Отвори го главното мени

Кеита Балде Диао (роден на 8 март 1995 во Арбусес) — сенегалски фудбалер, напаѓач на Монако и на сенегалската репрезентација.

Сенегал Кеита
Лични податоци
Полно име Кеита Балде Диао
Роден на 8 март 1995 (1995-03-08) (24 г.)
Роден во Арбусес, Шпанија
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Монако Монако
Број 14
Младинска кариера
Дам Дам
Барселона Барселона
Корнелја Корнелја
Лацио Лацио
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013-2017 Лацио Лацио 110 (26)
2017- Монако Монако 23 (8)
Репрезентација
2016-  Сенегал 18 (3)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 јануари 2012

БиографијаУреди

Тој е постар брат на Ибу Балде, напаѓачот на Примавера тимот на Сампдорија.[1]

Технички карактеристикиУреди

Најчесто игра како лево напаѓачко крило во 4-3-3 или 4-2-3-1 формација; ретко во кариерата бил користен и како осамен напаѓач. Опремен со добри тркачки способности и брз дриблинг често може да се види во улога на асистент при постигнувањето на головите за неговиот тим, но исто така има одличен удар со кој и тој самиот може да ги завршува акциите и да постигнува голови од блиско и од далечно растојание.[2]

Клупска кариераУреди

ПочетоциУреди

Роден во Арбусес, Жирона, Каталонија, од сенегалски родители, Кеита доаѓа во младинската школа Барселона во 2004 година, од екипата на Дам. Во 2010 година, Кеита отпатувал со младинскиот тим на Барселона на еден турнир во Катар, каде што тој ќе биде казнет заради правење на невкусна шега на соиграч, ставајќи му коцка мраз во креветот.[3] Казната се состоела во тоа што играчот веднаш морал да ја напушти Барселона, и да замине на позајмица во Корнелја, каде што тој постигнал 47 гола во една сезона.[3] По завршувањето на заемот, младиот напаѓач одлучил да не се враќа во Барселона.[3]

ЛациоУреди

Во летото 2011 година, Кеита потпишал за италијанскиот клуб Лацио, која им плаќа на каталонците околу 300.000 евра, од кои 10% и припаднале на Корнелја.[3] Кеита не бил во можност да игра официјални натпревари за Лацио цела една година, поради тоа што тој морал да чека да добие шпанско државјанство и пасош од ЕУ кои му биле потребни за да биде регистриран во италијанскиот клуб. Сепак, тој импресионирал додека играл на младинското натпреварување Торнео Карол Војтила, каде што постигнал шест гола во четири натпревари.[3] Потоа Кеита играл за Примавера тимот на Лацио во сезоната 2012-2013. Тој бил повикан од страна на тренерот на првиот тим на Лацио Владимир Петковиќ за да седи на клупата во неколку натпревари од втората половина на сезоната, но без да го направи своето професионално деби. На 9 јуни 2013 година, со примавера, играл во финалето и го освоил скудетото против Аталанта, кога Лацио станува шампион во Примавера шампионатот.[4]

Следната сезона тој бил промовиран во редовен играч на првиот тим и се одлучил да го носи дресот со број 14. Своето професионално деби го направил на 15 септември 2013 година во победата со 3-0 против Кјево, влагувајќи од клупата за резерви на местото на Луис Педро Каванда во последните минути од натпреварот.[5] Пет дена подоцна, Кеита го направил своето деби во Лигата на Европа, започнувајќи како стартер во победата со 1-0 на домашен терен над Легија Варшава, асистирајќи притоа за единствениот гол во натпреварот кој го постигнал Ернанес.[6] На 10 ноември 2013 година го постигнал својот прв професионален гол во кариерата, во ремито 1-1 против Парма во Серија А, погодок со кој го отворил резултатот во натпреварот во 50-тата минута.[7] На 9 февруари 2014 година за време на Римското дерби кое завршило нерешено 0-0, Кеита станал најмладиот играч во историјата на Лацио, кој започнал од првата минута во некој од натпреварите на дербито.[8] Својата прва сезона како професионалец ја завршил со 35 настапи и 6 гола.

Следната сезона ја започнал постигнувајќи два гола на еден натпревар за прв пат во својата профи кариера, во победата со 7-0 над Басано Виртус во Купот на Италија. На 29 април 2015 година, во победата на домашен терен со 4-0, против Парма во лигата, Кеита постигнал гол впишувајќи се меѓу стрелците повторно по 359 дена од неговиот последен гол во Серија А. На 20 мај 2015 неговиот Лацио загубил во финалето на Купот на Италија од Јувентус со 2-1, а тој влегол во игра во 106-тата минута од продолженијата.[9] Втората сезона во дресот на Лацио ја завршил со вкупо 29 натпревари на кои постигнал 4 гола.

На почетокот на својата трета сезона со Лацио, го одиграл својот прв натпревар во Лигата на шампионите во плејоф рундата од преелиминарната фаза, во кои токму со неговиот гол во 77-мата минута Лацио го совладал Баер Леверкузен со 1-0 на 18 август 2015.

МонакоУреди

На 29 август 2017, Монако го купил Кеита од Лацио за сума од 30 милиони евра потпишувајќи петгодишен договор со играчот.

Репрезентативна кариераУреди

Кеита е роден во Шпанија од родители од сенегалско потекло. Иако тој имал право да игра за шпанската репрезентација, Кеита избрал да игра за земјата на неговите родители, Сенегал, добивајќи го првиот повик од селекторот Алиу Сисе за натпреварот против Нигер во квалификациите за Африканскиот куп на нации.[10] Своето деби го направил токму во тој натпревар влегувајќи како замена од клупата во победата на Сенегал со 2-0.[11] Својот прв погодок за репрезентацијата на Сенегал го постигнал во својот четврти настап, во победата со 2-0 на домашен терен над Намибија исто така во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2017.

На 30 декември 2016 бил повикан да ја претставува својата земја на Африканскиот куп на нации 2017 во Габон. Кеита играл во сите четири натпревари на својата репрезентација на турнирот, а авантурата на Сенегал завршила во четвртфиналето кога тие биле елиминирани на пенали од подоцнежниот шампион Камерун со 5-4 на пенали.

Хронологија на репрезентативните настапиУреди

Клупска статистикаУреди

Статистиката е ажурирана на 13 февруари 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентални купови Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Наст Гол
2013-2014   Лацио А 25 5 КИ 2 0 ЛЕ 8 1 СИ 0 0 35 6
2014-2015 А 23 1 КИ 6 3 - - - - - - 29 4
2015-2016 А 31 4 КИ 1 0 ЛШ+ЛЕ 2[12]+5 1[12]+0 СИ 0 0 39 5
2016-2017 А 18 6 КИ 0 0 - - - - - - 18 6
Вкупно кариера 97 16 9 3 15 2 - - 121 21

НаводиУреди

  1. „Sampdoria, preso Ibou Balde, il fratello del laziale Keita: farà la Primavera“. конс. 2016-02-01.  Unknown parameter |site= ignored (помош)
  2. „Esclusiva - Keita, la nuova promessa della Lazio. L'agente: C'era l'offerta del Real Madrid, ma...“. 03 gennaio 2014. конс. 14 aprile 2014.  Unknown parameter |editore= ignored (помош);
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 lazio.net, уред. (30 dicembre 2012). „Finalmente Keita - La Lazio scopre il baby fenomeno“. конс. 27 febbraio 2014. 
  4. „La S.S. Lazio Primavera Campione d'Italia 2012/2013“. 10 giugno 2013. конс. 14 aprile 2014.  Unknown parameter |editore= ignored (помош);
  5. soccerway.com (уред.). „Lazio 3 - Chievo 0“. конс. 27 febbraio 2014.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  6. soccerway.com, уред. (19 settembre 2013). „Lazio 1 - Legia Varsavia 0“. конс. 27 febbraio 2014. 
  7. gazzetta.it, уред. (09 novembre 2013). „Parma-Lazio 1-1, non basta Keita show e gol: pareggia Lucarelli“. конс. 9 febbraio 2014. 
  8. lazionews.eu, уред. (9 febbraio 2014). „Keita da record: è il giocatore più giovane nella storia della Lazio a partire titolare in un derby. E se segnasse, altro record“. конс. 9 febbraio 2014. 
  9. Juventus, in bacheca la decima Coppa Italia! Lazio freddata da mitra Matri“, 30 maggio 2015.
  10. „Sénégal-Niger : Aliou Cissé publie une liste de 26 joueurs.“. Dakar Actu. конс. 4 March 2016. 
  11. CAF – Competitions – Q CAN 2017 – Match Details. Cafonline.com. Retrieved on 20 June 2016.
  12. 12,0 12,1 Во плејоф рундата од квалификациите против Баер Леверкузен.

Надворешни врскиУреди