Мартин Велитс

словачки велосипедист

Мартин Велитс (словачки: Martin Velits; р. 21 февруари 1985 во Братислава) — поранешен словачки професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2007-2017.[1] Неговиот брат-близнак Петер Велитс е исто така професионален велосипедист.

Мартин Велитс
Велитс на Фландриското првенство 2015
Лични податоци
Цело имеМартин Велитс
Роден21 февруари 1985(1985-02-21)(39 г.)
Братислава, Чешка Чехословачка
Висина1,85 м
Маса72 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици
Аматерски клубови
2004
2005–2006
Дукла Тренчин
Коника Минолта
Професионални клубови
2007
2008–2009
2010–2011
2012–2017
Визенхоф
Тим Милрам
Тим ХТЦ-Колумбија
Омега Парма-Квик Степ
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 етапа ТТТ (2010)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2009)
Национален хронометарски првак (2010)

Во октомври 2017 година, една година по повлекувањето на брат му, Мартин Велитс најавил дека ќе се повлече по настапот на воведната Трка околу Гуангси.[1]

Достигнувања

уреди
2004
1.   Национален друмски првак под 23 години
2005
1.   Национален друмски првак под 23 години
1. Етапа 3a Џиро дел Капо
2006
1. Моментум 94.7 Сајкл Челинг, Јужна Африка
1.   Национален друмски првак под 23 години
7. Краен пласман Џиро дел Капо
8. Краен пласман Трка околу Јапонија
2007
10. Краен пласман Стер Електротур
2008
8. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
2009
1.   Национален друмски првак
4. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2010
1.   Национален хронометарски првак
1. Етапа 1 (TTT) Вуелта а Еспања
2012
2. Национално хронометарско првенство

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Velits retires from Quick-Step after 11 years as a pro“. cyclingnews.com. 13 октомври 2017. Посетено на 13 октомври 2017.

Надворешни врски

уреди