Отвори го главното мени

Кума Ел Хаџи Бабакар (француски: Khouma Babacar) е сенегалски фудбалер, напаѓач на Сасуоло, на заем од Фјорентина.[1]

Сенегал Кума Бабакар
Babacar khouma (2).JPG
Лични податоци
Роден на 17 март 1993 (1993-03-17) (26 г.)
Роден во Тиес, Сенегал
Висина &100000000000001910000001,91 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Сасуоло Сасуоло
Број 30
Младинска кариера
Раил
Пескара Пескара
Фјорентина Фјорентина
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009– Фјорентина Фјорентина 43 (9)
2012Расинг Сантандер Расинг Сантандер 8 (0)
2012-2013Падова Падова 16 (0)
2013-2014Модена Модена 39 (20)
2018-Сасуоло Сасуоло 5 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 16 мај 2010.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 18 ноември 2008

Клупска кариераУреди

ПочетоциУреди

Бабакар ја започнал својата кариера во младинската екипа на УС Раил во својот роден град. Во летото 2007, дошол во Италија на проби во екипата на Пескара. По успешно завршените проби тој потпиша договор со клубот и кариерата ја продолжи во младинскиот тим на Пескара, во Серија Б.

ФјорентинаУреди

По само една година помината во Пескара во јули 2008, Бабакар се преселил во Фјорентина. Во текот на сезоната 2009-2010 тој бил префрлен во првиот тим кој тогаш бил под водство на Чезаре Прандели. На 14 јануари 2010, го направил своето деби за првиот тим на Фјорентина на возраст од само 16 години, играјќи како стартер против Кјево во натпревар од осминафиналето на Купот на Италија; во 75-тата минута Бабакар го постигнал својот прв сениорски погодок во кариерата за да израмни на моментални 2-2, а на крајот виолетовите победиле со 3-2. На 27 февруари дебитирал во Серија А, влегувајќи како замена во второто полувреме од натпреварот Лацио-Фјорентина (1-1). Својот прв гол во Серија А го постигнал против екипата на Џенова на 20 март истата година, последниот на натпреварот во победата со 3-0.

Пред почетокот на сезоната 2010-2011 тој потпишал нов 5 годишен договор со Фјорентина.

Во јануари 2018, Бабакар заминал во Сасуоло на заем до 30 јуни 2018, додека Диего Фалчинели како дел од трансферот заминал на заем во спротивната насока.

НаводиУреди

  1. Profile at La Gazzetta dello Sport (италијански)