Отвори го главното мени

Фудбалsски клуб Гелзенкирхен-Шалке 04, попознат само како ФК Шалке 04 или Шалке е фудбалски клуб со потекло од областа Шалке во градот Гелзенкирхен, Северна Рајна-Вестфалија. Шалке веќе долго време е еден од најпопуларните фудбалски клубови во Германија, иако големите успеси за клубот се ретки бидејќи најславните денови на клубот се во 1930-тите и раните 1940-ти. Шалке се натпреварува во Бундеслигата, на највисокото ниво во германската фудбалска лига. Фудбалски тим на Шалке е најголемиот спортски клуб со повеќе од 100.000 членови (од август 2011) што го прави втор најголем спортски клуб во Германија. Други спортски активности кој се понудени од страна на клубот се кошарката, ракометот и атлетиката. Клубот е рангиран на четиринаесеттото место меѓу фудбалските клубови во однос на годишниот приход, заработка од € 174.5 милиони во 2012 година.

Шалке 04
Logo
Целосно имеФК Шалке 04
ПрекарDie Königsblauen и Die Knappen
Основан4 мај 1904
СтадионВелтинс-Арена
Капацитет61,673
ПретседателГерманија Кристијан Хајдел
ТренерГерманија Доменико Тедеско
ЛигаБундеслига Бундеслига
2017–18Бундеслига, 2-ри
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Шалке го освоил својот прв голем европски трофеј во 1997 година со победата над Интер на пенали во финалето на Купот на УЕФА. Од 2001 година, Шалке настапува на стадионот, Велтинс-Арена. Шалке има долгогодишно ривалство со Борусија Дортмунд, веројатно најмногу распространето и добро познато ривалство во германскиот фудбал, и натпреварите помеѓу двата тима се наведени како Revierderby. Маскотата на клубот се вика Ервин (на герм. Ährwin).

Содржина

ИграчиУреди

ТитулиУреди

НаводиУреди

  1. „Squad Overview“. FC Schalke 04. 

Надворешни врскиУреди