Мауро Икарди
Мауро Емануел Икарди Риверо (роден во Росарио, на 19 февруари 1993) — аргентински фудбалер, напаѓач на Париз Сен Жермен и репрезентацијата на Аргентина.
Мауро Икарди | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 2 јули 1993 | ||
Роден во | Росарио, Аргентина | ||
Држава | Аргентина | ||
Висина | м | 1,81||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Париз Сен Жермен | ||
Број | 18 | ||
Младинска кариера | |||
Весиндарио | |||
Барселона | |||
Сампдорија | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2012-2013 | Сампдорија | 33 | (11) |
2013- | Интер | 188 | (111) |
2019- | → Париз Сен Жермен | 20 | (12) |
Репрезентација ‡ | |||
2012-2013 | Аргентина 20 | 5 | (3) |
2013- | Аргентина | 4 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Животопис
уредиТоа е најстариот син на Хуан Икарди, роден во Пиемонт,[1] и Аналија Риверо, која има двојно државјанство.
Кариера
уредиКлубови
уредиМладинска кариера
уредиЗабележан на 5 годишна возраст од Клуб Инфантил Саратеа, мал тим во областа во северниот дел на Росарио. Во 2002 година, семејството Икарди се преселило во Шпанија во Канарските Острови, во градот Лас Палмас, каде што продолжил да игра фудбал во клубот Весиндарио.
Подоцна талентот на Икарди бил забележан од многу други клубови, а тој одлучил да и се приклучи на Барселона пред почетокот на сезоната 2008-09 и бил вклучен во У-17 тимот. Тој бил промовиран во У-19 тимот за следната сезона, пред да замине во Сампдорија на позајмица во јануари 2011 година. Икарди во својата изјава навел дека заминувањето од Барселона не била лоша одлука, сметајќи дека треба да се оди натаму.
Сампдорија
уредиТој го направил своето деби во Серија Б на 12 мај 2012 против Јуве Стабија, влегувајќи во второто полувреме како замена во 75-тата минута наместото на Бруно Форнароли, и го одбележал своето деби со постигнување на победничкиот гол за победа од 1-2, и на тој начин им овозможил осигурување на плејофот. Сампдорија ја завршува сезоната на шестото место, играјќи и освојувајќи го баражот и избориле промоција во Серија А.
На 26 септември, тој го направил своето деби во Серија А, играјќи против Рома (1-1) а во тринаесеттото коло тој бил стрелец на третиот гол во дербито на Џенова против ФК Џенова во натпревар кој завршил (3-1). На 6 јануари 2013, Икарди постигнал два гола за пресврт со кој Сампдорија го совладала Јувентус со 2-1 во Торино. Потоа тој ги одлучил натпреварите против Пескара (6-0, постигнувајќи четири гола) и Парма (1-0). На крајот на сезоната имал 10 гола во 31 првенствен настап, со што бил најдобар стрелец на Сампдорија во сезоната.
Интер
уредиНа 8 јули 2013 година, Икарди потпишал за Интер, а подоцна ова било потврдено и на официјалната страна на Сампдорија. Тој учествувал за Интер и на нивната пред-сезонска кампања, а првиот гол во тие натпревари го постигнал против Хамбургер.
Репрезентација
уредиИкарди дебитирал за сениорската селекција на Аргентина на 16 октомври 2013, против Уругвај (3-2 за Уругвај).
Хронологија на репрезентативни настапи
уредиХронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Аргентина | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
16-10-2013 | Монтевидео | Уругвај | 3 – 2 | Аргентина | Квал. за СП 2014 | - | 82' | |
Вкупно | Настапи | 1 | Голови | 0 |
Статистика на кариерата
уредиСтатистиката е ажурирана на 22 декември 2013.
Сезона | Клуб | Лига | Национален куп | Континетални купови | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Натп | Наст | Гол | Натп | Наст | Гол | Натп | Наст | Гол | Натп | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2012 | Сампдорија | Б | 2 | 1 | CI | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 2 | 1 |
2012-2013 | А | 31 | 10 | CI | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 31 | 10 | |
Вкупно Сампдорија | 33 | 11 | 0 | 0 | 33 | 11 | |||||||||
2013-2014 | Интер | А | 8 | 2 | CI | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 9 | 2 |
Вкупно во кариерата | 41 | 13 | 1 | 0 | 42 | 13 |
Наводи
уреди- ↑ inter.it, уред. (9 јули 2013). „Icardi, tra i campioni per continuare a crescere: le prime parole a inter.it“. Архивирано од изворникот на 2017-09-10. Посетено на 28 декември 2013.