Никола Нака (Скопје, 17 март 1936) е македонски градежен инженер и поранешен професор на Градежниот факултет во Скопје.

БиографијаУреди

Нака е роден на 17 март 1936 година. Од 1963 до 1966 година работел во Франција на проектирање индустриски објекти, потоа во скопските фирми „Бетон“ и „Маврово“. Докторирал во 1988 на тема од организацијата на изградбата, што е главна област на неговите истражувања. До 1989 година бил професор на Градежниот факултет во Скопје по групата предмети Организација, технологија и економика на изградбата. Од 1990 година живее и работи во Словенија, каде што и се пензионирал.

БиблиографијаУреди

Има напишано неколку научни трудови[1]:

  • Степен на искористување на тешка механизација при изградба на објекти од нискоградбата, 1979 г.
  • Оптимален технолошко-економски модел за избор на комплексна механизација во услови на извршување на раборите, 1984 г.

НаводиУреди

  1. „Докторски дисертации“ (македонски). Градежен факултет - Скопје. конс. 2009-11-15.