ФК Вест Хем Јунајтед
ФК Вест Хем хунајтед — англиски фудбалски клуб од Вест Хем, источен Лондон. Моментално се натпреварува во Премиер лигата.
ФК Вест Хем Јунајтед | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски клуб Вест Хем Јунајтед | |||
Држава | Англија | |||
Прекар | Чекани | |||
Основан | 1895 како Thames Ironworks | |||
Стадион | Стадион Лондон | |||
Капацитет | 60,000 | |||
Претседател | Дејвид Саливен, Дејвид Голд, CB Holding Ltd. и помали инвеститори | |||
Менаџер | Мануел Пелегрини | |||
Лига | Премиер лига | |||
2023/24 | Премиер лига, 9. место | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Од 1904 година својте домашни натпревари ги играле на стадионот Болејн Граунд, кој е попознат како Аптон Парк.
Историја
уредиКлубот е основан под името Thames Ironworks F.C., а после пет години го менува името во Вест Хем Јунајтед. Во 1919 година тимот почнува да настапува во англиската фудбалска лига. Иако никогаш не ја освоиле шампионската титула, (најдобар пласман имаа во 1986 кога завршија на 3. место), трипати Вест Хем го освојуваше ФА Купот, 1965., 1975. и 1980. Од европските трофеитие го освоија Купот на победниците на куповите во 1965. и Интертото купот во 1999-тата. Исто така тие го освоиле и првиот т.н. War cup во 1940. Интересно е дека Вест Хем засега единствен англиски тим кој испаднал од Премиер лигата иако освоил повеќе од 40 бодови (2003.). Вест Хем е исто такапоследниот клуб кој го освоил ФА Купот со сите англиски играчи, и последен на кого тоа му успеало додека играл во втора лига.
Соперници
уредиСоперници на Вест Хем се неговите соседи од Лондон, Тотенхем и Арсенал како и Челзи со кое е изразено соперништво помеѓу источен и западен Лондон. Интересно е дека Вест Хем Јунајтед е последниот клуб кој го победил Арсенал ФК на стадионот Хајбари и првиот тим кој ги победил на новиот Стадион Емирати.
Сепак, најголем соперник на Вест Хем уште од неговото основање е Милвол.