Бењат Инчаусти
Бењат Инчаусти Елоријага (шпански: Beñat Intxausti Elorriaga; р. 20 март 1986 во Аморебита-Ечано, Бискаја) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Еускади-Муријас.[1]
Инчаусти на Џиро д’Италија 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Бењат Инчаусти Елоријага | ||
Роден | 20 март 1986 Аморебита-Ечано, Шпанија | ||
Висина | 1,75 м | ||
Маса | 61 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Еускади-Муријас | ||
Дисциплина | друмски велосипедист | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Професионални клубови | |||
2007 2008–2009 2010 2011–2015 2016-2018 2019- | Николас Матеос Соние Дувал-Скот Еускалтел-Еускади Мовистар Тим Тим Скај Еускади-Муријас | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 15 септември 2019 |
Кариера
уредиВо 2012 година победил на Вуелта а Астурија и завршил десетти во генералниот пласман на Вуелта а Еспања и покрај тоа што му помогал на неговиот екипен предводник Алехандро Валверде. ВО 2013, Инчаусти ја освоил етапата 16 на Џиро д’Италија откако бил дел од бегството и подоцна завршил осми во генералниот пласман. Исто така ја имал водечката маичка на еден ден. На Трката околу Пекинг, Инчаусти ја освоил единствената планинска етапа и го преземал генералниот пласман, а подоцна и победил на трката.[2]
По пет сезони во Мовистар[3], во септември 2015 година, екипата Тим Скај објавила дека Инчаусти ќе им се приклучи во 2016 година, на двегодишен договор.[4] Меѓутоа, по ветувачкиот почеток во 2016 година, кариерата на Инчаусти започнале да бледнее со болест и не можел да се трка поголем период. Во 2019 година, се преселил во пониската по ранг екипа, Еускади-Муријас.[5]
Достигнувања
уреди- 2005
- 1. Етапа 3 Вуелта а Саламанка
- 2006
- 1. Меморијал Авелино Камачо
- 2. Краен пласман Бидасоа Ичулија
- 1. Етапа 3
- 2009
- 7. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 8. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 2010
- 1. Етапа 3b (ITT) Вуелта а Астурија
- 2. Краен пласман Трка околу Баскија
- 3. Краен пласман Вуелта а Астурија
- 2011
- 4. Краен пласман Трка околу Баскија
- 5. Краен пласман Тур де Романди
- 2012
- 1. Краен пласман Вуелта а Астурија
- 1. Бодовен пласман
- 10. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 2 (ТТТ)
- 2013
- 1. Краен пласман Трка околу Пекинг
- 1. Етапа 4
- 4. Класика Примавера
- 8. Краен пласман Џиро д’Италија
- 1. Етапа 16
- 8. Краен пласман Трка околу Баскија
- 2014
- 3. Краен пласман Трка околу Полска
- 6. Краен пласман Тур де Романди
- 10. Класика Примавера
- 2015
- 1. Етапа 8 Џиро д’Италија
- 2. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
- 3. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 4. Краен пласман Критериум ди Дофине
- 6. Трофео Андрат-Мирадор д’ес Коломер
- 2016
- 3. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | 38 | 8 | — | 29 | — |
Тур | — | — | СО | — | — | 116 | — | — |
Вуелта | 60 | СО | 86 | 10 | 87 | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „El Euskadi-Murias anuncia para 2019 una plantilla de 20 ciclistas“ [Euskadi-Murias announces for 2019 a roster of 20 cyclists]. La Vanguardia (шпански). Javier Godó; Grupo Godó. 15 ноември 2018. Посетено на 16 јануари 2019.
- ↑ Стивен Фаранд (15 октомври 2013). „Трка околу Пекинг: Инчаусти го освои генералниот пласман“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 15 октомври 2013.
- ↑ Стоукс, Шејн (30 декември 2011). „Хуан Хосе Кобо потпишал двегодишен договор со екипата Мувистар“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 4 јануари 2012.
- ↑ Виндзор, Ричард (25 септември 2015). „Бењат Инчаусти потпиша за Тим Скај од Мовистар“. Cycling Weekly. Посетено на 26 септември 2015.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/intxausti-leaves-team-sky-for-euskadi-murias/
Надворешни врски
уреди„Бењат Инчаусти“ на Ризницата ? |
- Матична страница (шпански)
- „Достигнувања на Бењат Инчаусти“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Бењат Инчаусти“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Бењат Инчаусти“. ProCycling.