Стадион Фриули
Стадион Фриули (познат поради спонзорски причини и како Дачија Арена) е повеќенаменски стадион во Удине, Италија. На него својте домашни натпревари ги игра фудбалската екипа Удинезе Калчо.
Стадион Фриули | |
---|---|
Место | Удине, Италија |
Изграден | 1971 |
Отворен | 1976 |
Реновиран | 1990, 2012–2015 |
Сопственик | Удинезе |
Игра | Удинезе |
Гледачи | 25,144[1] |
Откако бил комплетно реновиран во 2013 и 2015, Фриули станал трет фудбалски стадион во Италија кој е во целосна сопственост на некој клуб, по Мапеи во Реџо Емилија (поранешен Стадион Џилјо, сопственост на Реџана и подоцна стекнат од страна на спонзорот Мапеи) и Алијанц стадион во Торино.[2]
Структура
уредиФриули се наоѓа во Рици, четири километри од центарот на Удине.
Отворен е во 1976 како замена за стариот Стадион Морети. Кога бил изграден стадионот можел да прими и до 52 илјади гледачи заради поголемиот број на стоечки места. Денес максималната сместивост на стадион е 41.652 места, но сместивоста моментално е ограничена на 25,144 гледачи. Во 2015 станал трет фудбалски стадион во Италија кој е во целосна сопственост на некој од клубовите (на Удинезе), за разлика од повеќето други стадиони во Италија кој се во сопственост на локалните општини.
На стадионот се наоѓаат и хали за мечување, гимнастика, боречки вештини и атлетика, како и вежбалница во рамките на главната трибина.
Настани
уредиФриули бил домаќин на три натпревари од групата Е на Светското првенство 1990: Уругвај-Шпанија (0-0), Јужна Кореја-Шпанија (1-3) и Јужна Кореја-Уругвај (0-1).
Италијанската репрезентација на него досега одиграла шест натпревари, три пријателски, по една во квалификациите за Европските првенства 1996 и 2000 и една во квалификациите за Светското првенство 2010. Во нив забележала пет победи и едан нерешен резултат.
Во 2005, УЕФА одобрила на овој стадион да се играат натпревари од Лигата на шампионите, каде Удинезе учествувал во сезоната 2005/06.
Многу големи светски музички ѕвезди одржале концерт на овој стадион, а некој од нив се Бон Џови, Ејси диси, Колдплеј, Мадона, Бритни Спирс, Пинк Флојд, Стинг итн.
Наводи
уреди- ↑ Sito ufficiale Udinese Calcio
- ↑ „C'è la Juventus per la prima di ritorno L'Udinese inaugura il Dacia Arena il nuovo stadio senza barriere“. Corriere della Sera (италијански). Посетено на 2016-01-16.
Надворешни врски
уреди„Стадион Фриули“ на Ризницата ? |