Хакан Чалханоглу
Хакан Чалханоглу (роден на 8 февруари 1994 во Манхајм, Германија) — турски професионален фудбалер кој настапува како играч од среденот за Интер и турската репрезентација. Тој е познат по својата способност да постигнува голови од слободен удар.
Хакан Чалханоглу | |||
---|---|---|---|
Чалханоглу со репрезентацијата на Турција во 2016 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Хакан Чалханоглу | ||
Роден на | 8 февруари 1994 | ||
Роден во | Манхајм, Германија | ||
Висина | м | 1,78||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Интер | ||
Број | 20 | ||
Младинска кариера | |||
Туранспор Манхајм | |||
Полизеи СЦ Манхајм | |||
2001–2009 | Валдхоф Манхајм | ||
2009–2011 | Карлсруе | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2011–2013 | Карлсруе | 50 | (17) |
2013–2014 | Хамбургер | 32 | (11) |
2014–2017 | Бајер Леверкузен | 79 | (17) |
2017–2021 | Милан | 120 | (19) |
2021- | Интер | 6 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2010 | Турција 16 | 6 | (1) |
2010–2011 | Турција 17 | 11 | (1) |
2011–2013 | Турција 19 | 15 | (5) |
2012–2013 | Турција 20 | 8 | (1) |
2012–2014 | Турција 21 | 2 | (0) |
2013– | Турција | 62 | (14) |
Клупска кариера
уредиСвојата кариера тој ја започнал во Карслуе во 2010 година, за да подоцна се пресели од другата страна на Хамбург во тимот на Хамбургер две години подоцна, поминувајќи уште една сезона во својот прв клуб на позајмица. Неговите настапи во својата прва сезона во Бундеслигата му го донела трансферот од 14,5 милиони евра во Бајер од Леверкузен во 2014 година.
На 3 јули 2017 година, Чалханоглу потпишал четиригодишен договор со ФК Милан[1]. Надоместокот бил пријавен како првични 20 милиони евра, зголемувајќи се на 24 милиони евра[2]. Својот прв официјален натпревар за Милан го остварил еден месец подоцна во вториот дел од третото квалификациско коло на Лигата на Европа, заменувајќи го Сусо на последните 25 минути со победа од 2-0 над Крајова во Сан Сиро[3]. Тој го постигнал својот прв гол за Милан во победата од 5-1 против Австрија Виена во групната фаза на 14 септември, исто така, обезбедувајќи и две асистенции[4]. На домашен терен, својот прв официјален натпревар за Милан го остварил на 20 август, играјќи 90 минути од победата од 3-0 против ФК Кротоне[5]. Чалханоглу го постигнал својот прв гол во лигата на 25 октомври во победата од 4:1 над Киево, со што станал првиот Турчин кој постигнал погодок во Серија А по Емре Белозоглу во 2003 година.
Репрезентативна кариера
уредиРоден во Германија, Чалханоглу се одлучил да ја претставува Турција на репрезентативно ниво, со што своето деби го остварил во 2013 година.
Наводи
уреди- ↑ A.C. Milan (3 јули 2017). "OFFICIAL: CALHANOGLU IS NOW RED AND BLACK". Соопштение за печат.
- ↑ „AC Milan sign Hakan Calhanoglu from Bayer Leverkusen“. ESPN. 3 July 2017. Посетено на 7 September 2017.
- ↑ „AC Milan 2 CSU Craiova 0 (3-0 agg): Cutrone's first goal seals Europa League progress“. FourFourTwo. 3 August 2017. Посетено на 7 September 2017.
- ↑ „Austria Vienna 1–5 AC Milan“. BBC Sport. 14 September 2017. Посетено на 10 October 2017.
- ↑ „Patrick Cutrone catches the eye as AC Milan start with convincing win at Crotone“. ESPN FC. PA Sport. 21 August 2017. Посетено на 10 October 2017.
Надворешни врски
уреди- Хакан Чалханоглу на Ризницата
- Хакан Чалханоглу – Профил на службената страница на ФИФА
- Хакан Чалханоглу – Профил на сајтот на УЕФА
- Kicker profile
- Хакан Чалханоглу на soccerway
- Хакан Чалханоглу на National-Football-Teams.com
- Hakan Çalhanoğlu at EU-football.info
- Hakan Çalhanoğlu at Topforward