Марсел Забицер
Марсел Забицер (роден на 17 март 1994 во Велс) — австриски фудбалер, играч од средниот ред на Борусија Дортмунд и на австриската репрезентација.
Марсел Забицер | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Марсел Забицер[1] | ||
Роден на | 17 март 1994 | ||
Роден во | Велс, Австрија | ||
Држава | Австрија | ||
Висина | м[2] | 1,78||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Борусија Дортмунд | ||
Број | 20 | ||
Младинска кариера | |||
ГАК | |||
Австрија Виена | |||
Адмира Вакер | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2010-2011 | Адмира Вакер II | 34 | (15) |
2010-2013 | Адмира Вакер | 45 | (11) |
2013-2014 | Рапид Виена | 45 | (10) |
2014-2021 | РБ Лајпциг | 177 | (40) |
2014-2015 | → Салцбург | 33 | (19) |
2021-2023 | Бајерн Минхен | 40 | (2) |
2023 | → Манчестер Јунајтед | 11 | (0) |
2023- | Борусија Дортмунд | 25 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
2009-2010 | Австрија 16 | 7 | (1) |
2010-2011 | Австрија 17 | 9 | (3) |
2011 | Австрија 18 | 2 | (0) |
2012-2013 | Австрија 19 | 4 | (5) |
2012-2013 | Австрија 21 | 7 | (1) |
2012- | Австрија | 81 | (18) |
* Ажурирано на: 10 јули 2016 ** Ажурирано на: 10 јули 2016 |
Биографија
уредиМарсел е син на поранешниот австриски фудбалски репрезентативец Херфрид Забицер,[3] а негов братучед е Томас Забицер, кој исто така е фудбалер.[3]
Тој е во врска со Катја Куне, победничка на ТВ шоуто „Der Bachelor“ во 2014 година,[4] со која има една ќерка родена во 2019 година.[4] Двојката стапила во брак во јануари 2020 година.[4][5]
Технички карактеристики
уредиЗабицер е сеопфатен играч од средниот ред чија универзалност и тактичка флексибилност му овозможуваат да игра во многу различни улоги, како офанзивен играч за врска, централен играч за врска, десно крило, како лажна деветка и втор напаѓач.[6][7] Неговите квалитети се давањето асистенции за неговите соиграчи и освојувањето на топката од противниците, покрај тоа има добар дриблинг и е опасен и од слободни удари и удари од далечина, а може да делува и како балансер за својот тим со подефанзивни функции.[3][5][8]
Опремен со добра визија за играта, динамика и индивидуална техника, има одлична контрола на топката и е добар во додавања меѓу противничките линии.[3][7][9] Добар во прогресијата, и покрај неговиот не висок раст (177 см), тој е вешт во играта во воздухот бидејќи има висок отскок и добар тајминг за скок.[3] Тој, исто така, знае како да се наметне во дуелите при враќање на топката во посед на неговиот тим, како и секогаш да излегува на теренот со натпреварувачки бес.[3][9] Тој се издвојува и по својата професионалност и карактер кои му овозможуваат да биде лидер.[3][5][6][8][9]
Клупска кариера
уредиПочетоци и младинска кариера
уредиЗабицер ја започнал својата кариера во 2000 година во младинските редови на Адмира Вилах, каде неговиот татко работел.[10] Кога неговиот татко се преселил во Матерсбург во Бургенланд следната сезона, Марсел дошол во младинските редови на тогашниот прволигаш ГАК, каде што се развил во еден од најголемите офанзивни таленти на клубот.[10] Од 2005 до 2008 година, Забицер постигнал 49 гола на 63 младински натпревари и ја прослави вицешампионската титула во Штаерската лига со тимот до 15 години. Во 2007 година, тој ја обезбедил и титулата во австриската студентска лига како врвен играч во спортското средно училиште Вејц. Во финалето против БРГ Полгарштрасе ги постигнал првите два гола во победата со 3-0.[11][12]
Во јуни 2008 година, Забицер се преселил во младинскиот тим на новооснованиот клуб Винер Нојштат, но веднаш бил префрлен во FSA/AKA U15, кој тогаш сè уште оперирал во соработка со Австрија Виена.[13] Со FSA потоа станал шампион во ТОТО лигата и бил крунисан за најдобар стрелец на неговиот клуб и трет на листата на најдобри стрелци со 16 гола во 22 натпревари.
За сезоната 2009-2010, офанзивниот играч се преселил во академијата на Адмира Вакер, каде истовремено играл во младинските тимови Б и А. По вкупно 13 гола во 14 настапи за двата млади тима, вклучително и 5 гола во 5 натпревари како петнаесетгодишник за У19 тимот, тој за прв пат бил повикан во вториот тим на Адмира.
Адмира Вакер
уредиМалку по неговиот шеснаесетти роденден, на 26 март 2010 година, тој го направил своето деби за Адмира Вакер II под водството на тренерот Дитмар Кухбауер во победата со 0-2 на гостувањето против Швехат во Регионалната лига Исток. Последователно, тој забележал уште пет настапи без да постигне гол до крајот на сезоната.
Во сезоната 2010-2011, тој бил промовиран како постојан член на вториот тим на Адмира, кој повторно се натпреварувал во регионалната лига, и ја започнал сезоната како постојан стартер. Сепак, не долго потоа, на 14 септември 2010 година, тој го направил своето деби за првиот тим на Адмира што било воедно и негово деби во професионалниот фудбал, играјќи во натпрвевар од втората австриска лига. Шансата да дебитира за Адмира повторно му ја укажал Кухбауер, кој во меѓувреме бил назначен за тренер на првиот тим. Веќе во неговиот втор настап на 24 септември 2010 година, тој го постигнал својот прв гол во победата на гости против Лустенау 07, при што го поставил конечниот резултат 0-3.[14][15] Неговата дебитантска сезона во професионалниот фудбал ја завршил со 8 настапи и 2 гола, помагајќи и на Адмира да го освои првенството и да избори промоција во Бундеслигата, елитната дивизија на австрискиот фудбал.
Својот прв гол во Австриската Бундеслига, Забицер го постигнал на 7 март 2012, во победата на домашен терен над Капфенберг со 3-1. На 19 јули 2012, дебитирал во европските натпреварувања, играјќи во натпреварот против литванскиот Жалгирис во квалификациите за Лига Европа. За Адмира играл до јануари 2013 година, кога го напуштил клубот после вкупно 52 настапи и 11 гола за првиот тим.
Рапид Виена
уредиНа почетокот на јануари 2013 година, Забицер потпишал за славниот австриски клуб Рапид Виена.[16] Дебитирал за клубот на 17 февруари во поразот со 1-2 на домашен терен од градскиот ривал Австрија Виена, заменувајќи го Михаел Шимпелсбергер во 64-тата минута. Веќе во својот втор натпревар за Рапид, Забицер го постигнал првиот гол за клубот за да израмни на 3-3 во првата минута од судиското продолжение на гостувањето кај Ред Бул Салцбург, и покрај тоа што и во овој натпревар влегол во игра како замена во второто полувреме.[17] Сезоната ја завршил со 16 настапи во првенството и еден во Купот на Австрија, постигнувајќи притоа три погодоци, сите во првенството.
Следната сезона 2013-2014, била многу важна за развитокот на кариерата на Забицер: тој не само што го задржал своето место во стартната постава кое го изборил кон крајот на претходната сезона, туку успеал да се наметне како еден од најважните играчи на Рапид - кој одиграл одлична сезона завршувајќи на второто место зад шампионот Ред Бул Салцбург - и бил едно од откритијата на сезоната во австриското првенство кое го завршил со 29 настапи и 7 гола. Покрај тоа, во текот на сезоната тој со клубот играл и европски натпревари во Лигата на Европа, каде исто така го постигнал својот прв гол на 24 октомври 2013, во ремито 1-1 на гостувањето кај Генк во групната фаза. Со одличната сезона на личен план тој го привлекол вниманието на голем број клубови од странство.
Салцбург
уредиПред почетокот на сезоната 2014-2015, Забицер потпишал за германскиот второлигаш РБ Лајпциг.[18] Откако потпишал договор до 30 јуни 2018 година, тој се вратил во Австрија бидејќи бил позајмен на една сезона на Ред Бул Салцбург, клуб кој исто така е управуван од страна на компанијата Ред Бул.
На првиот првенствен натпревар за Салцбург тој забележал асистенција за еден од головите, а веќе во вториот за првпат погодил за „црвените бикови“. По овој погодок тој додал уште 18 голови и 15 асистенции во Бундеслигата, додека вкупно, во сите натпреварувања, имал 27 гола и 21 асистенција. Со тоа, тогаш 20-годишниот Забицер, кој најчесто бил користен како офанзивен играч од средниот ред или центарфор, сезоната ја завршил како втор најефикасен играч на тимот зад шпанецот Џонатан Сориано (кој имал 46 гола).[19] Заедно, двајцата играчи на крајот од сезоната го одвеле својот тим до титулата во австриското првенство и во националниот куп. Во второто, Забицер, Сориано и нивниот соиграч Алан биле прогласени за најдобри стрелци во натпреварувањето со по седум гола.
РБ Лајпциг
уредиПосле одличната сезона во Салцбург, во летото 2015 Забицер се вратил во РБ Лајпциг, со цел да му помогне на амбициозниот германски второлигаш да избори промоција во Бундеслигата.[20] Со зборовите „веројатно не сум толку добар како што мислев, инаку немаше да играм во германската Втора Бундеслига“, играчот ги оценил сопствените настапи во контекст на овој трансфер.[21] Во неговата прва година со клубот, тој постигнал промоција во Првата Бундеслига, за прв пат во историјата на клубот, после освојувањето на второто место за кое тој придонел со осум гола и пет асистенции во 32 натпревари. Забицер главно делувал како офанзивен играч од средниот ред играјќи за напаѓачот, позиција која била окупирана од Јусуф Поулсен или од Дави Зелке, и го постигнал единствениот гол во првиот натпревар на клубот за сезоната, победата со 0-1 на гостувањето кај ФШФ Франкфурт. Во втората половина од сезоната, против истиот противник во натпревар кој завршил 3-1 за Лајпциг, австриецот бил директно вклучен во сите три гола на својата екипа (постигнал два и асистирал за третиот). Конечно, на крајот од сезоната бил прогласен за најдобар играч во Втората Бундеслига од страна на магазинот kicker.[22]
Следната сезона, на клупата на Лајпциг дошол неговиот сонародник Ралф Хазенхутл, кој го наследил Рангник на функцијата. Тој формирал нова двојка во нападот на Лајпциг за дебитантската сезона на клубот во Првата Бундеслига, составена од Поулсен и новото засилување Тимо Вернер. Играјќи со два класични напаѓачи, Хазенхутл се одлучил да не игра со втор напаѓач или офанзивен играч за врска, па така го префрлил Забицер на позицијата десно крило, каде што сега главно играл. Статистички гледано, неговиот офанзивен учинок останал константен, а на крајот од сезоната повторно постигнал 8 гола. На 29 октомври 2016, тој го решил натпреварот против Дармштат кој завршил 2-0, со неговите два гола во второто полувреме. Во последните пет првенствени натпревари, Лајпциг трипати ремизирале, еднаш загубиле и ја победиле Херта со 4-1, но сепак по одигрувањето на 34-тото коло, тие изненадувачки завршиле на второто место зад шампионот Бајерн Минхен.
Во сезоната 2017-2018, Забицер пропуштил неколку натпревари поради две повреди на рамото, но освен тоа во третата година бил редовен стартер за Лајпциг. Во Лигата на шампиони, Сабицер наместил гол во три последователни натпревари, но не постигнал ниту еден гол во шестте натпревари во групата. Дебитантската сезона на клубот во елитното европско натпреварување завршила на третото место во групата Г, поради што РБ Лајпциг потоа продолжил да игра во Лигата на Европа. Овде стигнале до четвртфиналето, каде биле елиминирани од подоцнежниот финалист Олимпик Марсеј. Не можејќи да смета на услугите на Забицер за последните пет првенствени натпревари, во кој Лајпциг забележал само две победи, клубот ја завршил сезоната на шесттото место со два бода помалку од ФК Хофенхајм 1899 и Борусија Дортмунд не успевајќи да се врати во Лигата на шампионите за наредната сезона. И покрај проблемите со повреди, Забицер за првпат бил прогласен за Австриски фудбалер на годината, заменувајќи го рекордниот победник Давид Алаба, кој претходно шест пати по ред победил во изборот за оваа награда.[23] Во април 2018 година, тој го продолжил договорот со РБ Лајпциг до 2022 година.[24]
Во летото 2018, дошло до нова промена на тренерската клупа во Лајпциг; Хазенхутл заминал за да му ја отстапи позицијата на повратникот Ралф Рангник, за кого Забицер рекол „Рангник секогаш ме поддржуваше. Кога во 2015 година стана тренер на РБ Лајпциг во втората лига, привлечноста да дојдам во клубот беше уште поголема. Тој има многу високо мислење за мене. Му верувам дека ќе ми даде корисни совети“.[25] Во сезоната 2018-2019, Забицер играл претежно зад главниот напаѓач. Во втората половина од сезоната, австриецот бил дел од дијамантот во средниот ред заедно со Емил Форсберг и Кевин Кампл. На 25 мај 2019, тој го започнал финалето на Купот на Германија, загубено со 3-0 од Бајерн Минхен.
Сезоната 2019-2020 започнала добро за Забицер; во победата со 4-0 над новопромовираниот Унион Берлин, тој им асистирал на соиграчите за три од головите и еднаш самиот ја затресол противничката мрежа. Во првата половина од сезоната, тој реализирал уште седум гола и бил еден од најефикасните офанзивни играчи на Лајпциг. За време на зимската пауза, капитенот Диего Деме го напуштил Лајпциг и се преселил во Наполи, по што Забицер ја наследил капитенската лента на тимот на привремена основа. Подоцна, тој бил избран и за постојан капитен.[26] Забицер кој најчесто бил крилен напаѓач под водството на Рагник, добил наредба да се врати во средниот ред во втората половина од сезоната од страна на новиот тренер Јулијан Нагелсман, кој го презел тимот од Рангник во летото 2019 година.[21] Нагелсман го пофалил Забицер велејќи: „тој има фундаментално значење бидејќи секогаш игра добро и е целосно стабилен а како силни страни во играта ги издвоил „тактичка интелигенција и постојаноста“.[21] Со најефективната сезона (9 гола и 8 асистенции) од неговото пристигање во Лајпциг, Забицер му помогнал на клубот да го освои третото место во лигата зад Бајерн Минхен и Борусија Дортмунд. Тој имал важна улога и во одличната кампања на клубот во Лигата на шампионите, каде капитенот на Лајпциг постигнал два гола во групната фаза, и асистирал за уште два што овој пат било доволно неговиот тим да успее да се пласира во нокаут фазата. Таму, тие најпрво го елиминирале англискиот Тотенхем со две победи 1-0 во гости и 3-0 во реваншот на Ред Бул Арена. Забицер постигнал два гола во победата со 3-0 и му помогнал на клубот да стигне до полуфиналето каде завршила нивната авантура со поразот од Париз Сен Жермен.
Ниту во својата последна сезона во Лајпциг, Забицер уште еднаш не успеал да освои титула со клубот. Во финалето на националниот куп загубиле од Борусија Дортмунд со 1-4, во Бундес лигата биле втори зад Бајерн, додека во Лигата на шампионите, биле елиминирани во осминафиналето од Ливерпул по два натпревари кои завршиле со идентични 0-2 во корист на англичаните.
Својот последен 229-ти (моментално е седми играч со најмногу настапи за клубот) натпревар во дресот на Лајпциг го одиграл на почетокот на сезоната 2021-2022, на 15 август 2021, во победата со 4-0 на домашен терен над Штутгарт. Освен по бројот на настапи, тој се наоѓа во топ 10 и на листата на играчи со најмногу постигнати голови за Лајпциг, со вкупно 52.
Бајерн Минхен
уредиНа 30 август 2021 година, Забицер го напуштил Лајпциг после шест години и потпишал четиригодишен договор со тогашниот германски шампион Бајерн Минхен, кој за неговиот трансфер платил сума од 16 милиони евра.[27][28] Така, во Минхен тој им се приклучил на неговиот соиграч од Лајпциг, Дајо Упамекано, и на тренерот Нагелсман кој веќе претходно потпишале за Бајерн. Дебитирал во дресот на Бајерн токму против клубот од кој што дошол, Лајпциг, на 11 септември во победата со 4-1 на Ред Бул Арена, влегувајќи како замена за последниот половина час на местото на Леон Горецка. Три дена подоцна, повторно влегувајќи од клупата дебитирал за Бајерн во Лигата на шампионите, во победата со 3-0 на гостувањето во Шпанија кај Барселона. На 2 април 2022 година, тој го постигнал својот прв гол за баварците во победата со 4–1 на гости над Фрајбург.[29] На крајот на сезоната, Забицер ја освоил својата прва титула во Бундеслигата, десетта по ред за клубот почнувајќи од 2013 година, за која придонел со еден гол и една асистенција во 27 настапи, но главно влегувајќи од клупата за резерви бидејќи Нагелсман на неговата позиција главно се потпирал на Горецка во поголемиот дел од времето. Дури кога Горецка бил надвор од теренот поради повреда на колкот во периодот помеѓу декември 2021 и април 2022 година, тренерот наместо него ги избирал Корентан Толисо или дури 17-годишниот Џамал Мусиала, кој бил повеќе офанзивен играч.[30]
Откако Горецка повторно бил надвор од теренот на почетокот на следната сезона, овојпат поради операција на коленото, Забицер добил неколку натпревари во почетната постава, вклучително и целиот натпревар во Суперкупот на Германија кој Бајерн го освоил со победата од 3-5 над Лајпциг. Сепак, по враќањето на Горецка, тој одново се преселил на клупата додека средниот ред на Бајерн бил составен од тројката Кимих, Горецка и Мусиала. Откако повторно како минатата сезона се нашол во улога на резерва, австриецот го изразил своето незадоволство и желба да замине од Минхен веќе во текот на зимскиот преоден рок. На 16 октомври, го постигнал својот втор гол за Бајерн повторно против Фрајбург во победата со 5-0 на Алијанц Арена.
Позајмицата во Манчестер Јунајтед
уредиНа 1 февруари 2023 година, Забицер дошол во Манчестер Јунајтед на позајмица до крајот на сезоната.[31] Своето деби за црвените ѓаволи го направил три дена подоцна, влегувајќи како замена во првенствената победа против Кристал Палас, со што станал првиот Австриец кој некогаш заиграл за клубот.[32] На 26 февруари, Забицер го освоил својот Лига купот, неговиот прв трофеј со Манчестер Јунајтед, влегувајќи како замена во финалето во кое го совладале Њукасл Јунајтед со 2-0.[33] Својот прв гол за клубот го постигнал во четвртфиналето на ФА Купот против Фулам кое завршило 3–1 за Јунајтед.[34] На 13 април, тој ги постигнал двата гола за својата екипа во ремито 2–2 против Севиља во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на Европа.[35] На 15 мај, Манчестер Јунајтед објавил дека Забицер ќе биде отсутен до крајот на сезоната откако доживеал повреда на менискусот.[36] На 30 јуни, Манчестер Јунајтед објавиле дека Забицер ќе си замине од клубот по завршувањето на позајмицата.[37]
Борусија Дортмунд
уредиНа 24 јули 2023, Забицер потпишал четиригодишен договор со Борусија Дортмунд.[38][39] На 12 август, тој го постигнал својот прв гол, во победата на гости со 6–1 над нисколигашот Шот Мајнц во Купот на Германија.[40] Како наследник на заминатиот офанзивен играч за врска Џуд Белингам, Забицер бил во почетниот состав на Борусија Дортмунд во 16 од 19 натпревари до зимската пауза. Сепак, нешто подоцна во текот на сезоната тој започнал да делува во подефанзивна улога, како еден од двајцата играчи пред одбранбената четворка совладувајќи ја конкуренцијата за тоа место во лицето на уште еден новајлија, Феликс Нмеча. Тој останал стандарден и во вториот дел од сезоната како во натпреварите од Бундеслигата, така и во Лигата на шампионите; во контекст на ова на 16 април 2024 година, Забицер регистирал две асистенции и постигнал гол во победата со 4–2 над Атлетико Мадрид во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, со што му помогнал на својот клуб да мине натаму со вкупен резултат 5-4 и да се квалификува за полуфиналето на натпреварувањето за првпат од сезоната 2012–2013.[41] Конечно, откако милионерите се пласирале во големото финале на Вембли, совладувајќи го Париз Сен Жермен во полуфиналето, Забицер го започнал и ги одиграл комплетните 90 минути во финалето во кое Борусија била поразена од Реал Мадрид со 0-2.[42]
Репрезентативна кариера
уредиЗабицер играл речиси за сите младински селекции на Австрија: под 16, под 17, под 18, под 19 и под 21 година.[43]
Својот прв повик во сениорската репрезентација го добил во 2012 година, а дебитирал на 5 јуни 2012, на 18 годишна возраст, во пријателски натпревар против Романија што завршил без голови 0-0.[44] Првиот гол за репрезентацијата го постигнал во својот петти натпревар, против Исланд во Инсбрук во уште една пријателска средба одиграна на 30 мај 2014, која завршила 1-1.
Откако ги одиграл повеќето натпревари во квалификациите за Европското првенство 2016, кои Австрија успешно ги одработила квалификувајќи се за завршниот турнир во Франција, Забицер бил повикан во селекцијата за неговото прво големо натпреварување. Дебитирал на првенството во првиот натпревар од групата против Унгарија (пораз со 0-2), влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Златко Јунузовиќ. Во следните два натпревари играл од првата минута, но Австрија била елиминирана уште во групната фаза, завршувајќи со само еден освоен бод.
Тој бил во составот на Австрија и на следното Европско првенство во 2020 година; ги одиграл сите четири натпревари на неговата земја, до елиминацијата од подоцнежниот шампион Италија во осминафиналето по продолженија.
На 13 јуни 2022, Забицер за првпат ја носел капитенската лента на Австрија, во поразот со 2-0 од Данска во Копенхаген во натпревар од УЕФА Лигата на нации 2022-2023.
Во јуни 2024 година, бил повикан од неговиот поранешен тренер во Лајпциг а сегашен селектор на Австрија, Ралф Рагник, да игра на неговото трето Европско првенство во Германија 2024. На 25 јуни 2024 година, за време на последниот натпревар од групата, Забицер го постигнал решавачкиот погодок во победата со 3–2 над Холандија, обезбедувајќи и го на неговата земја првото место во групата пред Франција и Холандија.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиСтатистика
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 18 мај 2024.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2010-2011 | Адмира Вакер | 1Л | 8 | 2 | КА | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 9 | 2 |
2011-2012 | БЛ | 20 | 5 | КА | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 22 | 5 | |
2012-јан. 2013 | БЛ | 17 | 3 | КА | 2 | 0 | ЛЕ | 4[45] | 0 | - | - | - | 23 | 3 | |
Вкупно Адмира Вакер | 45 | 10 | 5 | 0 | 4 | 0 | - | - | 54 | 10 | |||||
јан.-јун. 2013 | Рапид Виена | БЛ | 16 | 3 | КА | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 17 | 3 |
2013-2014 | БЛ | 29 | 7 | КА | 1 | 0 | ЛЕ | 10[46] | 2 | - | - | - | 40 | 9 | |
Вкупно Рапид Виена | 45 | 10 | 2 | 0 | 10 | 2 | - | - | 57 | 12 | |||||
2014-2015 | Салцбург | БЛ | 33 | 19 | КА | 6 | 7 | ЛШ+ЛЕ | 4[45]+8 | 0+1 | - | - | - | 51 | 27 |
2015-2016 | РБ Лајпциг | 2Б | 32 | 8 | КГ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 34 | 8 |
2016-2017 | БЛ | 32 | 8 | КГ | 1 | 1 | - | - | - | - | - | - | 33 | 9 | |
2017-2018 | БЛ | 22 | 3 | КГ | 2 | 2 | ЛШ+ЛЕ | 5+5 | 0+0 | - | - | - | 34 | 5 | |
2018-2019 | БЛ | 30 | 4 | КГ | 5 | 0 | ЛЕ | 8[47] | 1[45] | - | - | - | 43 | 5 | |
2019-2020 | БЛ | 32 | 9 | КГ | 3 | 3 | ЛШ | 9 | 4 | - | - | - | 44 | 16 | |
2020-2021 | БЛ | 27 | 8 | КГ | 5 | 1 | ЛШ | 7 | 0 | - | - | - | 41 | 9 | |
авг. 2021 | БЛ | 2 | 0 | КГ | 0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | - | - | - | 2 | 0 | |
Вкупно РБ Лајпциг | 177 | 40 | 18 | 7 | 34 | 5 | - | - | 229 | 52 | |||||
2021-2022 | Бајерн Минхен | БЛ | 25 | 1 | КГ | 0 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | СГ | - | - | 30 | 1 |
2022-јан. 2023 | БЛ | 15 | 1 | КГ | 2 | 0 | ЛШ | 6 | 0 | СГ | 1 | 0 | 24 | 1 | |
Вкупно Бајерн Минхен | 40 | 2 | 2 | 0 | 14 | 0 | 1 | 0 | 54 | 2 | |||||
јан.-јун. 2023 | Манчестер Јунајтед | ПЛ | 11 | 0 | ФАКуп+ЛК | 3+1 | 1+0 | ЛЕ | 3 | 2 | - | - | - | 18 | 3 |
2023-2024 | Борусија Дортмунд | БЛ | 25 | 4 | КГ | 3 | 1 | ЛШ | 11 | 1 | - | - | - | 39 | 6 |
Вкупно во кариерата | 372 | 87 | 40 | 15 | 85 | 9 | 1 | 2 | 532 | 112 |
Репрезентативна статистика
уреди- Обновено на на 25 јуни 2024[48]
Репрезентација | Година | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
Австрија | 2012 | 1 | 0 |
2013 | 2 | 0 | |
2014 | 6 | 2 | |
2015 | 7 | 1 | |
2016 | 9 | 1 | |
2017 | 4 | 1 | |
2018 | 4 | 0 | |
2019 | 9 | 2 | |
2020 | 4 | 1 | |
2021 | 12 | 2 | |
2022 | 10 | 2 | |
2023 | 9 | 5 | |
2024 | 4 | 1 | |
Total | 81 | 18 |
Хет-трикови
уредиХет-трикови | ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Титули
уредиКлупски
уредиАдмира Вакер
уреди- 2. лига : 1
- 2010-2011
Ред Бул Салцбург
уреди- 2014-2015
- Куп на Австрија : 1
- 2014-2015
Бајерн Минхен
уреди- Бундеслига : 1
- 2021-2022
Манчестер Јунајтед
уреди- ЕФЛ куп : 1
- 2022-2023
Наводи
уреди- ↑ „Updated Premier League squad lists for 2022/23“. Premier League. 2 February 2023. Посетено на 2 February 2023.
- ↑ „Marcel Sabitzer“. Borussia Dortmund. Посетено на 15 August 2023.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 „Sabitzer è l'anima del Red Bull Lipsia“. 2018-03-21. Посетено на 2021-05-11.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „RB-Star Sabitzer heiratet seine Bachelor-Gewinnerin“ (германски). 2 јануари 2020.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Leipzigs Sabitzer sieht Kapitänswürde als Anerkennung“ (германски). Архивирано од изворникот на 13 мај 2021. Посетено на 2021-05-13. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=
(help) - ↑ 6,0 6,1 „Roma, Mourinho pazzo per Sabitzer. E lui prepara l'addio al Lipsia“. Посетено на 2021-05-11.
- ↑ 7,0 7,1 „Marcel Sabitzer, l'antieroe austriaco“. Посетено на 2021-07-09.
- ↑ 8,0 8,1 „Marcel Sabitzer: Who is RB Leipzig's Tottenham Hotspur-slaying midfielder with shades of David Beckham?“ (англиски). Посетено на 2021-05-11.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 „Marcel Sabitzer – Der will nur siegen“ (германски). Посетено на 2021-05-13.
- ↑ 10,0 10,1 Marcel Sabitzer: Frau, Kind und purer Ehrgeiz – so tickt der Neuzugang des FC Bayern privat, abendzeitung-muenchen.de, abgerufen am 3. September 2021.
- ↑ „Kapitän Marcel Sabitzer schießt SHS Weiz vor 3.000 Zuschauer zum Premierensieg“. Архивирано од изворникот на 2017-09-06. Посетено на 2024-06-26. Занемарен непознатиот параметар
|archiv-bot=
(help); Занемарен непознатиот параметар|wayback=
(help) oefb.at, abgerufen am 26. September 2010. - ↑ SHS Weiz ist neuer Schülerliga-Meister news.at, abgerufen am 26. September 2010.
- ↑ „Unsere Erfolgreiche FSA Magna U-15“ (PDF). 2018-08. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-10-08. Посетено на 2024-06-26. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) scmagna.at, abgerufen am 26. September 2010. - ↑ Admira schon 18 Partien ungeschlagen! Архивирано на 7 јули 2022 г.. 2019-09 http://www.trenkwalder-admira.com/saison/meisterschaft.fc_lustenau_1907-trenkwalder_admira.178. Занемарен непознатиот параметар
|archivebot=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help); Отсутно или празно|title=
(help)[мртва врска] trenkwalder-admira.com, abgerufen am 26. September 2010. - ↑ Kühbauer schon 18 Partien ungeschlagen sport.orf.at, abgerufen am 26. September 2010.
- ↑ skrapid.com: Marcel Sabitzer ist Rapidler, 4. Jänner 2013, abgerufen am 4. Jänner 2013.
- ↑ „True test of character for Rapid: incredible game ends 3:3“. Rapid Wien. 27 февруари 2013. Посетено на 27 јуни 2024.
- ↑ „NEUVERPFLICHTUNG: NATIONALSPIELER MARCEL SABITZER WIRD EIN ROTER BULLE!“. dierotenbullen.com (германски). RB Leipzig. 1 June 2014. Архивирано од изворникот на 1 June 2014. Посетено на 2 June 2014.
- ↑ Leistungsdaten RB Salzburg Saison 2014/15, transfermarkt.de, abgerufen am 30. Juli 2023.
- ↑ Marcel Sabitzer stürmt für RB Leipzig kicker.de, abgerufen am 28. Juni 2015.
- ↑ 21,0 21,1 21,2 Marcel Sabitzer – Der will nur siegen, redbull.com, abgerufen am 25. Juli 2023.
- ↑ Dosenöffner Sabitzer trifft doppelt, kicker.de, abgerufen am 25. Juli 2023.
- ↑ „Steirer gewinnt APA-Trainerwahl“. ORF. 2017-12-20. Посетено на 2017-12-20.
- ↑ „Marcel Sabitzer verlängert in Leipzig“. Посетено на 2018-04-11.
- ↑ Marcel Sabitzer von RB Leipzig im Exklusiv-Interview: „Mehr Breite im Kader wäre hilfreich“, eurosport.de, abgerufen am 25. Juli 2023.
- ↑ Marcel Sabitzer zum Mannschaftskapitän gewählt dierotenbullen.com, abgerufen am 30. August 2020.
- ↑ „Bayern agree deal to sign RB Leipzig captain Marcel Sabitzer“. Bulinews.com. 29 August 2021. Посетено на 29 August 2021.
- ↑ „Bayern Munich confirm signing of Sabitzer from RB Leipzig in €16m deal until 2025“. www.msn.com. Посетено на 30 August 2021.
- ↑ „SC Freiburg 1–4 Bayern Munich“. BBC Sport. 2 April 2022.
- ↑ Sabitzer lehnt wohl Rückkehr zum FC Bayern ab: Millionen-Ablöse winkt, tz.de, abgerufen am 9. Februar 2023.
- ↑ „United sign Sabitzer on loan from Bayern Munich“. ManUtd.com. Manchester United. 1 February 2023. Посетено на 1 February 2023.
- ↑ Stone, Simon (4 February 2023). „Manchester United 2-1 Crystal Palace: Marcus Rashford helps hosts to 13th straight home win“. BBC Sport. Посетено на 4 February 2023.
- ↑ McNulty, Phil (26 February 2023). „Manchester United 2–0 Newcastle United“. BBC Sport. Посетено на 26 February 2023.
- ↑ Stone, Simon (19 March 2023). „Manchester United 3-1 Fulham: Bruno Fernandes double seals comeback against nine-man Cottagers“. BBC Sport. Посетено на 19 March 2023.
- ↑ „Manchester United 2-2 Sevilla: Harry Maguire and Tyrell Malacia own goals transform Europa League quarter-final“. Sky Sports. 14 April 2023. Посетено на 20 April 2023.
- ↑ Marshall, Adam (15 May 2023). „SABITZER OUT FOR REST OF THE SEASON“. Manchester United. Посетено на 15 May 2023.
- ↑ „Squad update“. www.manutd.com (англиски). Посетено на 2023-06-30.
- ↑ „BVB sign Marcel Sabitzer“. Borussia Dortmund (англиски). 2023-07-25. Архивирано од изворникот на 2023-07-26. Посетено на 2023-07-26.
- ↑ „Marcel Sabitzer: Midfielder joins Borussia Dortmund from Bayern Munich“. BBC Sport. 24 July 2023. Посетено на 24 July 2023.
- ↑ „BVB-Neuzugang Sabitzer mahnt nach 6:1 im DFB-Pokal „Das darf uns nicht passieren"“. Ruhr Nachrichten (германски). 12 August 2023.
- ↑ Liew, Jonathan (16 April 2024). „Borussia Dortmund's Sabitzer sinks Atlético Madrid in seesaw thriller“. The Guardian.
- ↑ Pettit, Mark (1 June 2024). „Real Madrid win Champions League: Carvajal and Vinícius Júnior see off Dortmund“. UEFA. Архивирано од изворникот 2 June 2024. Посетено на 2 June 2024.
- ↑ „M. Sabitzer“. besoccer.com. Посетено на 31 January 2023.
- ↑ „National football team player Marcel Sabitzer“. eu-football.info. Посетено на 31 January 2023.
- ↑ 45,0 45,1 45,2 Во квалификациските кола
- ↑ Два настапи во квалификациските кола.
- ↑ Три настапи во квалификациските кола
- ↑ „Marcel Sabitzer“. National Football Teams. Посетено на 28 June 2023.
Надворешни врски
уреди„Марсел Забицер“ на Ризницата ? |