Дубравка Угрешиќ (хрватски: Dubravka Ugrešić; 27 март 194917 март 2023) — хрватска, југословенска и холандска писателка, публицистка и научничка.

Дубравка Угрешиќ
Изворно имеDubravka Ugrešić
Роден/а27 март 1949(1949-03-27)
Кутина, СР Хрватска
Починат/а17 март 2023(2023-03-17) (возр. 73)[1]
Амстердам, Холандија
Занимањеписателка
Државјанство
  • хрватско
  • холандско
Значајни наградиНИН-ова награда
1988
Нојштадова награда
2016
Виленичка награда
2016
мрежно место
dubravkaugresic.com

Животопис

уреди

Угрешиќ дипломирала општа и компаративна книжевност и руска книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Работела повеќе од дваесет години на Институтот за теорија на книжевноста. По распадот на Југославија, во 1993 година се преселила во Амстердам.[2] [3]

Творештво

уреди

Најпознати дела на Угрешиќ се:[2]

  • Поза за проза
  • Штефица Цвек во вилиците на животот
  • Животот е бајка
  • Форсирање на романот-река (1988)
  • Американски фикционер
  • Култура на лагата
  • Музеј на безусловното предавање
  • Забрането читање
  • Министерство на болката
  • Никој нема дома
  • Баба Јага снесе јајце
  • Лисица (2017)

Нејзините дела се преведени на повеќе од 20 јазици, а за романот „Форсирање на романот река“ ја добила НИН-овата награда.

Официјално мрежноместо

уреди

Официјално мрежно место на Дубравка Угрешиќ

Наводи

уреди
  1. „Preminula Dubravka Ugrešić“. Danas (српски). 17 март 2023.
  2. 2,0 2,1 Dubravka Ugrešić, Forsiranje romana-reke. Beograd: Booka, 2018.
  3. antolog.mk Дубравка Угрешиќ (пристапено на 12.12.2023)