Сасуоло
Сасуоло — индустриски центар во регионот Емилија-Ромања во Италија. Градот се наоѓа на десниот брег на реката Секија околу 17 километри јужно-западно од Модена.
Сасуоло | |
---|---|
општина | |
Città di Sassuolo | |
Пјаца Гарибалди | |
Земја | Италија |
Регион | Емилија-Ромања |
Покраина | Модена (MO) |
Поделоци | Монтеџибио, Салварола Терме, Сан Микеле Мукјети |
Управа | |
• Градоначалник | Лука Касели |
Површина | |
• Вкупна | 38,56 км2 (1,489 ми2) |
Надм. вис. | 121 м |
Население (30 април 2009) | |
• Вкупно | 41.573 |
• Густина | 11/км2 (28/ми2) |
Демоним | Сасолеси |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Пошт. бр. | 41049 |
Повик. бр. | 0536 |
Светец-заштитник | Сан Џорџ |
Слава | 23 април |
Мреж. место | Официјално мрежно место |
Историја
уредиПрвото историско споменување на градот датира од 980 година. Во 1078 конзулите на Сасуоло се заколнале на лојалност кон комуната на Модена. Во 1373 градот бил предаден на семејството Есте по барање на самите граѓани, кои добиле право да вадат вода од реката Секија.
Градот е поседуван од Војводството Модена до 19 век.
Познати личности
уреди- Пјеранџело Бертолини (1942–2002), пејач
- Андреа Бертолини (роден 1973), тркач
- Катерина Касели (роден 1946), пејачка
- Џузепе Медичи (1907–2000), политичар
- Давиде Моранди (роден 1969), фронтмен
- Федерико Пинели (роден 1989), артист
- Лео Моранди (1923–2009)
- Нек (роден 1972), пејач
- Грацијано Патуци (роден 1955), политичар
- Камило Руини (роден 1931), кардинал
Спорт
уредиСасуоло е родниот град на Серија А тимот Сасуоло Калчо, а тоа, исто така, го вклучува и стадионот Енцо Ричи.
Волеј Сасуоло е локален одбојкарски тим.[1]
Меморијал Арго Манфредини е тениски турнир кој се играл во градот, во рамките на челенџер серијата. Последен победник бил Фредерико Жил од Португалија.