Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Сергеј Милинковиќ-Савиќ (српска кирилица: Сергеј Милинковић-Савић; роден на 27 февруари 1995 година), познат како Сергеј, е српски фудбалер играч од средниот ред на Ал Хилал и на српската репрезентација.

Сергеј Милинковиќ Савиќ
Лични податоци
Полно име Сергеј Милинковиќ-Савиќ
Роден на 27 февруари 1995(1995-02-27)(29 г.)
Роден во Леида, Шпанија
Држава Србија Србија
Висина &100000000000001920000001,92 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Ал-Хилал Ал-Хилал
Број 21
Младинска кариера
АК Грацер
2006–2013 Војводина Војводина
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013–2014 Војводина Војводина 13 (3)
2014–2015 Генк Генк 24 (5)
2015–2023 Лацио Лацио 267 (57)
2023– Ал-Хилал Ал-Хилал 7 (2)
Репрезентација
2013–2014 Србија Србија 19 14 (4)
2014–2015 Србија Србија 20 11 (1)
2014– Србија Србија 21 12 (4)
2017– Србија Србија 45 (7)
* Ажурирано на: 7 May 2022
** Ажурирано на: 18 May 2022

Животопис

уреди

Mилинковиќ-Савиќ е роден во Леида, Шпанија,[1] каде што неговиот татко Никола Милинковиќ,[2] играл професионален фудбал во Шпанија во тоа време. Неговата мајка, Милана Савиќ, е поранешна професионална кошракашка. Исто така, Милинковиќ-Савиќ е постар брат на Вања Милинковиќ-Савиќ.[3]

Клупска кариера

уреди

Војводина

уреди

Милинковиќ-Савиќ ја поминал младинската академија на Војводина. Тој бил еден од фудбалерите од средниот ред кои се појавиле во младински тим кој освоил две последователни национални титули во младинското првенство, заедно со Мијат Гационовиќ и Небојша Косовиќ. Како резултат на тоа, Милинковиќ-Савиќ го потпишал својот прв професионален договор со клубот на 26 декември 2012 година, на три години.[4]

Милинковиќ- Савиќ своето деби го имал на гостински терен со поразот од 3–0 против Јагодина на 23 ноември 2013 година.[5] Својот прв гол го постигнал против Спартак Суботица на 9 март 2014 година. Вкупно, Милинковиќ-Савиќ настапи на 13 лигашки натпревари и постигнал три голови во сезоната 2013–14 во Српската Супер лига.Тој исто така и помогнал на Војводина да го освои Купот на Србија во истата сезона.

Генк

уреди

Во јуни 2014 година, Милинковиќ-Савиќ потпишал пет-годишен договор со белгискиот клуб Генк и му бил даден дресот со број 20.[6] Тој го направи своето деби за клубот во 1-1 нерешениот натпревар со Серкл Бриж на 2 август 2014 година, додека својот прв гол за Генк 1-1 го постигнал против Локерен на 18 јануари 2015 година. Тој постигнал вкупно пет голови во 24 настапи во сезоната 2014-15 во белгиската Про лига.

Лацио

уреди

На 31 јули 2015 година, било најавено дека тој ќе се приклучи на Лацио.[7] Тој го направил своето деби за клубот во првиот натпревар од 2015-16 година во квалификациите за Лигата на Шампионите против Баер Леверкузен на 18 август 2015 година.[8] Милинковиќ-Савиќ го постигнал својот прв гол за Лацио во групната фаза во Лига Европа против екипата на Днепар Днипро на 17 септември 2015 година.[9] Тој го постигнал својот прв во Серија А во 3-1 гостинската победа над Фиорентина на 9 јануари 2016 година. Во текот на неговата деби сезона 2015-16 сезона, Милинковиќ-Савиќ настапил 35 пати и постигна три гола за Лацио во сите натпреварувања.

Репрезентативна кариера

уреди

Млади категории

уреди

Милинковиќ-Савиќ ја претставуваше младата селкеција на Србија под-19 години на УЕФА Европското првенство Под-19 години со освојувањето на златниот медал. Тој ги одигра сите 90 минути во четири од пет натпревари, вклучувајќи го и финалето на натпреварот против Франција.[10] Потоа, Милинковиќ-Савиќ се појави на УЕФА Евро-19 првенство во 2014 година, каде што неговиот тим беше елиминиран во полуфиналето од Португалија.

Милинковиќ-Савиќ беше еден од највлијателните играчи на ФИФА Светското првенство за играчи до 20 годни, што се одржа на Нов Зеланд, каде што младата репреентацја на Србија победи на турнирот.[11] Тој бил награден со бронзен топка за неговите настапи за време на турнирот.[12]

Сениорска репрезендтација

уреди

Во октомври 2015 година, Милинковиќ-Савиќ го добил својот прв повик во репрезентацијата на Србија од страна на менаџерот Радован Чурчиќ за квалификациите за Евро 2016 против Албанија и Португалија.[13] Тој останал неискористена замена на двата натпревари. Во мај 2016 година, Милинковиќ-Савиќ бил избран од страна на новоименуваниот селектор Славољуб Муслин за пријателските натпревари против Кипар, Израел и Русија.[14] Сепак, откако не успеа да добие шанса за играње во првите два натпревари, Милинковиќ-Савиќ го напушти тимот во согласност со Муслин кој рече дека некои други играчи подобро се вклопуваат во неговиот тактички формат.[15]

Наводи

уреди
  1. „Milinkovic-Savic, sport in the genes“. fifa.com. 17 February 2015. Архивирано од изворникот на 2017-10-29. Посетено на 2 July 2015.
  2. „FANATIK: Sećate li se Bečeja i Bekrija?“ (српски). mozzartsport.com. 25 June 2014. Посетено на 19 April 2016.
  3. „Braća Milinković-Savić biseri sa novosadskog asfalta“ (српски). novosti.rs. 6 April 2014. Посетено на 30 June 2014.
  4. „SERGEJ MILINKOVIĆ PROFESIONALAC“ (српски). fkvojvodina.rs. 26 December 2012. Архивирано од изворникот на 2013-09-06. Посетено на 2 June 2014.
  5. „JAGODINA-VOJVODINA 3 : 0“ (српски). fkvojvodina.rs. 23 November 2013. Архивирано од изворникот на 2013-11-26. Посетено на 25 November 2013.
  6. „Milinković-Savić predstavljen u Genku“ (српски). sportal.rs. 29 June 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-08. Посетено на 30 June 2014.
  7. „Lazio, Milinkovic-Savic: c'è l'accordo col Genk, in campo già per la Supercoppa“ (италијански). gazzetta.it. 31 July 2015. Посетено на 13 August 2015.
  8. „Milinkovic-Savic Emotional On Lazio Champions League Debut“. forzaitalianfootball.com. 20 August 2015. Посетено на 24 September 2015.
  9. „Milinkovic-Savic: "Felice per il gol, peccato per il risultato" (италијански). sslazio.it. 18 September 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-25. Посетено на 24 September 2015.
  10. „Luković strike seals first Serbia triumph“. uefa.com. 1 August 2013. Посетено на 25 November 2013.
  11. „Ecstasy in Auckland as Serbia make history“. fifa.com. 20 June 2015. Архивирано од изворникот на 2015-07-27. Посетено на 2 July 2015.
  12. „New Zealand sees stars emerge, Serbia sparkle“. fifa.com. 22 June 2015. Архивирано од изворникот на 2016-11-16. Посетено на 2 July 2015.
  13. „Ćurčić objavio spisak za Albaniju: Sergej Milinković-Savić debituje!“ (српски). blic.rs. 4 October 2015. Посетено на 5 April 2017.
  14. „MUSLINOVI "ORLOVI" Ovo je spisak nove reprezentacije Srbije u fudbalu“ (српски). blic.rs. 10 May 2016. Посетено на 5 April 2017.
  15. „BEZ TANDEMA NA RUSE Muslin: Ljajić je povređen, Milinković-Saviću ne odgovara formacija“ (српски). blic.rs. 1 June 2016. Посетено на 5 April 2017.

Надворешни врски

уреди