Џовани Пабло Симеоне Балдини (роден на 5 јули 1995 во Буенос Аирес[1]) — аргентински фудбалер, напаѓач на Фјорентина.

Џовани Симеоне
Лични податоци
Полно име Џовани Пабло Симеоне Балдини
Роден на 5 јули 1995(1995-07-05)(29 г.)
Роден во Буенос Аирес, Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Висина &100000000000001800000001,80 м[1]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Фјорентина Фјорентина
Број 9
Младинска кариера
2008–2013 Ривер Плејт Ривер Плејт
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013-2016 Ривер Плејт Ривер Плејт 27 (2)
2015-2016Банфилд Банфилд 36 (12)
2016-2017 Џенова Џенова 35 (12)
2017- Фјорентина Фјорентина 35 (13)
Репрезентација
2015 Аргентина Аргентина 20 12 (12)
2016 Аргентина Аргентина 23 3 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Биографија

уреди

Џовани потекнува од фудбалско семејство. Тој е син на поранешниот фудбалер и моментален тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, и на моделот Каролина Балдини.[2][3][4][5] Познат е под прекарот Ел Чолито,[6] што е деминутив од прекарот на неговиот таткото, кој бил наречен Ел Чоло. Дури и неговите браќа Џанлука и Џулијано исто така ја започнале истата кариера.[7]

Технички карактеристики

уреди

Елегантен, но физички моќен напаѓач, кој е способен да игра било каде во напаѓачката линија на својот тим; во својата кариера бил користен како втор напаѓач, централен напаѓач и како главен (осамен) напаѓач.[8] Тој е компетентен и ефикасен финишер кој добро се служи со двете нозе, и покрај тоа што е природно деснак. Како силен и мошне енергичен играч, Симеоне е познат и по својата тимска работа пред сè со придонесите во дефанзива без топка, спуштајќи се често во средниот ред, со цел да му помогне на својот тим да ја врати топката назад во свој посед. Исто така е опремен со одлична брзина и умее интелегентно да се движи на противничката половина кога неговиот тим напаѓа, што му овозможува да создаде простор и да обезбеди длабочина во нападот на неговиот тим но и да игра на работ на офсајдот.[9]

Клупска кариера

уреди

Ривер Плејт и Банфилд

уреди

Џовани Симеоне ја започнал својата кариера во екипата на Ривер Плејт, приклучувајќи му се на клубот во 2008 година на возраст од 13 години. Откако напредувал низ младинските категории, Симеоне потпишал тригодишен професионален договор со клубот во ноември 2011 година.[10] Во јули 2013 година, бил повикан во првиот тим за пријателските натпревари од претсезоната.[11] Симеоне го направил своето деби во лигата на 4 август 2013, започнувајќи како стартер и играјќи ги сите 90 минути во поразот од Химнасија Ла Плата со 0-1.[12] Подоцна истиот месец тој го обновил договорот, потпишувајќи до 2016 година.[13] Својот прв професионален гол Симеоне го постигнал на 8 септември, во победата на домашен терен над Тигре со 3-0.[14] Вкупно за Ривер Плејт одиграл 33 натпревари и постигнал 4 гола.

На 13 јануари 2015, екипата на Банфилд направила понуда со која го побарале младиот напаѓач, кој никако не можел да добие простор за игра во континуитет во Ривер Плејт, да дојде на заем во овој клуб кој исто така се натпреварувал во Примера Дивисион на Аргентина (највисоката фудбалска лига во Аргентина).[15][16] Договорот бил склучен шест месеци подоцна и на 6 јули 2015, Симеоне му се придружил на клубот на заем до крајот на сезоната.[17] На 12 јули 2015 година, тој го направил своето деби за Банфилд постигнувајќи го притоа победничкиот гол во победата со 1-0 над Килмес.[18] За Банфилд одиграл 34 натпревари и постигнал вкупно 12 гола.

Џенова

уреди

На 18 август 2016, Симеоне потпишал за италијанската Џенова во трансфер вреден 3 милиони евра.[19][20] Џенова најпрво откупила 65% од договорот на играчот,[21] а потоа и останатите 35% во јануари 2017 година.[22] На 18 септември дебитирал во Серија А во дресот на Џенова во поразот со 2-0 на гостувањето кај Сасуоло.[23] На 25 септември, тој го постигнал својот прв гол за грифоните, во ремито 1-1 на домашен терен против Пескара. На 27 ноември Симеоне постигнал два гола, во победата на домашен терен со 3-1 над Јувентус. Сезоната ја завршил со вкупно 13 постигнати голови (12 во Серија А и 1 во Купот на Италија).

Фјорентина

уреди

На 16 август 2017 година, Симеоне се преселил во Фјорентина за сума од 15 милиони евра плус 3 милиони во бонуси,[24][25] потпишувајќи петгодишен договор до јули 2022.[26] На 20 август дебитирал за виола во поразот од Интер со 3-0 на Џузепе Меаца. Својот прв погодок во дресот на Фјорентина го постигнал на 10 септември во победата со убедливи 5-0 на гостувањето кај Хелас Верона.[27] Во неделата од 31 март до 7 април 2018, Симеоне постигнал гол во три натпревари по ред помагајќи и на Фјорентина да оствари три победи над Кротоне (дома 2-0), Удинезе (гости 2-0) и Рома (гости 2-0). На 29 април 2018, го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата со 3-0 на домашен терен над Наполи.[28]

Репрезентативна кариера

уреди

Симеоне бил репрезентативец на Аргентина во селекцијата под 20 години за која на 12 натпревари постигнал 10 голови. Во летото 2016 бил повикан во Олимписката репрезентација на Аргентина да учествува на Олимпијадата 2016 во Бразил.[29]

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана 29 април 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2013-2014   Ривер Плејт ПД 17 2 КА 2 0 КС 0 0 - - - 19 2
2014-2015 ПД 10 0 КА 0 0 КС 4 2 - - - 14 2
Вкупно Ривер Плејт 27 2 2 0 4 2 0 0 33 4
2015-2016   Банфилд ПД 34 12 КА 2 0 - - - - - - 36 12
Вкупно Банфилд 34 12 2 0 - - - - 36 12
2016-2017   Џенова А 35 12 КИ 1 1 - - - - - - 36 13
Вкупно Џенова 35 12 2 2 - - - - 37 14
2017-2018   Фјорентина А 35 13 КИ 2 0 - - - - - - 37 13
Вкупно во кариерата 131 39 8 2 4 2 0 0 143 43

Хет-трикови

уреди

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Ривер Плејт

уреди

Репрезентативни

уреди

  Аргентина

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Giovanni Simeone - LEGA SERIE A
  2. La vida de Simeone: "70% fútbol, 30% familia", diario El Mundo, 19 de octubre de 2006.
  3. Gio Simeone: «Si eligiese, me gustaría jugar en el Atlético», diario ABC, 12 de noviembre de 2014.
  4. Giovanni nació en Madrid hace 21 años, diario El Mundo, 22 de febrero de 2017.
  5. Tres futbolistas y un biberón... ¿Conoces a los hijos de Simeone?, revista ¡Hola!, 30 de septiembre de 2016.
  6. „Genoa, ecco "El Cholito": il figlio di Simeone in Italia“. 15 август 2016.
  7. „Calcio, River Plateː figlio 16enne di Simeone in prima squadra“.
  8. Blair Newman; Luca Hodges-Ramon; Richard Hall; Franco Ficetola; Mark Neale; Emmet Gates (24 January 2017). „The 50 best young footballers in Italy“. The Guardian. Посетено на 15 February 2017.
  9. „Juric: 'Three points are key'. Football Italia. 5 February 2017. Посетено на 15 February 2017.
  10. „Filho de Simeone assina contrato com o River Plate“ [Simeone's son signs contract with River Plate] (португалски). Diário Lance!. 3 ноември 2011. Архивирано од изворникот на October 17, 2014. Посетено на October 17, 2014.
  11. „El "bautismo" para los pibes“ [The "baptism" for the kids] (шпански). La Página Millonaria. 16 јули 2013. Архивирано од изворникот на July 19, 2013. Посетено на October 17, 2014.
  12. „Gimnasia derrotó por 1–0 a River, en el Bosque“ [Gimnasia defeated River by 1–0 in Bosque] (шпански). ESPN Deportes. 4 август 2013. Архивирано од изворникот на October 17, 2014. Посетено на October 17, 2014.
  13. „Giovanni Simeone firmó y renovó contrato en River por tres años“ [Giovanni Simeone signed and renewed contract with River for three years] (шпански). Infobae. 27 август 2013. Архивирано од изворникот на December 18, 2013. Посетено на October 17, 2014.
  14. „River se despertó en el 2º tiempo y venció a Tigre“ [River woke up in the 2nd half and defeated Tigre] (шпански). ESPN Deportes. 8 септември 2013. Архивирано од изворникот на October 17, 2014. Посетено на October 17, 2014.
  15. goal.com (уред.). „Gio Simeone le abrió las puertas a un préstamo a Banfield“. Посетено на 8 јануари 2015.
  16. minutouno.com (уред.). „Gio Simeone quiere jugar y podría irse a Banfield“. Посетено на 13 јануари 2015.
  17. „Transfert : Giovanni Simeone (River Plate) prêté à Banfield“ [Transfer: Giovanni Simeone (River Plate) was loaned to Banfield]. L'Equipe (француски). 6 July 2015. Посетено на 27 August 2016.
  18. „Banfield festejó por Giovanni Simeone“ [Banfield celebrated by Giovanni Simeone]. Argentine Football Association. 12 July 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-29. Посетено на 25 August 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  19. http://www.goal.com/en/news/723/serie-a/2016/11/28/29962552/like-father-like-son-giovanni-simeone-shoots-down-juventus
  20. „Simeone ufficiale, venerdi' conferenza“ [Simeone official conference on Friday] (италијански). Genoa C.F.C. 18 August 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-21. Посетено на 18 August 2016.
  21. „Genoa, è fatta per Simeone Jr“. 31 јули 2016.
  22. „Genoa, acquistato tutto il cartellino di Simeone“. 31 јануари 2017.
  23. „Sassuolo-Genoa 2-0 con super Defrel. E c'è l'esordio di Simeone jr“. 18 септември 2016.
  24. „Fiorentina, è ufficiale: preso Simeone“. 16 август 2017.
  25. „La Fiorentina ha acquistato Giovanni Simeone“. 16 август 2017.
  26. Fiorentina sign Giovanni Simeone Архивирано на 19 август 2017 г. violachannel.tv
  27. „Serie A, Verona-Fiorentina 0-5: Viola travolgente. A segno Simeone, Thereau su rigore, Astori, Veretout e Dias nella ripresa“. Gazzeta dello sport. 10 септември 2017. Посетено на 2 мај 2018.
  28. Giovanni Sardelli (29 април 2018). „Fiorentina-Napoli 3-0. Simeone tripletta, la Juve a +4“.
  29. „Los 18 olímpicos“ (шпански). 6 јули 2016.

Надворешни врски

уреди