Ноа Лајлс

американски атлетичар

Ноа Лајлс (роден на 18 јули 1997 г.)[4] — американски атлетичар кој се натпреварува во спринтерските трки на 100 и 200 метри.

Ноа Лајлс
Лични податоци
Роден(а)18 јули 1997(1997-07-18)(27 г.)[1]
Гејнсвил, Флорида, САД[1]
Висина1.80 м[1]
Спорт
Земја САД
СпортАтлетика
Дисциплини100 метри, 200 метри
КлубPURE Athletics[2]
ТренерЛенс Брауман[3]
Успеси и титули
Лични рекорди

Тој е освојувач на бронзен медал од Летните олимписки игри 2020 во Токио на трката на 200 метри како и шесткратен првак од светските првенства, победувајќи на трките на 200 метри на светските првенства во 2019 и 2022, и на трките на 100 метри, 200 метри и на штафетната трка 4 x 100 метри на Светското првенство 2023. На Светското првенство 2022, Лајл освоил сребрен медал на штафетната трка 4 × 100  метри. Негови најдобри истрчани времиња се 9.83 секунди на 100 метри и 19.31 секунди на 200 метри, од кои второто претставува американски рекорд и го прави трет најбрз човек во светот на сите времиња, зад Јусејн Болт и Јохан Блејк.

Лајлс освоил златен медал на трката на 200 метри на Младинските олимписки игри 2014 во Нанџинг. Тој освоил златни медали на 100 метри и на штафетната трка 4 × 100 метри на Светското јуниорско првенство во 2016 година. Тој е петкратен победник во Дијамантската лига.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Noah Lyles“. teamusa.org. USOC. Посетено на 29 јули 2020.
  2. Eder, Larry (28 декември 2017). „PURE Athletics, some thoughts on what is behind the great races“. runblogrun.com. RunBlogRun. Посетено на 24 јануари 2019.
  3. Dennehy, Cathal (15 декември 2018). „Lyles' Doha ambition: 'I want to be world champion before I go to the Olympics'. iaaf.org. IAAF. Посетено на 24 јануари 2019.
  4. „Noah LYLES – Athlete Profile“. World Athletics. Посетено на 1 јануари 2023.

Надворешни врски

уреди