Пепе Реина (роден на 31 август 1982 во Мадрид, Шпанија) — шпански професионален фудбалер кој настапува за ФК Лацио на позиција голман.

Пепе Реина
Пепе Реина во 2017 година
Лични податоци
Полно име Хосе Мануел Реина Паез[1]
Роден на 31 август 1982(1982-08-31)(41 г.)
Роден во Мадрид, Шпанија
Висина 1.88 m[2]
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Лацио
Број 25
Младинска кариера
ФК Мадрид
1988–1999 Барселона
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999 Барселона Ц 3 (0)
1999-2000 Барселона Б Барселона Б 41 (0)
2000-2002 Барселона Барселона 30 (0)
2002-2005 Виљареал Виљареал 109 (0)
2005-2014 Ливерпул Ливерпул 285 (0)
2013-2014Наполи Наполи (п) 30 (0)
2014-2015 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 3 (0)
2015-2018 Наполи Наполи 111 (0)
2018–2020 Милан Милан 5 (0)
2020Астон Вила Астон Вила 12 (0)
2020–Лацио Лацио 0 (0)
Репрезентација
1998–1999 Шпанија U16 9 (0)
1999 Шпанија U17 2 (0)
2000 Шпанија U18 2 (0)
2000–2003 Шпанија U21 20 (0)
2005–2018 Шпанија 36 (0)
2000–2002 Каталонија 2 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 22 јануари 2020
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 9 октомври 2017

Како син на познатиот голман на Барселона и Атлетико Мадрид, Мигел Реина, Пепе Реина ја започнал својата кариера со младинскиот тим во Барселона и го направил своето деби во Ла Лига во сезоната 2000-01. Тој потпишал за Виљареал во 2002 година, освојувајќи го Купот на Интертото на УЕФА двапати. Реина се преселил во ФК Ливерпул и го имал своето деби во УЕФА Суперкупот 2005, што го освоил Ливерпул. Тој веднаш станал прв голман во тимот. Во 2007, тој стигнал до финалето на Лигата на Шампионите со Ливерпул, но Ливерпул загубил од Милан.

После осум последователни сезони како голман на Ливерпул, Реина ја поминал сезоната 2013-14 на позајмица во ФК Наполи, каде што бил повторно со Рафаел Бенитез, тренерот со кој заедно бил и во Ливерпул во 2005 година. За време на неговиот наем во Неапол, Реина бил дел од тимот што го освоил купот на Италија во 2014 година. Во 2018 година потпишал за ФК Милан. Во 2020 година бил позајмен на ФК Астон Вила.

На меѓународно ниво, Реина играл за младинскиот тим на Шпанија, освојувајќи го Европското фудбалско првенство под 17 години во 1999 година. Го имал своето деби во 2005 година, и генерално бил избран како втор голман зад Икер Касиљас. Тој бил дел од шпанската репрезентација за Светското првенство во 2006 година. Тој подоцна бил дел и од репреентацијата која го освоила Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2012 година.

Наводи уреди

  1. „FIFA World Cup South Africa 2010: List of Players“ (PDF). Fédération Internationale de Football Association (FIFA). 4 June 2010. стр. 29. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-05-17. Посетено на 13 September 2013.
  2. „Josè ManuelReina“. SSC Napoli (италијански). Архивирано од изворникот на 2015-07-03. Посетено на 2 July 2015.

Надворешни врски уреди