Џон Чарлс
Вилијам Џон Чарлс (27 декември 1931 - 21 февруари 2004) бил велшки фудбалер, напаѓач, посебно запаметен при настапите за Лидс Јунајтед и Јувентус.
Џон Чарлс | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Вилијам Џон Чарлс | ||
Роден на | 27 декември 1931 | ||
Роден во | Свонзи, Англија | ||
Починал на | 21 февруари 2004 (72 години) | ||
Починал во | Вејкфилд, | ||
Држава | Велс | ||
Висина | м | 1,88||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 1972 (41 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Свонзи Таун | |||
Лидс Јунајтед | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1948-1957 | Лидс Јунајтед | 297 | (157) |
1957-1962 | Јувентус | 155 | (108) |
1962 | Лидс Јунајтед | 11 | (3) |
1962-1963 | Рома | 10 | (4) |
1963-1966 | Кардиф Сити | 69 | (18) |
1966-1971 | Херефорд Јунајтед | 173 | (80) |
1972-1974 | Мертир Тајдфил | ||
Репрезентација ‡ | |||
1950-1965 | Велс | 38 | (15) |
Раководител на екипите | |||
1967–1971 | Херефорд Јунајтед (играч-менаџер) | ||
1972–1974 | Мертир Тајдфил (играч-менаџер) | ||
* Ажурирано на: 6 јануари 2012 ** Ажурирано на: 6 јануари 2012 |
Неговиот прекар бил Il Gigante Buono (превод на мак. добриот џин).
Неговиот брат, Мел Чарлс и внукот (син на брат му) Џереми Чарлс, исто така, настапувале за велшката репрезентација. Неговиот прав внук, Џејк Чарлс, во моментов игра за Хадерсфилд Таун, и настапува за младите репрезентации на Велс.
Технички одлики
уредиОценет од страна на многумина како најголемиот all-round играч кој доаѓа од Велика Британија,[1] бидејќи тој бил подеднакво вешт и во врвот на нападот но и како централен дефанзивец. Поради неговата висина, фигура, и сила, се истакнал со добра игра во воздухот, иако тој бил и плоден стрелец кога е во прашање играта со нога, поради неговиот моќен и прецизен шут. И покрај неговата конструкција, тој исто така бил брз играч надарен со добра техничка способност и одлични додавања, кои му дозволувале да постигнува многу голови но и да создава шанси за гол за својте соиграчи.[2] Тој е вклучен во 100-те легенди на фудбалската лига и бил примен во Куќата на славните на англискиот фудбал.
Тој никогаш не добил жолт или црвен картон во текот на целата негова кариера,[3] што се должело на неговата филозофија никогаш да не ги удира или намерно повредува противничките играчи.
Биографија и кариера
уредиЏон Чарлс е роден во реонот Кумбурла на градот Свонзи на 27 декември 1931. Уште како дете, Чарлс станал заинтересирани за фудбалот, често играјќи со неговиот брат Мел. За време на својте училишни денови, Чарлс се зачленил во секторот фудбал при училиштето кој бил под покровителство на клубот Свонзи Таун. На возраст од 14 години, Чарлс бил повикан во главниот тим на Свонзи, но затоа што бил на многу рана возраст, тој не одиграл ниту еден натпревар за клубот, всушност, не бил регистриран дури и на клупата.
Лидс Јунајтед
уредиЕден ден, додека играл за Гендрос, локален младински клуб, тој бил забележан од страна на скаути на англискиот клуб Лидс Јунајтед и бил повикан на проби во клубот во септември 1948. Откако импресионирал на пробите, клубот од Јоркшир му понудил договор на 17-годишниот Чарлс. Тој првично играл за вториот тим на Лидс, каде што тренер бил Мејџор Бакли кој го поставил велшанецот на неколку позиции како десен бек, внатрешен играч од средниот ред, па дури и лево крило.
Своето деби за првиот тим на Лидс, Чарлс го имал на 19 април 1949 во пријателски натпревар против екипата на Квин оф д Саут, играјќи како централен одбранбен играч пред околу 20.000 навивачи. Натпреварот завршил со резултат 0-0. Во истиот месец, Чарлс дебитирал во англиското првенство во натпреварот против Блекбурн Роверс, играјќи исто така како централен дефанзивец. Еден ден, поради повредите на неколку играчи Чарлс бил испратен на позицијата напаѓач и веќе во вториот свој натпревар на таа позиција постигнал два гола, што предизвикало големи контроверзии кај тренерскиот персонал околу тоа каква улога му се дава на Џон. Сепак, тој Чарлс во одбраната сè до сезоната 1952-1953, во која на Лидс му се приклучил одличниот дефанзивец Џек Чарлтон, а потоа не можејќи да ја издржи конкуренцијата во одбраната, бил испратен на позицијата централен напаѓач; менување на улогите на велшанецот му било од корист - бидејќи во првата сезона во новата улога, Чарлс постигнал 26 гола, а во следната сезона цели 42. Вкупно за Лидс, одиграл 297 натпревари и постигнал 150 гола.
Јувентус
уредиСо својата игра Чарлс го привлекол вниманието на италијанските клубови. Така, претставникот на екипата на Јувентус Џиџи Пероначе често бил присутен на натпреварите на Лидс, а на 6 април 1957 и лично го изразил интересот на клубот за негово ангажирање. На 10 април истата година за време на натпреварот на велшката репрезентација против Северна Ирска, кога Чарлс за првпат пат ја носел капитенската лента на својот репрезентација на натпреварот присуствувал и претседателот на Јувентус Умберто Ањели, кој бил толку воодушевен од играта на велшанецот што веднаш започнал да преговара со играчот за негов трансфер во Торино. После 11 дена, од Лидс соопштиле дека нема да се мешаат околу одлуката на водачот на тимот. Во тие години, услугите на агентите речиси воопшто не се користеле, но Чарлс ги имал, и тука, Јуве има среќа: Едвард Сомерфилд, агентот на Чарлс, соработувал со Кенет Волстенхолм, голем обожавател на италијанскиот фудбал запознаен со многу големи личности од фудбалот на Апенините[4], а покрај тоа, Волстенхолм го сметал Чарлс за најдобриот играч во светот во тоа време. Преговорите се одржале во Хотелот "Квинс" во Лидс од 16:30-22:00, а Сомерфилд бил добро подготвен да ги договори со италијанците износот, платата, годините и законите за потпишувањето на договорот да се заврши брзо. Потоа Ањели имал средба со Чарлс за да на крајот да ги договорат личните услови на играчот. Бидејќи уште во август 1957 година, Чарлс станал играч на "Старата дама" уплатениот износ на сметката на Лидс, од 65.000 фунти станал рекорд во Британија. Исто така, Чарлс станал вториот британски фудбалер кој во моментот играл надвор од Велика Британија, по трансферот на Џон Вотсон од Фулам во Реал Мадрид.
На 8 септември 1957 година, Чарлс го направил своето деби за "бјанконерите" за време на натпреварот со Верона, кој завршил со резултат 3-2; головите на Џампјеро Бониперти и Омар Сивори го направиле резултатот 2-2, а Чарлс го постигнал победничкиот гол. Следната недела тој го постигнал единствениот гол во победата над Удинезе, а потоа го постигнал одлучувачкиот погодок во победата со 3-2 над Џенова. Така, тој го постигнал победничкиот гол во својте први три натпревари за клубот. Истата година, во Јувентус дошол уште еден голем фудбалер - Омар Сивори, а наскоро двајцата станале најдобриот напаѓачки тандем во Серија А. Чарлс изјавил: "Тоа едноставно така се случи, ние да играме заедно. Станавме едно. Класичен напаѓачки тандем џинот и бебето[4]. Тоа не го спречило Чарлс да му удри шлаканица на Сивори кога тој реагирал премногу насилно во еден од натпреварите од сезоната. Чарлс брзо се навикнал на животот во новата држава: "Јас ја научив Италија доволно брзо и не бев обземен од носталгија. Мислам дека преселбата од Свонзи во Лидс како 16-годишно момче за мене беше многу потешка. Овој трансфер, од Лидс во Италија се испоставил сосема поинаков. Покрај тоа, јас го научив италијанскиот јазик. Ова беше важно, затоа што морав да комуницирам со луѓето, и на теренот и надвор од него".[4]. Доказ за тоа бил фактот што веќе во својата прва сезона, Чарлс бил најдобар стрелец во Серија А со 28 гола.
Пред да ги доведе двајцата напаѓачи, Јувентус не блескал во претходната сезона, тимот завршил на 9. место, но доаѓањето на новите играчи му помогнало на клубот да го освои "скудетото". Чарлс се сеќава: "Јувентус собра неколку одлични играчи, вклучувајќи ме и мене, и ние го освоивме "скудетото", да бидам искрен, јас дури и не можев да замислам дека ќе бидеме во можност да го освоиме првото место веќе во мојата прва сезона"[4]. Исто така веќе во првата сезона, станал идол на навивачите на Јувентус кој го нарекле "добриот џин" заради неговото џентлменско однесување на теренот. Сепак, Чарлс признал дека главниот мотив за неовата преселба во Италија биле парите: "Ако ме служи мојата меморија, откако си заминав од Лидс играв за неделна плата од 18 £. Пред тоа, јас никогаш не бев слушнал за Јувентус. Не знаев ништо за Торино, но парите понудени од страна на италијанците, беа многу привлечни. Самото плаќање на надомест по потпишувањето на договорот - беше многу добар надомест. Исто така тие плаќаа и бонуси. Ако ние победиме против тимови како што се Торино, Интер и Милан, бонусот изнесуваше 100, 200 или дури и 300 £".[4]. Во Торино Чарлс бил ѕвезда, живеел во куќата со неговата сопруга, Пеги, и неговите синови Тери, Мелвин и Питер; каде и да е, насекаде го следеле навивачите кој го обожавале Чарлс како славна личност. Секојпат кога излегувал во градот, луѓето доаѓале да земаат автограми од него.
Чарлс поминал пет сезони во Јувентус освојувајќи три шампионски титули и два италијански купа, откако одиграл повеќе од 150 натпревари за клубот и постигнал 93 гола, а тоа е тешко во италијанскиот фудбал. Според Чарлс: "Одбранбените играчи беа многу груби кон напаѓачите, можам да ве уверам, и премногу груби. Тие ги знаеја сите трикови на напаѓачите. Ако отидеш во противничкиот шеснаесетник за време на корнер, еден од одбранбените играчи ти ја гази ногата а другите те влечат за дрес. Но фантастичната одбрана во Италија сè уште се игра".[4] За време на својот престој во Јуве, Чарлс имал и неуспеси, бидејќи не успеале да го освојат Купот на шампионите, но освојувањето на скудетото, се разбира, отсекогаш било главната цел на "Јуве".[4]. Во 1962 Чарлс одлучил да ја напушти Италија, и тоа не можело да го спречи дури и новиот понуден договор за 14 илјади фунти. Тој сакал неговите деца да се школуваат во Велика Британија. Чарлс останал во сеќавање на навивачите на "Старата дама"; во 1997 на стогодишнината на клубот, Чарлс бил прогласен од навивачите за најдобар странски играч во историјата на Јувентус.
Последните десет години од кариерата
уредиОткако завршил неговиот период во Јувентус, Дон Реви платил рекордни за клубот 53,000 £ за да го врати Чарлс во Лидс. Како резултат на тоа се создала возбуда меѓу навивачите, а Лидс Јунајтед ја зголемиле цената на билетите за натпреварите за почетокот на сезоната 1962-1963. Меѓутоа, вториот престој на Чарлс на Иланд Роуд бил помалку успешен. По пет години во Италија, тој наишол на потешкотии одново да се прилагоди на животот и фудбалот во Англија. По само 11 натпревари и три гола - во сенка на неговите поранешни настапи за клубот - Чарлс бил продаден на Рома за 70.000 £. Првично, овој трансфер бил успешен и Чарлс го постигнал првиот гол по само петнаесет минути игра во својот прв натпревар за Рома, против Болоња. Меѓутоа почетните ветувања никогаш не се исполниле, и Чарлс повторно ја сменил клупската средина една година подоцна. Тој му се приклучил на Кардиф Сити, каде што останал до 1966 година, по која ја завршил неговата кариера.
Тој подоцна станал менаџер на Херефорд Јунајтед и Мертир Тајдфил, како и технички директор на канадскиот тим Хамилтон Стилерс, пред да стане тренер во средината на сезоната 1987.
Репрезентативна кариера
уредиЧарлс за првпат играл за велшката репрезентација набргу по својот 18-ти роденден.
Тој настапувал за Велс на Светското првенство 1958 во Шведска - единственото светско првенство за кое оваа репрезентација успеала да се квалификува. Тоа исто така било единствениот пат кога сите четири британски нации се квалификувале за исто Светското првенство, но само Велс и Северна Ирска успеале да ја минат фазата по групи. Велс останал непоразен во групната фаза, игрјаќи нерешено со Унгарија (благодарение на голот на Чарлс), Мексико, и подоцнежните вице-шампиони Шведска. Унгарија исто така, освоила три бода, по што следел плеј-оф натпревар, во кој Велс ја победил Унгарија со 2-1 на Стадионот Росунда и се пласирале во четврт-финалето; меѓутоа данокот што го платиле во тој натпревар бил огромен бидејќи Чарлс се повредил во натпреварот и морал да го пропушти остатокот од турнирот. Велс бил елиминиран од Бразил во четврт-финалето, благодарение на голот на Пеле во 66-тата минута; Бразилците продолжиле понатаму и подоцна станале шампиони на турнирот. Селекторот на Велс, Џими Марфи потоа изјавил: "Со Џон Чарлс во тимот и ние можевме да триумфираме".
Вкупно за Велс, Чарлс одиграл 38 натпревари и постигнал 15 гола.
Чарлс исто така играл и за репрезентацијата на Велика Британија против Ирска во 1955 година.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиТитули
уредиЈувентус
уреди- Серија А : 3
- 1957-1958, 1959-1960, 1960-1961.
- Куп на Италија : 2
- 1958-1959, 1959-1960
Кардиф Сити
уреди- Куп на Велс : 2
- 1963-1964, 1964-1965
Лични награди
уреди- Најдобар стрелец во Серија А за сезоната 1957-1958 (28 гола)
- 100-те легенди на фудбалската лига
Почести
уреди Член на Британската Империја
«За неговите заслуги во фудбалот и спортот во Велика Британија»
— Лондон, 16 јуни 2001
Наводи
уреди- ↑ IFHOF.com
- ↑ „John William CHARLES“. Посетено на 23 December 2014.
- ↑ Footballer John Charles' Italian medal auctioned ... Преземено 8 мај 2015...
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 „Статија на juvent.org“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-05-08.