Даглас Коста де Соуза (роден на 14 септември 1990 во Сапукаја до Сол) — бразилски фудбалер, крило на Лос Анџелес Галакси.

Даглас Коста
Лични податоци
Роден на 14 септември 1990(1990-09-14)(34 г.)
Роден во Сапукаја до Сол, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000001720000001,72 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Лос Анџелес Галакси Лос Анџелес Галакси
Број 10
Младинска кариера
Ново Амбурго
Гремио Гремио
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2010 Гремио Гремио 29 (2)
2010-2015 Шахтар Донецк Шахтар Донецк 141 (29)
2015-2017 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 50 (8)
2017-2022 Јувентус Јувентус 73 (6)
2020-2021Бајерн Минхен Бајерн Минхен 11 (1)
2021Гремио Гремио 23 (2)
2022- Лос Анџелес Галакси Лос Анџелес Галакси 16 (2)
Репрезентација
2009 Бразил Бразил 20 12 (4)
2014- Бразил Бразил 31 (3)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Технички карактеристики

уреди

Кариерата ја започнал како напаѓач, улога која ја играл и за време на неговиот престој во Шахтар Донецк, но со текот на времето се адаптирал на позицијата крило. Технички поткован и брз, претпочита да игра на десната страна бидејќи му овозможува да навлегува внатре на својата природна нога, левата. Сепак, тој е исто така ефикасен и по левата страна, затоа што има одличен центаршут.

Во 2010 година бил вклучен на списокот на најдобрите играчи родени по 1989 година, изготвен од страна на Дон Балон.[1]

Клупска кариера

уреди

Гремио

уреди

Својте први фудбалски чекори ги направил во екипата на Ново Амбурго, од каде преминал во Гремио во 2002 година на возраст од 11.[2] Своето деби за првиот тим Коста го направил на 4 октомври 2008 на возраст од 18 години во победата со 2-1 над Ботафого.[2][3] Во истиот натпревар тој го постигнал и својот прв гол во кариерата, стрелајќи во 33-тата минута за да го отвори резултатот и да му донесе водство на Гремио од 1-0.[2] Во следниот натпревар четири дена подоцна тој асистирал за двата гола на Гремио во победата со 2-0 на домашен терен над Сантос.[4] Сезоната 2008 ја завршил со 6 настапи и 1 гол.[5]

На 26 февруари 2009 дебитирал во Копа Либертадорес, играјќи 11 минути во домашниот натпревар против Универсидад де Чиле (0-0). На 14 јуни 2009 година, Коста го добил првиот црвен картон во кариерата во ремито без голови 0-0 против Флуминенсе.[6] На 29 ноември 2009, по пауза од повеќе од една година го постигнал својот втор гол за Гремио во кариерата во победата со 4–2 над Гремио Баруери. Вкупно за Гремио одиграл 37 натпревари и постигнал 2 гола.

Шахтар Донецк

уреди
 
Даглас Коста во дресот на Шахтар Донецк

На 10 јануари 2010, Даглас Коста потпишал петгодишен договор со украинскиот Шахтар Донецк кој му платил на Гремио 6 милиони евра за ангажман на играчот.[7] Неговото деби за Шахтар дошло на 18 февруари во шеснаестина финалето на Лигата на Европа против англискиот Фулам, натпревар во кој неговиот клуб загубил со 2-1. Тој влегол како замена во тој натпревар во 75-тата минута, заменувајќи го Жадсон.[8] Неговото деби на Донбас Арената било во реваншот игран на 25 февруари, во кој тој го заменил Вилијан во 53-тата минута, и асистирал за изедначувачкиот погодок на Шахтар кој го постигнал Жадсон,[9] но откако натпреварот завршил 1-1 тоа не било доволно за украинскиот клуб да мине понатаму и тие биле елиминирани со 3-2 вкупен резултат. Својот прв гол во дресот на Шахтар, Даглас Коста го постигнал на 14 март 2010 во победата со 2-1 над Металист Харкив.[10] Својата прва сезона во Украина ја завршил со 13 настапи и 5 гола, а Шахтар успеал да ја освои титулата во Премиер лигата на Украина, првиот клупски трофеј за Коста во кариерата.[11]

Коста одиграл 39 натпревари и постигнал 7 гола за Шахтар во сите натпреварувања следната сезона, во која Шахтар успеал да оствари требл освојувајќи ги титулите во Премиер лигата, Купот на Украина и Суперкупот на Украина.[12] На 28 септември го постигнал својот прв погодок во Лигата на шампионите во победата со 3-0 над португалската Брага.[13]

Заклучно со сезоната 2014-2015 тој одиграл уште четири успешни сезони во Шахтар во кој уште трипати го освоил украинското првенство (освен последната сезона) и уште по двапати купот и суперкупот. Вкупно за Шахтар одиграл 202 официјални натпревари и постигнал 38 гола.

Бајерн Минхен

уреди
 
Даглас Коста на тренинг со Бајерн Минхен во 2017.

На 1 јули 2015 година, Бајерн Минхен го објавиле доведувањето на Даглас Коста,[14] за сума од 30 милиони евра потпишувајќи петогодишен договор со бразилецот.[15][16] Неговиот трансфер бил четврт најскап во историјата на баварскиот клуб.[15] Му бил доделен дресот со број 11 кои претходно бил носен од Џердан Шаќири. Тој го направил своето деби како стартер на 1 август во Суперкупот на Германија против Волфсбург, асистирајќи му на Арјен Робен за да го отвори резултатот во натпреварот што завршил нерешено 1-1; тој бил прецизен во својот обид од белата точка, но неговиот тим сепак загубил на пенали со 5-4.[17] Тринаесет дена подоцна, тој го постигнал својот прв гол за Бајерн, поставувајќи ги конечните 5-0 во домашната победа над Хамбургер во првото коло од Бундеслигата за сезоната 2015-2016. На 21 мај 2016, Коста го постигнал победничкиот погодок во пенал-серијата против Борусија Дортмунд за победа во Купот на Германија 2015-2016, со што Коста ги освоил лигата и купот во неговата прва сезона, откако Бајерн остварил домашен дабл.[18] Сезоната 2015-2016 Коста ја затворил со 7 гола во 43 натпревари во сите натпреварувања.[17][19]

Јувентус

уреди

На 12 јули 2017, Коста му се приклучил на италијанскиот шампион Јувентус, со формула на заем до крајот на сезоната 2017–2018, за сума од 6 милиони евра. Јувентус има можност да потпише перманентен договор со Коста до 1 јули 2018, за додатни 40 милиони евра (плус €1M во бонуси).[20][21][22] Дебитирал за Јувентус на 13 август во поразот со 3-2 од Лацио во Суперкупот на Италија,[23] а своето деби во Серија А го направил во првото коло од сезоната во победата со 3-0 на домашен терен над Каљари, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Хуан Квадрадо во 74-тата минута. На 14 октомври Коста го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус во поразот со 2-1 на домашен терен од Лацио.[24] Својот втор гол го постигнал во победата со 2-0 над градските соперници Торино во осминафиналето на Купот на Италија. Дваесеттина дена подоцна, тој го постигнал одлучувачкиот погодок во победата со 1-0 над Џенова во првенството.[25] На 9 мај 2018, Даглас Коста го започнал како стартер финалето на Купот на Италија против Милан и го постигнал вториот гол за Јувентус во убедливата победа со 4-0, освојувајќи го својот прв трофеј со бјанконерите.[26][27] Неколку дена подоцна со клубот го освоил и своето прво скудето.

 
Даглас Коста во акција со Јувентус во 2019

По завршувањето на успешната прва сезона во Торино, тој бил откупен од Јувентус за 40 милиона евра.[28] Неговата втора сезона во клубот ја започнал како важен пион во шаховската табла на тренерот Масимилијано Алегри, но во домашниот натпревар од првенството против Сасуоло (завршил 2-1 за Јувентус) одигран на 16 септември 2018, тој го плукнал противничкиот играч Федерико Ди Франческо, во екот на продолженото несогласување меѓу двајцата:[29] оваа неспортска постапка го чинела Коста директен црвен картон и суспензија од 4 кола неиграње.[30] Дури и по враќањето, бразилецот не бил на нивото од претходната сезона, исто така поради бројни проблеми со повреди и лошото поведение надвор од терените,[31] постигнувајќи само еден гол во сезоната во која тој сепак освоил уште две титули со Јувентус Суперкупот на Италија и второто скудето.

Следната сезона, исто така, се покажала како проблематична за Коста поради бројните физички проблеми. Во второто коло од првенството тој имал три асистенции во победата со 4-3 на домашен тререн над Наполи, но набргу потоа новите физички проблеми го извадиле од акција на одредено време. По враќањето по повредата, тој го постигнал победничкиот гол во последните минути од натпреварот во Лигата на шампиони против Локомотив Москва на 6 ноември 2019 година, по една прекрасна акција.[32] Таа победа на бјанконерите, сега водени од Маурицио Сари, им овозможилa пласман во нокаут фазата на две кола до крајот на фазата по групи. Поради неговите чести физички проблеми, во вториот дел од првенството Сари најчесто го користел Коста како замена, сакајќи помалку да биде изморен и да биде здрав подолго време. На едно тешко првенство, особено од неспортски причини, драматично обележан со паузата во календарот заради пандемијата од КОВИД-19 што ги приморало фудбалерите да го завршат првенството во текот на летните месеци, бразилецот сепак дал свој придонес за освојување на новото скудето, трето за него, постигнувајќи прекрасен гол негов единствен гол за сезоната во Серија А, во победата со 3-1 на гостувањето кај Џенова на 30 јуни 2020.[33]

Враќање во Бајерн Минхен

уреди

На 5 октомври 2020, во последниот ден од летниот трансферен прозорец, Коста се вратил во Бајерн Минхен на заем до крајот на сезоната.[34][35]

Репрезентативна кариера

уреди
 
Даглас Коста играјќи за Бразил против Русија во пријателски натпревар во 2018.

Во ноември 2014, Коста бил повикан во бразилската репрезентација за првпат од тренерот Дунга, по што го направил своето репрезентативно деби против Турција во Истанбул.[36]

Во мај 2015 година, Коста бил вклучен во 23 члениот состав на Бразил за Копа Америка 2015.[37] Во првиот натпревар на репрезентацијата против Перу, тој влегол како замена за Диего Тардели и го постигнал победничкиот гол во судиското продолжение, негов прв за "Селекао". Во четвртфиналето против Парагвај во Консепсион, тој го заменил поранешниот тимски колега од Шахтар Вилијан во последните 30 минути од ремито 1-1, а потоа бил еден од двајцата фудбалери на Бразил кој промашиле од удар од белата точка во пенал-рулетот по кој кариоките биле елиминирани со 3-4.[38] На 17 ноември, Коста го постигнал својот втор гол за Бразил во победата со 3-0 против Перу во квалификациите за Светското првенство 2018.[39]

Коста првично бил вклучен во тимот на Бразил за Копа Америка Сентенарио, но бил принуден да се повлече од тимот кон крајот на мај 2016 година, откако претрпел повреда на левото бедро; неговото место го заземал Кака.[40]

Во мај 2018, Даглас Коста бил повикан од селекторот Тите на списокот од 23 играчи за Светското првенство 2018 во Русија.[41] Своето деби на турнирот го имал на 22 јуни во Санкт Петербург, кога во вториот натпревар од групата Бразил ја победил Костарика со 2-0; Коста асистирал за вториот гол на кароките што го постигнал Нејмар. Подоцна, до крајот на турнирот тој бил вклучен само во уште еден натпревар, поразот со 1-2 од Белгија во четвртфиналето што значел елиминација за бразилците.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
12-11-2014 Истанбул Турција   0 – 4   Бразил Пријателска -   77'
18-11-2014 Виена Австрија   1 – 2   Бразил Пријателска -   63'
26-3-2015 Сен Дени Франција   1 – 3   Бразил Пријателска -   83'
29-3-2015 Лондон Бразил   1 – 0   Чиле Пријателска -   62'
7-6-2015 Саун Пауло Бразил   2 – 0   Мексико Пријателска -   74'
10-6-2015 Порто Алегре Бразил   1 – 0   Хондурас Пријателска -   46'
14-6-2015 Темуко Бразил   2 – 1   Перу Копа Америка 2015 - Прва фаза 1   66'
17-6-2015 Сантјаго Бразил   0 – 1   Колумбија Копа Америка 2015 - Прва фаза -   69'
27-6-2015 Консепсион Бразил   1 – 1 прод.
(3-4 пен.)
  Парагвај Копа Америка 2015 - Четвртфинале -   60'
5-9-2015 Харисон Бразил   1 – 0   Костарика Пријателска -   82'
9-9-2015 Фоксборо САД   1 – 4   Бразил Пријателска -   63'
9-10-2015 Сантјаго Чиле   2 – 0   Бразил Квал. за СП 2018 -
13-10-2015 Форталеца Бразил   3 – 1   Венецуела Квал. за СП 2018 -   45'   75'
13-11-2015 Буенос Аирес Аргентина   1 – 1   Бразил Квал. за СП 2018 -   57'
17-11-2015 Салвадор Бразил   3 – 0   Перу Квал. за СП 2018 1   89'
25-3-2016 Ресифе Бразил   2 – 2   Уругвај Квал. за СП 2018 1   78'
29-3-2016 Асунсион Парагвај   2 – 2   Бразил Квал. за СП 2018 -
11-11-2016 Бело Хоризонте Бразил   3 – 0   Аргентина Квал. за СП 2018 -   84'
16-11-2016 Лима Перу   0 – 2   Бразил Квал. за СП 2018 -   86'
9-6-2017 Мелбурн Бразил   0 – 1   Аргентина Пријателска -   65'
13-6-2017 Мелбурн Австралија   0 – 4   Бразил Пријателска -   59'
10-11-2017 Лил Јапонија   1 – 3   Бразил Пријателска -   71'
23-3-2018 Москва Русија   0 – 3   Бразил Пријателска -   79'
27-3-2018 Берлин Германија   0 – 1   Бразил Пријателска -   73'
10-6-2018 Виена Австрија   0 – 3   Бразил Пријателска -   84'
22-6-2018 Санкт Петербург Бразил   2 – 0   Костарика СП 2018 - Прва фаза -   46' дет.
6-7-2018 Казањ Бразил   1 – 2   Белгија СП 2018 - Четвртфинале -   46' дет.
8-9-2018 Ист Ратерфорд САД   0 – 2   Бразил Пријателска -   61'
12-9-2018 Ландовер Бразил   5 – 0   Ел Салвадор Пријателска -   54'
16-11-2018 Лондон Бразил   1 – 0   Уругвај Пријателска -   40'   67'
20-11-2018 Милтон Кинс Бразил   1 – 0   Камерун Пријателска -   68'
Вкупно Настапи 31 Голови 3

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 7 март 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2008   Гремио PD/RS+А 0+6 1 КБ 0 0 - - - - - - 6 1
2009 PD/RS+А 7+22 0+1 КБ 0 0 КЛ 2 0 - - - 31 1
Вкупно Гремио 7+28 0+2 0 0 2 0 - - 37 2
јан.-јун. 2010   Шахтар УПЛ 13 5 КУ 0 0 ЛЕ 2 0 СУ - - 15 5
2010-2011 УПЛ 27 5 KU 4 0 ЛШ 10 2 СУ 1 0 42 7
2011-2012 УПЛ 27 6 КУ 4 1 ЛШ 5 0 СУ 1 0 37 7
2012-2013 УПЛ 27 5 КУ 3 0 ЛШ 5 1 СУ 1 1 36 7
2013-2014 УПЛ 27 4 КУ 3 1 ЛШ+ЛЕ 6+2 2+0 СУ 1 0 39 7
2014-2015 УПЛ 20 4 КУ 5 0 ЛШ 8 1 СУ 0 0 33 5
Вкупно Шахтар Донецк 141 29 19 2 38 6 4 1 202 38
2015-2016   Бајерн Минхен БЛ 27 4 КГ 4 1 ЛШ 11 2 СГ 1 0 43 7
2016-2017 БЛ 23 4 КГ 2 1 ЛШ 9 2 СГ 0 0 34 7
2017-2018   Јувентус А 31 4 КИ 5 2 ЛШ 10 0 СИ 1 0 47 6
2018-2019 А 17 1 КИ 2 0 ЛШ 5 0 СИ 1 0 25 1
2019-2020 А 23 1 КИ 4 1 ЛШ 1 1 СИ 1 0 29 3
сеп. - окт. 2020 А 2 0 КИ - - ЛШ - - СИ - - 2 0
Вкупно Јувентус 73 6 11 3 16 1 3 0 103 10
2020-2021   Бајерн Минхен БЛ 0 0 КГ 0 0 ЛШ 0 0 СГ+СУ+СКП 0 0 0 0
Вкупно Бајерн Минхен 50 8 6 2 20 4 1 0 77 14
Вкупно во кариерата 299 45 36 7 76 11 8 1 419 64

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Шахтар Донецк

уреди
2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014
2010-2011, 2011-2012, 2012-2013
2010, 2012, 2013

  Бајерн Минхен

уреди
2015-2016, 2016-2017
2015-2016
2016

  Јувентус

уреди
2017-2018, 2018-2019, 2019-2020
2017-2018
2018

Репрезентативни

уреди

  Бразил

уреди
2009

Наводи

уреди
  1. thespoiler.co.uk, уред. (2 ноември 2010). „Don Balon's list of the 100 best young players in the world“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2013-09-28. Посетено на 22 ноември 2011.
  2. 2,0 2,1 2,2 „South American Under-20 Profile: Douglas Costa (Brazil)“. Goal.com. Посетено на 23 July 2014.
  3. Campeonato Brasileiro Série A - Gremio-Botafogo 2-1 (4 октомври 2008) www.transfermarkt.com
  4. Campeonato Brasileiro Série A - Gremio-Santos 2-0 (8 октомври 2008) www.transfermarkt.com
  5. „Douglas Costa » Club matches“. World Football. Посетено на 23 July 2015.
  6. „Fluminense vs Gremio 0–0“. Посетено на 18 September 2012.
  7. „Douglas increases the height“. Архивирано од изворникот на 2012-04-04. Посетено на 18 September 2012.
  8. „Fulham vs Shakhtar 2–1“. Посетено на 18 September 2012.
  9. „Shakhtar vs Fulham 1–1“. Посетено на 18 September 2012.
  10. „Shakhtar vs Metalist 2–1“. Архивирано од изворникот на 2019-08-07. Посетено на 18 September 2012.
  11. „Ukraine 2009/10“. Посетено на 18 September 2012.
  12. „Ukraine 2010/11“. Посетено на 13 September 2012.
  13. „Braga vs Shakhtar 0–3“. Посетено на 18 September 2012.
  14. „Douglas Costa joins Bayern Munich from Shakhtar Donetsk“. BBC Sport. 1 July 2015. Посетено на 1 July 2015.
  15. 15,0 15,1 „FC Bayern holt Costa für 30 Millionen Euro“ (германски). Süddeutsche Zeitung. 1 July 2015. Посетено на 1 July 2015.
  16. Shakhtar Donetsk (1 јули 2015). "Douglas Costa moves to Bayern". Соопштение за печат.
  17. 17,0 17,1 Schaerlaeckens, Leander (1 August 2015). „Nicklas Bendtner emerges as Wolfsburg's unlikely hero in DFL-Supercup“. Yahoo. Посетено на 2 August 2015.
  18. „Bayern Munich 0-0 Dortmund“. BBC. 21 May 2016. Посетено на 22 May 2016.
  19. „Douglas Costa“. kicker.de (германски). kicker. Посетено на 21 May 2016.
  20. „Douglas Costa moves to Juventus“. FC Bayern Munich. 12 July 2017. Посетено на 12 July 2017.
  21. Juvenutus (12 јули 2017). "Douglas Costa signs for Juventus!". Соопштение за печат.
  22. „Douglas Costa: Brazil winger joins Juventus from Bayern Munich on loan“. BBC Sport. The British Broadcasting Corporation. 12 July 2017. Посетено на 16 July 2017.
  23. „SC: Lazio win dramatic Super Cup“. Football Italia. 13 August 2017. Посетено на 13 August 2017.
  24. „Dramatic Lazio end Juve record“. Football Italia. 14 October 2017.
  25. Marco Frattino (22 јануари 2018). „Juve-Genoa 1-0, all'Allianz Stadium decide Douglas Costa“. tuttomercatoweb. Посетено на 19 август 2018.
  26. Massimo Mazzitelli (9 мај 2018). „Juventus-Milan 4-0, i bianconeri conquistano la quarta Coppa Italia consecutiva: notte da incubo per Donnarumma“.
  27. Александар Гочков (9 мај 2018). „Јуве го „смачка" Милан за осум минути (видео)“. makfax.com. Посетено на 21 август 2018.
  28. „Riscattato il cartellino di Douglas Costa“. 7 јуни 2018.
  29. „СРАМОТА: Даглас Коста го плукна противникот в лице!“. ekipa.mk. 16 септември 2018. Посетено на 7 октомври 2020.
  30. „4 turni a Douglas Costa, la Juve non farà ricorso“. 18 септември 2018.
  31. „Douglas Costa, quanto mi costi! La Juve l'ha messo in vendita“. 10 мај 2019.
  32. Diego Costa (6 ноември 2019). „Lokomotiv Mosca-Juventus 1-2: decide Douglas Costa al 93', bianconeri agli ottavi“.
  33. „I migliori gol di giugno 2020“. 1 јули 2020.
  34. „Obrigado, Douglas!“. 5 октомври 2020.
  35. „Douglas Costa returns to FC Bayern“ (англиски). 5 октомври 2020.
  36. „Douglas Costa, in from the cold“. Goal.com. 5 June 2015.
  37. „2015 Copa America squad lists“. ESPN. 28 May 2015.
  38. „Brazil 1-1 Paraguay“. BBC Sport. 28 June 2015. Посетено на 28 June 2015.
  39. „Brazil 3-0 Peru: Costa shines as Dunga's men seal vital win“. Goal.com. 18 November 2015. Посетено на 22 March 2016.
  40. „Copa America: Kaka replaces injured Douglas Costa in Brazil squad“. BBC Sport. 27 May 2016. Посетено на 27 May 2016.
  41. „World Cup: Neymar named in Brazil's 23-man squad“. BBC Sport. 15 May 2018. Посетено на 15 May 2018.

Надворешни врски

уреди