Бенедикт Хеведес
Бенедикт "Бени" Хеведес (роден на 29 февруари 1988) — германски професионален фудбалер, играч од одбраната на Локомотив Москва.
Бенедикт Хеведес | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Бенедикт Хеведес[1] | ||
Роден на | 29 февруари 1988 | ||
Роден во | Халтерн, Германија | ||
Држава | Германија | ||
Висина | м | 1,87||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Локомотив Москва | ||
Број | 5 | ||
Агент | Волкер Струт | ||
Младинска кариера | |||
Халтерн | |||
Шалке 04 | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2007-2009 | Шалке 04 II | 15 | (0) |
2007-2018 | Шалке 04 | 240 | (12) |
2017-2018 | → Јувентус | 3 | (1) |
2018- | Локомотив Москва | 35 | (3) |
Репрезентација ‡ | |||
2005-2006 | Германија 18 | 3 | (0) |
2006-2007 | Германија 19 | 16 | (0) |
2007-2010 | Германија 21 | 23 | (3) |
2011- | Германија | 44 | (2) |
* Ажурирано на: 3 јули 2012 ** Ажурирано на: 3 јули 2012 |
Технички одлики
уредиЦентрален одбранбен играч, кој може да игра насекаде во дефанзивната линија.
Клупска кариера
уредиШалке 04
уредиХеведес е роден во Халтерн и започнал да игра фудбал на шестгодишна возраст во локалниот клуб ТУС Хатерн, во кој своите кариери ги започнале и некогашните младинци на Шалке 04, Криштоф Мецелдер и Серхио Пинто. Слично како споменатите двајца и Бенедикт му се приклучува на младинскиот тим на Шалке во 2001 година. Како еден од најдобрите играчи во својата генерација бил капитен на тимот на Шалке до 19 години, а на 19 јануари 2007 го потпишал својот прв професионален договор со клубот. Сезоната ја 2006-07 ја завршил играјќи за вториот тим на Шалке 04 во Оберлигата, но на 10 март 2007 го добил својот прв повик во првиот тим за гостувањето кај Хановер, но останал не искористена замена.
На 3 октомври 2007, го направил своето деби за првиот тим на Шалке, започнувајќи во почетната постава во натпреварот од Лигата на шампионите против Розенборг, поради повредата на Кристијан Пандер. Хеведес го одиграл целиот натпревар, а Шалке победил со 2-0 на гости. Три дена подоцна тој дебитирал во Бундеслигата, повторно како стартер, во поразот со 2-0 на домашен терен од Карлсруе. Својата прва сезона во дресот на Шалке ја завршил со вкупно 9 настапи (6 во Будеслигата и 3 во Лигата на шампионите).
Во следната сезона одиграл многу поголем број на натпревари. На 19 октомври 2008 го постигнал својот прв гол во кариерата на гостувањето против Хамбургер, во натпревар што завршил без победник 1-1. На 10 декември го продолжил својот до 30 јуни 2014 година. Неговиот втор погодок за сезоната се покажал победнички за неговиот тим во минималната победа над Вердер Бремен со 1-0. Сезоната ја завршил со преку 30 натпревари во сите натпреварување.
На 23 јули 2011, Хеведес бил избран за капитен на Шалке.
Јувентус
уредиНа 30 август 2017, Хеведес му се приклучил на Јувентус на едногодишен заем за сума од 3.5 милиони евра, со право на откуп за уште 13 милиони евра.[2] Дебитирал за Јувентус во Серија А на 26 ноември, во победата со 3-0 на домашен терен над Кротоне.[3] На 15 април 2018, го постигнал својот прв гол за Јувентус, во вториот настап за клубот, во победата со 3–0 на домашен терен над Сампдорија.[4]
Локомотив Москва
уредиНа 29 јули 2018, Хеведес потпишал за Локомотив Москва.[5]
Репрезентативна кариера
уредиКако член на репрезентацијата под 19 години, Хеведес играл во полуфиналето на европското првенство под 19 години во 2007 година, додека во 2009 година со репреезентацијата под 21 година го освоил европското првенство во Шведска.
За сениорската репрезентација дебитирал на 29 мај 2011 во пријателски натпревар против Уругвај. На 7 јуни 2011 го одиграл својот прв официјален натпревар за Германија во квалификациите за Евро 2012 против Азербејџан. Германците го добиле натпреварот со 3-1, а Хеведес бил асистент за првиот гол кој го постигнал Месут Езил.
Во мај 2012 селекторот на Германија Јоаким Лев го избрал мѓу 23-цата играчи за Европското првенство во Полска и Украина.
На 15 август 2012, тој го постигнал првиот гол за својата репрезентација во поразот со 1–3 на домашен терен од Аргентина.[6]
Во јули 2014 година станал светски првак, освојувајќи го Светско првенство во Бразил 2014.[7][8]
Статистика на кариерата
уредиКлупска статистика
уредиСезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2007-2008 | Шалке 04 | БЛ | 6 | 0 | КГ | 0 | 0 | ЛШ | 3 | 0 | ЛКГ | 0 | 0 | 9 | 0 |
2008-2009 | БЛ | 24 | 2 | КГ | 2 | 0 | ЛШ+КУ | 2[9]+5 | 0 | - | - | - | 33 | 2 | |
2009-2010 | БЛ | 33 | 3 | КГ | 5 | 3 | - | - | - | - | - | - | 38 | 6 | |
2010-2011 | БЛ | 30 | 1 | КГ | 6 | 1 | ЛШ | 10 | 2 | СГ | 1 | 0 | 47 | 4 | |
2011-2012 | БЛ | 22 | 1 | КГ | 3 | 0 | ЛЕ | 8[10] | 0 | СГ | 1 | 0 | 34 | 1 | |
2012-2013 | БЛ | 32 | 0 | КГ | 3 | 0 | ЛШ | 8 | 2 | - | - | - | 43 | 2 | |
2013-2014 | БЛ | 19 | 1 | КГ | 3 | 1 | ЛШ | 10[10] | 0 | - | - | - | 32 | 2 | |
Вкупно во кариерата | 166 | 8 | 22 | 5 | 46 | 4 | 2 | 0 | 236 | 17 |
Титули
уредиКлупски
уреди- Куп на Германија (1) : 2010–11
- Суперкуп на Германија (1) : 2011
Јувентус
уреди- Серија А (1) : 2017-2018
- Куп на Италија (1) : 2017-2018
Репрезентативни
уреди- Германија[11]
Наводи
уреди- ↑ „2014 FIFA World Cup Brazil: List of Players“. FIFA. 11 June 2014. стр. 16. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-06-11. Посетено на 11 June 2014.
- ↑ „Benedikt Howedes: Schalke defender joins Juventus on loan“. BBC Sport. 30 August 2017. Посетено на 30 August 2017.
- ↑ „Juventus break down Crotone wall“. Football Italia. 26 November 2017.
- ↑ „Juve and the joy of six“. Football Italia. 15 April 2018. Архивирано од изворникот на 2018-04-16. Посетено на 2018-05-14.
- ↑ „Höwedes vor Wechsel zu Lokomotive Moskau“. Sky Sport (германски). 29 јули 2018.
- ↑ „Argentina beats Germany 3–1 in exhibition“. Yahoo! Sports. Associated Press. 15 August 2012. Архивирано од изворникот на 2012-08-22. Посетено на 16 August 2012.
- ↑ Germany win World Cup 2014 - now are they set to rule?
- ↑ Germany beat Argentina to win World Cup final with late Mario Götze goal
- ↑ Трето преелиминарно коло.
- ↑ 10,0 10,1 2 настапи во плејофот.
- ↑ 11,0 11,1 Benedikt Höwedes