Абдул Хамид І (османски турски: عبد الحميد اول‎; турски: I. Abdülhamid; роден на 20 март 1725 година[3] - починал на 7 април 1789 година во Цариград) — 27-миот Султан на Отоманското Царство кој владеел во периодот од 1744 до 1789 година, наследувајќи го својот брат Мустафа ІІІ. Тој бил син на Ахмед III (1703-1730) и Рабија султан. Водел неуспешни војни со Русија. Негов наследник бил Селим III.

Абдул Хамид I
عبد الحميد الاول
Отомански калиф
Амир ел-муминин
Чувар на Двете Свети Џамии
Султан на Отоманското Царство
Кајсери-Рум
Хан
27-ми Отомански султан (Падишах)
На престол21 јануари 1774 – 7 април 1789
ПретходникМустафа III
НаследникСелим III
Роден(а)20 март 1725[1]
Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство
Починал(а)7 април 1789(1789-04-07) (возр. 64)[1]
Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство
Почивалиште
ПридружничкиАјше кадин
Рухшах кадин
Хумашах кадин
Сенијепервер султан
Биназ кадин
Мехтабе кадин
Мутебере кадин
Шебсефа кадин
Накшидил султан
Децапогледни подолу
Полно име
Абдулхамид Хан бин Ахмед [2]
ДинастијаОсманлиска династија
ТаткоАхмед III
МајкаРабија султан
Вероисповедислам
ТургаАбдул Хамид I عبد الحميد الاول's signature

Рани години

уреди

Абдул Хамид I е роден на 20 март 1725 година во Цариград, како помлад син на султанот Ахмед III (владеел 1703-1730 година) и Шерми кадин[4]. Ахмед III абдицирал во корист на неговиот внук Махмуд I, кој пак бил наследен од страна на неговиот брат Осман III. По Осман на престолот застанал помладиот син на Ахмед, Мустафа III. Како потенцијален наследник на престолот, Абдул Хамид бил затворен повеќе од четириесет и две години од својот живот со неговите братучеди Махмуд I и Осман III и неговиот постар брат Мустафа III, како што било обичај во Кафез. Тој добил рано образование од својата мајка Рабија султан, од кого научил историја и калиграфија[4].

Управување

уреди

Качување на престолот

уреди

На денот на смртта на Мустафа, на 21 јануари 1774 година, Абдул Хамид се искачил на престолот со церемонија одржана во палатата. Следниот ден се одржала погребната поворка на Мустафа III. Новиот султан испратил писмо до Големиот везир Мехмед-Паша на фронтот и го известил да ја продолжи својата должност. На 27 јануари 1774 година била одржана церемонијата со мечот во џамијата Ејуп Султан. Во тоа време, војните на османлиско-рускиот фронт продолжиле, војската била изморена, а во Истанбул имало недостиг на храна[5].

Управување

уреди

Долгото затворање на Абдул Хамид го направило рамнодушен кон државните работи и тој не можел да се прилагоди на новиот живот. Тој бил многу религиозен и пацифист по природа. Кога застанал на султанскиот престол наследил големи финансиски проблеми во отоманскиот буџет. Финансиите биле толку загрижувачки што тој како нов султан немал средства да го исплати јаничарскиот копрпус. Новиот султан на јаничарите им рекол: „Повеќе нема граници во нашата ризница, та треба да го научат сите наши војници“.

 
Отоманската армија во Софија, нејзин најголем гарнизон во Румелија, во 1788 година.

Абдул Хамид се обидел да ги реформира вооружените сили на Отоманското Царство, како јаничарскиот корпус така и морнарицата. Од друга страна, тој основал нов артилериски корпус и бил заслужен за создавањето на Царската школа за морепловство[1].

Абдул Хамид се обидел да ја зајакне османлиската власт над Сирија, Египет и Ирак. Но, малите успеси против бунтовите во Сирија и Мореја не можеле да ја надоместат загубата на полуостровот Крим, кој станал номинално независен во 1774 година, но во пракса бил контролиран од Руското Царство.

Русија постојано ја искористувала својата позиција како заштитник на источните христијани да се меша во работите на царството. Османлиите објавиле војна против Русија во 1787 година. Австрија наскоро и се придружила на Русија како сојузник, започнувајќи ја Австриско-турската војна (1787-1791). Војната со Русија завршила со потпишување на Јашкиот мировен договор, според кој Крим и Очаков (сите негови жители биле масакрирани) биле присоединети кон Русија, а границата помеѓу двете земји се поместила до реката Днестар. Освен тоа, Османлиите се откажале од Грузија. Војната со Австрија завршила со потпишување на Свиштовскиот договор. Се вели дела поради овој тежок пораз, Абдул Хамид I доживеал срцев удар и починал починал четири месеци подоцна.

И покрај неговите неуспеси, Абдул Хамид се сметаше за најмилостивиот отомански султан. Тој лично ја водел противпожарната единица за време на пожарот во Цариград во 1782 година. Народот му се восхитувал за неговата верска посветеност, па дури и го нарекувале Вели („светец“). Тој исто така ја истакнал реформската политика, внимателно ја надгледувал работата на владата и работел со државниците од останатите земји.

Абдул Хамид I се свртел кон внатрешните работи откако војната со Русија завршила на овој начин. Тој се обидел да ги задуши внатрешните востанија предводени од Гази Хасан-паша во Алжир и да ги регулира реформските работи преку Силхдар Сејид Мехмед-паша и Халил Хамид-паша.

Особено во Сирија, бунтот на Захир ел-Омар, кој соработувал со адмиралите на руската морнарица во Средоземното Море, имајќи корист од конфузијата предизвикана од руската експедиција на руската кампања во 1768 година и го потиснал бунтот во Египет во 1775 година. Од друга страна, конфузијата во Пелопонез била прекината и била постигната смиреност. Гази Хасан-паша и Ахмед-паша одиграле важна улога во сузбивањето на сите овие настани[6].

Договор од Ќучук Кајнарџа

уреди

И покрај неговите мирољубиви склоности, Отоманското Царство било принудено да ја обнови тековната војна со Русија. Ова довело до целосен пораз на во Битката кај Козлуџа и понижувачкиот договор од Ќучук Кајнарџа, потпишан на 21 јули 1774 година. Според договорот, Керч и неколку други црноморски пристаништа од Кримскиот Полуостров биле отстапени на Русија остатокот од Кримското Ханство било прогласено за независно. Дозволено било на руските трговски бродови да пловат во турските води. Молдавија и Влашка биле вратени под властта на султанот, но Русија стекнала право на мешање во Високата порта (судот на султанот) во име на овие две кнежевства. Покрај тоа, Русија добила одредени права во име на грчките православни поданици на султанот и можност Русија да изгради црква во Галата.Оваа црква била наречена Руско-грчка црква, и станала под заштита на руските амбасадори во Истанбул[7].

Абдул Хамид I починал во 1789 година.

Архитектура

уреди

Абдул Хамид I оставил многу архитектонски дела, претежно во Истанбул. Најважната од нив е градбата во Сиркеџи од 1777 година. Тој изградил фонтана, основно училиште, медреса и библиотека покрај оваа зграда. Книгите во библиотеката се чуваат денес во библиотеката Сулеманије и медресата се користи како берзанска зграда. За време на изградбата на гостилницата Вакиф, фонтаната била отстранета со конструкција, а фонтаната била пренесена на аголот од џамијата Зејнеп Султан наспроти паркот Ѓулхан[6].

Покрај овие дела, во 1778 година била изградена џамија кај Бејлербеј во име на Рабија Шерми Кадин и изградил фонтани на плоштадот Чамлица. Покрај тоа, тој значително ја поправил Беглербеговската џамија и изградил фонтана и бања и продавници во Емирџан во 1783 година, а друга за Хамишах Султан и неговиот син Мехмед.

Личен живот

уреди

Познато е дека Абдул Хамид I бил љубител на неговите деца, бил заинтересиран за семеен живот, летните месеци ги поминувал во Карагач, Бешикташ со неговите придружнички, ќерки и синови. Стилот на облекување на неговата ќерка Есма Султан се пример за истанбулските дами од тоа време[6].

Семејство

уреди
Придружнички

Абдул Хамид имал девет жени:

 
Џамија Шеп Сефа хатун
  • Накшидил султан[10] (починала на 22 август 1817, погребана во турбето на Накшидил во Фатих џамија );[20] Митска легенда тврди дека таа била далечна роднина на Жозефина;[21]
Синови

Негови синови биле:

  • Мустафа IV (управувал 1807–08) – Сенијепервер султан;[10]
  • Махмуд II (управувал 1808–39) – со Накшидил султан ;[10]
  • Шехзаде Абдула (10 јануари 1776 – 10 јануари 1776);[12]
  • Шехзаде Мехмед (22 август 1776 – 3 февруари 1781, погребан во турбето на Абдул Хамид I I) – со Хумашах;[10][22]
  • Шехзаде Ахмед (12 декември 1776 – 18 декември 1778, погребана во турбето на Абдул Хамид I I) – Сенијепервер султан;[10][23]
  • Шехзаде Абдурахман (31 јули 1777 – 2 август 1777);[12]
  • Шехзаде Сулејман (13 март 1779 – 19 јануари 1786, погребан во турбето на Абдул Хамид I I) - со Мутебере;[24][25]
  • Шехзаде Абдул Азис (19 август 1779 – 19 август 1779) – со Рухшах;[12]
  • Шехзаде Мехмед Нусрет (20 септември 1782 – 23 октомври 1785) – со Шебсафа;[26]
  • Шехзаде Сејфула Мурад (22 октомври 1783 – 21 јануари 1786, погребанаво турбето на Абдул Хамид I I) - со Накшидил султан ;[12][27]
Ќерки

Негови ќерки биле:

  • Хатиџе султан (12 јануари 1776 – 8 ноември 1776, побребана во Јени џамија); [28]
  • Ајше султан (30 јули 1777 – 9 септември 1777);
  • Есма султан (16 јули 1778 – 4 јуни 1848, погребана во турбето на Махмуд II) – со Сенијепервер султан,[29] се омажила на 29 мај 1792;[10]
  • Rabia Sultan (19 април 1780 – 28 јуни 1780, погребана во турбето на Абдул Хамид I I);[10][22]
  • Ајнишах султан (10 јули 1780 – 28 јули 1780, погребана во турбето на Абдул Хамид I I);[25]
  • Меликшах султан (29 декември 1780 – 1781, погребана во турбето на Абдул Хамид I I); [30][27]
  • Рабија султан (10 август 1781 – 3 октомври 1782, погребана во турбето на Абдул Хамид II);[27]
  • Фатма султан (19 јануари 1782 – 11 јануари 1786, погребана во турбето на Абдул Хамид I I) – со Сенијепервер султан;[12][30][27]
  • Алемшах султан (10 ноември 1784 – 10 март 1786, погребана во турбето на Абдул Хамид I) - со Шебсафа;[12][30][27]
  • Салиха султан (28 ноември 1786 – 10 април 1788, погребана во турбето на Абдул Хамид I) - со Накшидил султан ;[12][31]
  • Емине султан (4 февруари 1788 – 9 март 1791, погребана во турбето на Абдул Хамид I ) – со Шебсафа;[12][23]
  • Хибетулах султан (16 март 1789 – 18 септември 1841, погребана во турбето на Махмуд II) – со Шебсафа.[10]
Посвоени ќерки

Абдул Хамид имал посвоено ќерка уште кога бил принц:

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Hoiberg, Dale H., уред. (2010). „Abdulhamid I“. Encyclopædia Britannica. I: A-ak Bayes (15. изд.). Chicago, IL: Encyclopædia Britannica Inc. стр. 22. ISBN 978-1-59339-837-8.
  2. [1]
  3. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Абдул Хамид“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 3. Text "series " ignored (help)
  4. 4,0 4,1 Derman Sabancı (2002). „27. Osmanlı padişahı Sultan I. Abdülhamid'in eserleri“ (PDF). Islamic Manuscripts. Архивирано од изворникот (PDF) на 28 March 2016. Посетено на 15 February 2017.
  5. Sakaoğlu 2015, стр. 349.
  6. 6,0 6,1 6,2 „ABDÜlHAMID I عبدالحمید (ö. 1203/1789) Osmanlı padişahı (1774-1789)“. İslam Ansiklopedisi. Посетено на 2 May 2020.
  7. Sakaoğlu 2015, стр. 350.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 Kocaaslan, Murat. I. Abdülhamid’in İstanbul’daki İmar Faaliyetleri. стр. 124–5.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 Cunbur, Müjgan. I. Abdülhamid Vakfiyesi Ve Hamidiye Kütüphanesi.
  10. 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 10,11 Uluçay, Мустафа Çağatay (2011). Padişahların kadınları ve kızları. Ötüken, Ankara. стр. 105–9.
  11. Tabakoğlu, Ahmet (1998). İstanbul su külliyâtı: İstanbul şer'iyye sicilleri : Mâ-i Lezı̂z defterleri 2 (1791-1794). İstanbul Araştırmaları Merkezi. стр. 147.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 12,6 12,7 12,8 Sarıcaoğlu, Fikret (2001). Kendi kaleminden bir Padişahın portresi Sultan I. Abdülhamid (1774-1789). Tatav, Tarih ve Tabiat Vakfı. стр. 17–18. ISBN 978-9-756-59601-2.
  13. Raif, Mehmet; Kut, Günay; Aynur, Hatice (1996). Mirʼât-ı İstanbul. felik Gülersoy Vakfı. стр. 99.
  14. Ayvansarai, Hafız Hüseyin; Çabuk, Vâhid (1985). Mecmuâ- i tevârih. İstanbul Üniversitesi Edebiyat Fakültesi. стр. 261.
  15. Haskan, Mehmet Nermi (2001). Yüzyıllar boyunca Üsküdar - Volume 2. Üsküdar Belediyesi. стр. 758. ISBN 978-9-759-76060-1.
  16. Ziya, Mehmet (2004). Istanbul ve Boğaziçi: Bizans ve Osmanlı medeniyetlerinin Ölümsüz Mirası, Volume 1. BIKA.
  17. Kal'a, Ahmet; Tabakoğlu, Ahmet (2000). İstanbul su külliyâtı. 16 : İstanbul şer'iyye sicilleri mâ-i lezîz defterleri. (1813 - 1817). İstanbul Araştırmaları Merkezi. стр. 97.
  18. Sarıcaoğlu, Fikret (2001). Kendi kaleminden bir Padişahın portresi Sultan I. Abdülhamid (1774-1789). Tatav, Tarih ve Tabiat Vakfı. стр. 8. ISBN 978-9-756-59601-2.
  19. Tabakoğlu, Ahmet (1998). İstanbul su külliyâtı: İstanbul şer'iyye sicilleri : Mâ-i Lezı̂z defterleri 1 (1786-1791), Volume 3. İstanbul Araştırmaları Merkezi. стр. 229.
  20. Tabakoğlu, Ahmet (1998). İstanbul su külliyâtı: İstanbul şer'iyye sicilleri : Mâ-i Lezı̂z defterleri 1 (1786-1791), Volume 3. İstanbul Araştırmaları Merkezi. стр. 153.
  21. Christine Isom-Verhaaren Royal French Women in the Ottoman Sultans' Harem: The Political Uses of Fabricated Accounts from the Sixteenth to the Twenty-first Century, Journal of World History, vol. 17, No. 2, 2006.
  22. 22,0 22,1 Haskan 2018, стр. 75.
  23. 23,0 23,1 Haskan 2018, стр. 84.
  24. Abanoz, Fatih (2013). GÜLŞEHİR'İN BİR DEĞERİ "SİLAHDAR (KARAVEZİR) SEYYİD MEHMET PAŞA" HAYATI ve ESERLERİ. стр. 118.
  25. 25,0 25,1 Haskan 2018, стр. 74.
  26. Barışta, Örcün (2000). Osmanlı İmparatorluğu dönemi İstanbul'undan kuşevleri. Kültür Bakanlığı. стр. 223. ISBN 978-9-751-72535-6.
  27. 27,0 27,1 27,2 27,3 27,4 Haskan 2018, стр. 76.
  28. Uluçay 2011, стр. 166.
  29. Kal'a, Ahmet; Tabakoğlu, Ahmet (2002). Vakıf su defterleri. İstanbul Araştırmaları Merkezi. стр. 182.
  30. 30,0 30,1 30,2 Uluçay 2011, стр. 169.
  31. Haskan 2018, стр. 77.

Извори

уреди
  • Haskan, Mehmet Nermi (January 1, 2018). Hamîd-i Evvel Külliyesi ve Çevresi. Istanbul Ticaret Borsasi. ISBN 978-6-051-37663-9.

Надворешни врски

уреди
Абдул Хамид I
Роден(а): 20 март 1725 Починал(а): 7 април 1789[64 години]
Владејачки титули
Претходник
Мустафа III
Султан на Отоманското Царство
21 јануари 1774 – 7 април 1789
Наследник
Селим III
Духовни титули
Претходник
Мустафа III
Калиф на Отоманскиот Калифат
21 јануари 1774 – 7 април 1789
Наследник
Селим III