Отвори го главното мени

Филип Ентони Фил Џонс (англиски: Phil Jones) е англиски фудбалер, играч од одбраната на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација.

Фил Џонс
Phil Jones 2018-06-28 1.jpg
Лични податоци
Роден на 21 февруари 1992
Роден во Престон, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Број 4
Младинска кариера
Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2011 Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс 35 (0)
2011- Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 161 (2)
Репрезентација
2011- Англија Англија 27 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

КариераУреди

Пред почетокот на својата кариера Џонс играл и за своето средно училиште.

Блекбурн РоверсУреди

Џонс пристигнал во Академијата на Блекбурн во 2002 година. Тој бил префрлен во првиот тим на Роверс пред почетокот на сезоната 2009-2010 во Премиер лигата,откако потпишал двегодишен професионален договор и го зел дресот со број 28. Тој дебитирал за Блекбурн Роверс во официјален натпревар на 22-ри септември 2009 против Нотингем Форест во Лига Купот. Во фебруари 2010 тој потпишал нов договор,сега на пет години со излезна клаузула од 16 милиони фунти.Џонс својот прв старт во Премиер лигата го имал на 21 март 2010 во ремито на Блекбурн против Челзи на Ивуд Парк. Сезоната 2009-2010 тој ја завршил со 9 настапи во лигата.Наредната сезона почнала доста амбициозно за Фил откако тој се најде во стартниот состав на Роверси на отворањето на сезоната против Евертон.Тој играше и во катастрофата на неговиот тим на Олд Трафорд каде Манчестер Јунајтед го победи Блекбурн со 7:1. Џонс и при тој резултат се однесувал многу пристојно и се борел докрај за секоја топка спречувајќи ги напаѓачите на Манчестер Јунајтед да постигнат уште голови. Со таа своја борбеност тој го имресионирал менаџерот на Јунајтед Сер Алекс Фергусон кој сакал да го доведе во јануари, но трансферот не успеал. Сепак во продолжението од сезоната Џонс неуспеал во целост да ги покаже својте квалитети бидејќи се соочил со тешка повреда. Тој ги скинал лигаментите на коленото во декември во натпреварот против Вест Хем Јунајтед поради што го морал да пропушти поголемиот дел од сезоната, а по некој првични проценки се сметало дека сезоната за него ќе биде завршена. Сепак, тој се вратил во тимот кон крајот на март во ремито 2-2 против Блекпул. Со својата одлична игра во одбрана тој му помагнал на својот тим да опстане во лигата во сезоната 2010-2011.

Манчестер ЈунајтедУреди

Тоа што не му успеало на Сер Алекс Фергусон во јануари му успеало во јуни кога Џонс сепак станал фудбалер на Манчестер Јунајтед. На 13 јуни Џонс потпишал петгодишен договор со клубот во трансфер вреден 16.5 милиони фунти. Тој исто така отпатувал со тимот и на потготовките во САД. Своето деби во официјален натпревар за Јунајтед го имал во ФА Комјунити Шилд натпреварот против градскиот ривал Манчестер Сити кога влегол како замена на полувремето на местото на Рио Фердинанд. Своето деби во Премиер лигата во дресот на Јунајтед го имал една недела подоцна против Вест Бромвич Албион.

ТитулиУреди

  Манчестер ЈунајтедУреди

Надворешни врскиУреди