Отвори го главното мени
Газанфер Бајрам

Газанфер Бајрам (турски: Gazanfer Bayram; Скопје, 17 март 1943) — истакнат македонски академски сликар, мозаичар и професор[1] од турска народност.

БиографијаУреди

Бајрам е роден во Скопје на 17 март 1943 г. Завршил постдипломски студии на Отсекот за монументално сликарство на Академијата за ликовна уметност во Белград. Специјализирал фреско-сликарство и мозаик. Две години работел на Отсекот за мозаик на Академијата за убави уметности во Равена. Мозаиците се изложени во музеи и во приватни колекции во Македонија, Италија, Турција, Канада, САД, Австралија, Бугарија и во многу градови на поранешна Југославија. Автор е на Мозаиците во МНТ во Скопје, во Собранието на Македонија, во ВИП-салата на аеродромот „Александар Велики“. Учествувал на многу групни и самостојни изложби.[2]

НаводиУреди

  1. „Газанфер Бајрам“. Музеј на современата уметност — Скопје. 2004. конс. 2010-04-16. 
  2. Бубевска, Александра (19 мај 2006). „Мозаици од Газанфер Бајрам на чествувањето на 24 мај во Рим“. А1. конс. 2010-04-16.