Дуван Естебан Сапата Бангуеро (роден на 1 април 1991 во Кали) — колумбиски фудбалер, напаѓач на Аталанта, на заем од Сампдорија, и на колумбиската репрезентација.

Дуван Сапата
Лични податоци
Полно име Дуван Естебан Сапата Бангуеро
Роден на 1 април 1991(1991-04-01)(33 г.)
Роден во Кали, Колумбија
Држава Колумбија Колумбија
Висина &100000000000001890000001,89 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Торино Торино
Број 91
Младинска кариера
Америка де Кали Америка Кали
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2011 Америка де Кали Америка Кали 38 (7)
2011-2013 Естудијантес Естудијантес Л.П. 44 (19)
2013-2017 Наполи Наполи 37 (11)
2015-2017Удинезе Удинезе 63 (18)
2017-2018 Сампдорија Сампдорија 31 (11)
2018-2023 Аталанта Аталанта 153 (69)
2023-Торино Торино 18 (5)
Репрезентација
2011 Колумбија Колумбија 20 5 (1)
2017- Колумбија Колумбија 34 (4)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 10 јули 2016
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 10 јули 2016

Животопис уреди

Дуван Сапата е роден во Кали, Колумбија, како едно од двете деца на Оливер Сапата и Елфа Бангуера;[1] тој има и сестра по име Карол,[1] додека неговиот братучед, Кристијан Сапата, е исто така професионален фудбалер и репрезентативец на Колумбија.[2]

Тој е оженет со Нана Монтањо,[1] со која имаат две деца син и ќерка.[2]

Технички одлики уреди

Централен напаѓач со огромна физичка моќ, одлика што му овозможува да игра добро свртен со грб кон голот. Тој има моќен и прецизен шут, а исто така е вешт во играта во воздуот и во играта еден на еден.[3]

Клупска кариера уреди

Америка Кали уреди

Сапата ја започнал својата фудбалска кариера во младинските категории на Америка де Кали. Тој бил промовиран во првиот тим во 2008, и истата година на 18 мај го направил своето деби во натпреварот против Бојака Чико, во кој го забележал и својот прв гол во професионалната кариера.[4] Со текот на времето, постепено тој станал редовен стартер во клубот. На 13 февруари 2011, Сапата го постигнал својот прв хет-трик во кариерата, во победата со 3–2 над Депортиво Переира. Откако настапувал за Колумбија на Светското првенство за играчи под 20 години 2011, било објавено дека Сапата ќе му се приклучи на аргентинскиот клуб Естудиантес де Ла Плата на едногодишна позајмица.

Естудијантес уреди

Во 2011 година, Сапата му се приклучил на Естудијантес на заем за 120.000 долари со можност за откуп за 1.2 милиони долари.[5][6] Сапата постигнал гол уште на своето деби во победата со 3–2 над Белграно. Во текот на својата прва година со Естудијантес, Сапата повремено настапувал и за резервниот тим, но и покрај тоа, тој сепак успеал да постигне четири гола во осум натпревари во Торнео Клаусура 2012. Вкупно во првата сезона во Естудијантес, во Апертура и Клаусура првенствата, Сапата постигнал 5 гола во 11 натпревари. Во текот на летото 2012 година, Естудијантес купил половина права од договорот на Сапата од Америка де Кали.

Во сезоната 2012-2013, Сапата се појавува како редовен член во почетните единаесет на Естудијантес, и со 16 гола на 33 натпревари се претворил во фундаментален дел од тимот. Одличната сезона привлекува интерес за него од европските клубови.[7][8]

Во јули 2013 година, англискиот клуб член на Премиер лигата Вест Хем Јунајтед поднел барање за добивање на работна дозвола за Сапата пред можниот негов трансфер од Естудијантес. Иако не ги исполнувал вообичаените барања за дозвола, Вест Хем се обидел да го обезбеди неговото доаѓање тврдејќи дека тој е "посебен талент" кој ќе ја подобри фудбалската игра во Англија.[9] Сепак, сопствениците на Вест Хем веднаш потоа објавиле на друштвените мрежи дека се повлекуваат од трансферот.[10]

Наполи уреди

На 25 август 2013, Сапата потпишал за Наполи во трансфер вреден 7.5 милиони евра.[11][12] Дебитирал во дресот на Наполи, а во исто време и во Серија А, на 28 септември, во победата со 2-0 против Џенова.[13] Три дена подоцна, дебитирал во Лигата на шампионите, во натпреварот против Арсенал игран на Емирати. На 22 октомври 2013, во истото натпреварување го постигнал својот прв гол во дресот на Наполи, во победата со 2-1 над Олимпик Марсеј на Велодром, само девет минути подоцна по влегувањето во игра на местото на Гонсало Игуаин.[14] Потоа, тој го постигнал својот прв гол пред домашната публика во натпреварот од осминафиналето на Лигата на Европа против Порто, кој завршил со 2-2. Својте први голови во Серија А ги постигнал на 26 март 2014 година, во гостинската победа против Катанија (4-2), во која двапати ја затресол мрежата на сицилијанците.[15] Во мај 2015, тој постигнал уште три гола во првенството, еден во победата со 5-2 на гостувањето кај Сампдорија и два во победата со 5-1 на домашен терен над Верона. Во својата прва сезона со наполитанците постигнал вкупно 7 гола во 22 настапи.

Дури и во сезоната 2014-2015, колумбиецот често се наоѓа себеси како ги започнува натпреварите на клупата за резерви. На 24 септември 2014 година, во третото коло на Серија А 2014-2015, тој го постигнал првиот гол за сезоната во ремито 3-3 на домашен терен против Палермо. Во натпреварот одигран на 22 март 2015 година против Аталанта, го постигнал својот осми гол за сезоната за Наполи, што го прави колумбиец со најмногу постигнати голови во една сезона за наполитанците надминувајќи го Фреди Ринкон кој постигнал 7 во сезоната 1994-1995. Тој исто така во моментов е колумбиски играч со најмногу постигнати голови во дресот на Наполи вкупно 15 во 53 одиграни натпревари во светлосиниот дрес.

Удинезе уреди

Во јули 2015 година, тој го напуштил Неапол и заминал на двегодишна позајмица во Удинезе, со право на откуп.[16] Дебитирал на 23 август 2015, во победата со 1-0 на гостувањето кај Јувентус, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Антонио Ди Натале. Првиот гол за Удинезе во првенството го постигнал против Емполи. Во првата сезона на Фриули одиграл 25 натпревари во првенството и постигнал 8 гола.

Во втората сезона во клубот тој добил повеќе простор за игра откако капитенот Ди Натале се пензионирал. Сапата играл во сите 38 натпревари од Серија А постигнувајќи 10 гола.

Титули уреди

Клупски уреди

  Наполи уреди

Репрезентативни уреди

  Колумбија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Duvan Zapata Biography“. playerswiki.com. 19 јуни 2019. Посетено на 19 јуни 2019.
  2. 2,0 2,1 Fabrizio Salvio (5 јануари 2019). La Gazzetta dello Sport (уред.). „C'era chi mi dava dello scarpone“ (nº 1 (918)). SportWeek. стр. 32–36.
  3. Andrea Bracco. „Duvan Zapata: 1991 - Colombia“. Архивирано од изворникот на 2012-10-15. Посетено на 13 октомври 2012.
  4. „Boyacá Chicó vs. América de Cali 3 - 2“. Посетено на 26 август 2013.
  5. „Inicio Múnera Eastman Radio 790AM“. Radiomunera.com. Архивирано од изворникот на 2014-12-31. Посетено на 2018-07-18.
  6. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 2013-10-23.
  7. „QPR and West Ham target Duvan Zapata to join ex-Liverpool boss Rafa Benitez at Napoli“. 22 August 2013. Посетено на 18 July 2018.
  8. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 2013-10-23.
  9. „West Ham apply for work permit for Colombian forward Duván Zapata“. The Guardian. 12 July 2013. Посетено на 13 July 2013.
  10. Jones, James (18 July 2013). „West Ham pull plug on Zapata deal - West Ham World“.
  11. „Napoli sign Estudiantes' Zapata“. ESPN FC. 25 August 2013. Посетено на 2013-08-25.
  12. „Primo giorno di allenamento per Zapata“. 26 август 2013. Архивирано од изворникот на 2013-08-29. Посетено на 2019-07-13.
  13. „Genoa 0 - 2 Napoli“. 28 септември 2013. Архивирано од изворникот на 2013-10-02. Посетено на 5 октомври 2013.
  14. „Marsiglia-Napoli 1-2: Callejon e Zapata fanno ripartire Benitez“. 22 октомври 2013.
  15. „Catania-Napoli 2-4, gol di Zapata (2), Callejon, Henrique, Monzon e Gyomber“. 26 март 2014.
  16. „Алан во Наполи“. Наполи. 22 јули 2015. Архивирано од изворникот на 2021-05-22. Посетено на 2019-07-14.

Надворешни врски уреди