Фабио Пекија (роден на 24 август 1973 во Формија) — италијански фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред. Во моментов ја води екипата на Хелас Верона.

Италија Фабио Пекија
Лични податоци
Роден на 24 август 1973(1973-08-24)(51 г.)
Роден во Формија, Италија
Висина &100000000000001720000001,72 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2009 - играч
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1991-1993 Авелино Авелино 33 (1)
1993-1997 Наполи Наполи 125 (15)
1997-1998 Јувентус Јувентус 21 (1)
1998-1999 Сампдорија Сампдорија 26 (1)
1999-2000 Торино Торино 22 (1)
2000-2001 Наполи Наполи 27 (6)
2001-2002 Болоња Болоња 33 (5)
2002-2003 Комо Комо 27 (6)
2003-2004 Болоња Болоња 27 (4)
2004-2005 Сиена Сиена 23 (2)
2005-2006 Болоња Болоња 32 (3)
2006-2007 Асколи Асколи 6 (0)
2007 Фоџа Фоџа 18 (4)
2007-2008 Фрозиноне Фрозиноне 26 (1)
2008-2009 Фоџа Фоџа 24 (1)
Репрезентација
1993-1996 Италија Италија 21 11 (0)
1996 Италија Италија 23 3 (0)
Раководител на екипите
2009-2010 Фоџа Фоџа (асистент)
2011 Губио Губио
2012-2013 Латина Латина
2013-2015 Наполи Наполи (асистент)
2015-2016 Реал Мадрид Реал Мадрид (асистент)
2016 Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед (асистент)
2016- Верона Верона
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Во својата кариера Пекија играл за 9 различни екипи (сите од Италија) и притоа забележил повеќе од 300 настапи во Серија А. Најголемите успеси во кариерата Пекија ги остварил во сезоната 1997-98 кога играјќи за тимот на Јувентус освоил две титули.

Пекија никогаш не одиграл ниту еден натпревар за сениорската селекција на Италија, но бил младински репрезентативец во селекцијата под 21 година со која триумфирал на Европското првенство за играчи на оваа возраст во 1996 година.

Тој исто така ја претставувал Италија и на Летните олимписки игри 1996 година во Атланта.

Играчка кариера

уреди

Рани години и настапите во Наполи

уреди

Роден во Формија, на возраст од 12 години Пекија влегол во младинскиот тим на Авелино во 1985 година. Дебитирал за првиот тим на Авелино во сезоната 1991-1992, но откако неговиот клуб следната сезона испаднал од Серија Б тој му се приклучил на Наполи.

Неговите добри перформанси во раните години од кариерата го натерале тренерот на Наполи, Марчело Липи да го доведе во Серија А. Пекија дебитирал во Серија А на 29 август 1993 во поразот на неговата екипа на домашен терен од Сампдорија со 2-1. Тој се појавил во игра во 69-тата минута заменувајќи го Енцо Гамбаро. Својот дебитантски гол во Серија А, Пекија го постигнал на 24 октомври 1993 против Лече во 82-рата минута од натпреварот во победата на неговиот тим од 3-1. Дебитантската сезона во Серија А, Пекија ја завршил со 33 одиграни натпревари во кој постигна 4 гола. Тој одиграл уште 3 сезони во дресот на Наполи потоа и дури станал капитен на тимот. Тој исто така играл и во финалето на Купот на Италија во сезоната 1996-97 и го постигнал единствениот погодок на првиот натпревар од финалето во Неапол. Потоа, Наполи го загубил реваншот со 3-1 и Купот го освоила екипата на Виченца.

Јувентус

уреди

Во сезоната 1997-98 Пекија го напуштил Наполи и потпишал за Јувентус, каде соработувал одново со Марчело Липи. Тој одиграл 21 натпревар во Серија А и постигнал еден погодок со кој му ја донел победата на неговиот тим во 30-тото коло против Емполи на гости. Оваа сезона била најдобрата во кариерата на Пекија; го освоил своето прво скудето во кариерата, Суперкупот на Италија исто така, а и за првпат настапил во натпреварите од Лигата на шампионите. Но, и покрај тоа што тука ги доживеал најсветлите мигови во својата кариера, Пекија морал набрзо да го напушти клубот бидејќи следната сезона не одиграл ниту еден натпревар во дресот на Јувентус.

Подоцнежните години во кариерата

уреди

Пекија потпишал за Сампдорија за која одиграл една сезона (1998-1999) пред да се врати во Торино каде потпишал за истоимениот тим (1999-2000). Следната сезона Пекија настапувал како позајмен за екипата на Наполи (повторно) со која испаднал од Серија А во сезоната 2000-01.

Во сезоната 2001-02 Пекија настапил на 33 натпревари и постигнал 5 гола за екипата на Болоња. Следната сезона тој му се приклучил на новиот прволигаш Комо, но уште еднаш испаднал од еллитното друштво. Потоа се вратил во Болоња (за која одиграл една сезона во Серија А, 2003-04), па одиграл една сезона на заем во Сиена, а во сезоната 2006-07 играл на 6 натпревари за Асколи во Серија А.

Пекија ја завршил својата играчка кариера во екипата на Фоџа во Серија Ц1 лигата, откако претходно играл за екипата на Фрозиноне во Серија Б.

Тренерска кариера

уреди

Откако се пензионирал од активното играње фудбал во 2009 година, Пекија последователно станал помошник тренер во екипата на Фоџа. Тој ја напуштил функцијата во заемна согласност со тренерот Антонио Порта, на 19 јануари 2010 година.

На 18 јуни 2011 тој бил назначен за нов тренер на Серија Б клубот Губио. Тој бил отстранет од тренерскиот пост во клубот на 16 октомври 2011 година, поради слабите резултати кој ги постигнал.

Пред почетокот на сезоната 2012-13 Пекија бил назначен за нов тренер на Латина.

Титули

уреди

  Јувентус

уреди

Надворешни врски

уреди