеал пораз од Хуан Мартин дел Потро, кој подоцна го освоил бронзениот медал на олимпискиот турнир. На Отвореното првенство на САД, Сепи бил поразен уште во првото коло од Томи Робредо.
Сепи не успеал да ја освои титулата на Отвореното првенство на Мец и во финалето бил поразен од Жо-Вилфрид Цонга. На патот до финалето тој остварил редоследно победи над Иван Додиг, Винсент Мило, Флоријан Мајер и Гаел Монфис. Еден месец подоцна, на турнирот во Москва, италијанецот ја освоил својата трета АТП титула во кариерата, победувајќи го во финалето Томаш Белучи со 3–6, 7–6(7–3), 6–3. Последен турнир за Сепи во сезоната бил челинџер турнирот во италијанскиот град Ортизеи, каде тој стигнал до финалето во кое бил поразен од Бенјамин Бекер. Италијанецот сезоната ја завршил на 23-то место на АТП листата со остварени 38 победи и 27 порази.
Личен живот
уредиМајчин јазик на Сепи е Германскиот јазик, но тој исто така зборува и Италијански и Англиски јазик. Тој е навивач на фудбалскиот клуб Милан а негови прекари се Енди и Сепио, кои се доделени од страна на неговиот тренер, Масимо Сартори.[3] Неговата мајка, Марија Луиза е продавачка во продавница за спортска облека, а неговиот татко, Хуго работи во транспортен бизнис. Тој има помлада сестра, Марија. Негови хобија се играње фудбал и скијање. Додека растел негов идол бил рускиот тенисер Евгениј Кафелников.
Кога бил запрашан како успеал да загуби во четвртфиналето на турнирот во Кицбиел во 2007 од својот добар пријател Потито Стараче при водство од 6–1, 5–3, тој одговорил "Лесно: ако го победев кој ќе ме снабдуваше со филмови целата сезона?". На турнирот во Ротердам во 2008, публиката му запеала Happy Birthday на Сепи, откако тој забележал победа над Рафаел Надал. Кога бил запрашан дали очекува да стигне до полуфиналето откако бил извлечен да игра против Лејтон Хјуит а потоа против Рафаел Надал, Сепи одговорил "дека веднаш го чекирал својот авионски лет за во среда".[4]
АТП финалиња во кариерата
уредиПоединечно: 6 (3 титули, 3 финалист)
уреди
|
|
Исход | Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Финалист | 1. | 13 септември 2007 | Гштад, Швајцарија | Земја | Пол-Анри Матје | 7–6(7–1), 4–6, 5–7 |
Победник | 1. | 18 јуни 2011 | Истбурн, Велика Британија | Трева | Јанко Типсаревиќ | 7–6(7–5), 3–6, 5–3, пред. |
Победник | 2. | 6 мај 2012 | Белград, Србија | Земја | Беноа Пер | 6–3, 6–2 |
Финалист | 2. | 24 јуни 2012 | Истбурн, Велика Британија | Трева | Енди Родик | 3–6, 2–6 |
Финалист | 3. | 23 септември 2012 | Мец, Франција | Тврда | Жо-Вилфрид Цонга | 1–6, 2–6 |
Победник | 3. | 21 октомври 2012 | Москва, Русија | Тврда | Томаш Белучи | 3–6, 7–6(7–3), 6–3 |
Во двојки: 6 (6 финалист)
уреди
|
|
Исход | Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Партнер | Противници | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Финалист | 1. | 4 февруари 2006 | Загреб, Хрватска | Тврда | Давиде Сангуинети | Јарослав Левински Михал Мертињак |
6–7(7–9), 1–6 |
Финалист | 2. | 18 јули 2010 | Баштад, Шведска | Земја | Симоне Вањоци | Роберт Линдстед Хорија Текау |
4–6, 5–7 |
Финалист | 3. | 10 октомври 2010 | Токио, Јапонија | Тврда | Дмитриј Турсунов | Ерик Буторак Жан-Жулијен Роџер |
3–6, 2–6 |
Финалист | 4. | 7 јануари 2011 | Доха, Катар | Тврда | Даниеле Брачиали | Рафаел Надал Марк Лопес |
3–6, 6–7(4–7) |
Финалист | 5. | 16 јуни 2011 | Истбурн, Велика Британија | Трева | Григор Димитров | Џонатан Ерлих Енди Рам |
3–6, 3–6 |
Финалист | 6. | 6 октомври 2013 | Пекинг, Кина | Тврда | Фабио Фоњини | Макс Мирњи Хорија Текау |
4-6, 2-6 |
Челинџери и фјучерси
уредиЧелинери (6) |
Фјучерси (1) |
Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
1. | 20 јануари 2003 | Минхен | Тепих | Ларс Ибел | 6–4, 7–5 |
2. | 4 февруари 2008 | Бергамо | Тврда | Жулијен Бенето | 2–6, 6–2, 7–5 |
3. | 3 август 2009 | Сан Марино | Земја | Потито Стараче | 7–6(7–4), 2–6, 6–4 |
4. | 2 август 2010 | Кицбиел | Земја | Виктор Кривој | 6–2, 6–1 |
5. | 7 февруари 2011 | Бергамо | Тврда | Жил Милер | 3–6, 6–3, 6–4 |
6. | 9 октомври 2011 | Монс | Тврда | Жулијен Бенето | 2–6, 6–3, 7–6(7–4) |
7. | 4 ноември 2013 | Ортизеи | Тврда | Симон Гројл | 7–6 (4) 6-2 |
Наводи
уреди- ↑ „Qualifiers making major impact at Open“. ЕСПН. 15 мај 2008.
- ↑ „Andreas Seppi“. Посетено на 2012-06-04.
- ↑ „Andreas papapetrouprofile“. ATP. 15 May 2008.[мртва врска]
- ↑ „Seppi defeats Nadal ABN AMRO WTT Rotterdam and on court interview“. YouTube. 15 мај 2008.
Надворешни врски
уреди„Андреас Сепи“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место Архивирано на 4 февруари 2005 г.
- Андреас Сепи Профил на мрежното место на АТП (англиски)
- Андреас Сепи на официјалното мрежно место на Дејвис купот