Клаудија Валоа
Клаудија Валоа (француски: Claude Valois) била француска принцеза, ќерка на францускиот крал Анри II и Катерина Медичи. Таа е родена на 12 ноември 1542 година во Фонтенбло, Франција. Детските години ги поминала заедно со својата поголема сестра Елизабета Валоа, идната кралица на Шпанија, и со својата снаа, идната Марија Стјуард, кралица на Шкотска.
Клаудија Валоа | |
---|---|
Војвотка од Лорен | |
Сопружник | Шарл III |
Династија | Лотаринска династија Династија Валоа |
Татко | Анри II |
Мајка | Катерина Медичи |
На 19 јануари 1559 година се омажила за Шарл III, со кој имала девет деца. Починала за време на раѓањето на своето последно дете на 21 февруари 1575 година.