Федерико Бернардески
Федерико Бернардески (роден на 16 февруари 1994, во Карара) — италијански фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Торонто и поранешен италијански репрезентативец.
Федерико Бернардески | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 29 јули 1994 | ||
Роден во | Карара, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,85||
Позиција | среден ред, крило, напад | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Торонто | ||
Број | 10 | ||
Агент | Бепе Боцо | ||
Младинска кариера | |||
Фјорентина | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2013–2014 | → Кротоне | 38 | (12) |
2014–2017 | Фјорентина | 72 | (14) |
2017–2022 | Јувентус | 134 | (8) |
2022– | Торонто | 44 | (13) |
Репрезентација ‡ | |||
2011-2012 | Италија 18 | 7 | (0) |
2012 | Италија 19 | 1 | (0) |
2013-2015 | Италија 20 | 2 | (0) |
2014-2017 | Италија 21 | 16 | (5) |
2016-2022 | Италија | 39 | (6) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Тој ја започнал кариерата во Атлетико Карара и Полиспортива Понзано. Во 2003 година, тој преминал во младинските категории на Фјорентина, каде што поминал десет години, пред да биде проследен на позајмица во Кротоне во сезоната 2013–2014 година. Тој се вратил во Фјорентина следната сезона и станал еден од клучните играчи на клубот во следните три сезони. Во јули 2017 година, тој бил продаден на Јувентус за кој одиграл пет сезони освојувајќи три титули по ред во Серија А во периодот 2017-2020. Во јули 2022 година, како слободен играч тој потпишал за Торонто.
На репрезентативно ниво, тој ја има претставувано Италија во младинските категории, а своето деби за сениорскиот тим го направил во 2016 година. Бернардески бил дел од репрезентацијата на Италија, на две Европски првенства во 2016 и 2020, триумфирајќи на второто со Аѕурите
Неговиот прекар Брунелески, го добил по познатиот архитект, заради неговата техника и елеганција на теренот.[1]
Технички одлики
уредиБрз, силен, креативен, технички надарен и вреден играч, со добро чувство за позиционирање и око за гол, Бернардески се смета за еден од највозбудливите и најталентираните играчи на Италија во неговата генерација. Најчесто игра со левата нога, и е познат по неговата брзина, агилност и способност да упати моќен и прецизен удар надвор од шеснаесеттникот. Неговата омилена позиција е десно крило или надворешен напаѓач во 4-3-3 формацијата, позиција која му овозможува да игра еден на еден со противниците, или да навлезе низ средината од каде може да шутира или да се поврзе со својте соиграчи од средниот ред и да создаде шанси за соиграчите од нападот со својата посилна лева нога; тој исто така е способен да игра и на левата страна од теренот. Поради неговата тактичка разновидност, издржливост, визија и работа во дефанзивната фаза, како и неговите технички, атлетски и физички атрибути, тој е способен да игра на уште неколку други позиции и бил распореден како втор напаѓач, како офанзивен играч од средниот ред, како класична десетка (позната во Италија како треквартиста), во врвот на нападот, или дури и како страничен бек или бек-крило по десната страна на теренот.[2][3][4][5][6][7][8][9][10][11][12][13] Исто така е одличен изведувач на прекини: корнери, слободни удари[14][15][16] и пенали.[17][18]
Тој ги цитирал сонародниците Франческо Тоти, Џанкарло Антоњони, Роберто Баџо и Алесандро Дел Пјеро како негови фудбалски идоли и модели од детството; неговата улога на теренот и стилот на игра, исто така, доведува до тоа да Бернардески да биде споредуван со споменатите играчи, како и со Мишел Платини.[4][19][20][21]
Клупска кариера
уредиПочетоци со Фјорентина и заемот во Кротоне
уредиРоден во Карара, Федерико почнал да игра фудбал на возраст од шест години во локалниот клуб Атлетико Карара. По една година се префрлил во Понзано, фудбалската школа на Емполи, за во 2004 година да се приклучи на младинскиот сектор на Фјорентина, по препорака на Иларио Сатурни, тогашен скаут на клубот од Фиренца.
Откако минал низ сите младински категории на Фјорентина, на 2 септември 2013 година клубот го испратил Бернардески на позајмица во Кротоне, во Серија Б.[22] Своето професионално деби го имал на 8 септември 2013 година, во натпреварот против Пескара во Серија Б што завршил 2-2, појавувајќи се во игра во 75-тата минута од клупата за резерви на местото на Суфијан Бидауи.[23] Својот прв гол го постигнал на гостувањето кај Бреша, во победата со 2-1 на 21-ви истиот месец.[24] На 9 ноември 2013, за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар, во победата со 2-1 на гостувањето кај Карпи.[25] Истото го повторил и на 8 февруари 2014, кога ги постигнал првите два гола за Кротоне во победата со 3-0 над Пескара на Ецио Шида.[26] Својата прва професионална сезона ја завршил со 12 голови во 39 настапи во Серија Б. По завршувањето на сезоната Кротоне ја искористил опцијата да откупи половина од договорот на Бернардески.
Фјорентина
уредиНа 20 јуни 2014 година, Фјорентина ја откупила втората половина од договорот на Бернардески која од скоро ја поседувал Кротоне, и повторно ги добила назад целосно правата над играчот.[27] По одличната сезона во Кротоне, по враќањето во Фјорентина тој веднаш бил префрлен во првиот тим кој бил под водство на тренерот Винченцо Монтела и го добил дресот со број 29 за неговата прва професионална сезона во клубот, истиот оној број кој го носел претходната сезона во Кротоне. Своето деби во Серија А го имал на 14 септември 2014 година, на 20-годишна возраст, влегувајќи од клупата на местото на Марио Гомес во 57-мата минута од натпреварот на домашен терен против Џенова што завршил без голови 0-0.[28] Четири дена подоцна тој дебитирал во европските натпреварувања, во натпреварот од Лигата на Европа против францускиот Генгамп одигран на Артемио Франки (3-0 за Фјорентина), во кој го постигнал својот прв погодок во виолетовиот дрес.[29] По солидниот старт на сезоната, на почетокот на ноември, тој се здобил со фрактура на малеолусот на тренинг, повреда поради која морал да оди на операција; се вратил на теренот дури по шест месеци пауза, на 10 мај 2015 година, во лигашки натпревар против Емполи. На 31-ви истиот месец, во последното коло од првенството, Бернардески го постигнал својот прв погодок во Серија А во победата со 3-0 над Кјево.[30]
Пред почетокот на сезоната 2015-2016 го сменил бројот на дресот, од 29 на 10, приклучувајќи се на списокот на десетки на Фјорентина на неколку легенди на клубот како Џанкарло Антоњони, Роберто Баџо и Руи Кошта.[19][31] Бернардески добил доста простор за игра кај новиот тренер португалецот Пауло Соуса кој најчесто го користел како десен страничен играч во средниот ред. На 26 ноември 2015 година, за првпат постигнал два гола во ист натпревар како играч на Фјорентина, во соочувањето со Базел во Лигата на Европа што завршило 2-2.[2][32] Во последното коло од сезоната во Серија А, Бернардески постигнал еден гол и асистирал за уште други два во победата со 4-2 на гостувањето кај Лацио во Рим.[33] Сезоната ја завршил со 41 одигран натпревар во сите натпреварувања и 6 гола.
На 23 октомври 2016, првпат во кариерата Бернардески постигнал два гола на еден натпревар во Серија А, во победата со 5-3 на гостувањето кај Каљари.[34] Истото го повторил на 20 ноември, во победата со 4-0 на гостувањето кај Емполи во тосканското дерби. На 18 декември 2016 година, во поразот со 3-1 на гости кај Лацио, по излегувањето од игра на Јосип Иличиќ Бернардески ја носел капитенската лената на својата екипа за првпат. Во натпреварот против Џенова на 29 јануари 2017, Бернардески влегол од клупата за резерви и асистирал за голот на Никола Калиниќ за водство на својата екипа од 3-2, но во самиот финиш од натпреварот поради играње со рака на гол-линијата направил пенал и го заработил првиот цревен картон во кариерата. На 16 февруари 2017 година, на денот на неговиот 23-ти роденден, тој го одлучил првиот натпревар од шеснаесттинафиналето на Лигата на Европа против германскиот Борусија Мохенхенгладбах со прекрасен погодок од слободен удар од околу 25 метри;[35] гол со кој Фјорентина победила со 1-0, што исто така била првата историска победа на клубот на гостување во Германија.[36] Третата сезона со Фјорентина ја завршил со 14 гола во 42 натпревари во сите натпреварувања, од кој 11 ги постигнал во првенството.
Јувентус
уредиНа 24 јули 2017 година, Бернардески потпишал за Јувентус во трансфер вреден 40 милиони евра (плус 10% за Фјорентина од следната можна продажба, максимално до 5 милиони евра).[3][37] Договорот бил потпишан на 5 години во трајност до 30 јуни 2022 со годишна плата од 3 милиони евра плус.[38][39] Тој станал втората најскапа продажба на Фјорентина по португалецот Руи Коста во 2001.[40] Иако низ медиумите било најавено дека тој е главниот кандидат да го носи слободниот дрес со број 10, на својата презентација Бернардески го одбрал дресот со број 33 велејќи: "Дресот со бројот 10 е број што ми се допаѓа, но тој треба да се заработи. Мислам дека бројот 33 е правилен избор во овој момент".[41]
Своето деби за Јувентус го направил на 13 август 2017, влегувајќи во игра во второто полувреме од клупата за резерви на местото на Марио Манџукиќ во поразот со 2-3 од Лацио во Суперкупот на Италија игран на Олимпико во Рим.[42] Првиот настап за Јувентус во првенството го имал во третото коло, во победата со 3-0 над Кјево на Алијанц Стедиум. На 12 септември 2017, го направил своето деби во Лигата на шампионите, играјќи како замена во второто полувреме во поразот со 3-0 од Барселона на Камп Ноу.[43] На 1 октомври, во својот прв старт за Јувентус, тој го постигнал својот прв гол за клубот, и асистирал за голот на Гонсало Игуаин, во ремито 2-2 на гостувањето во Бергамо кај Аталанта.[44] На 25 истиот месец го постигнал својот втор гол во дресот на Јувентус со прекрасен удар од работ на шеснаесеттникот во победата со 4-1 на домашен терен над СПАЛ.[45] На 5 декември 2017, Бернардески го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата со 2-0 на гостувањето кај Олимпијакос, во последниот натпревар од групната фаза.[46] На 6 јануари 2018, го постигнал единствениот гол на натпреварот против Каљари, со кој му донел минимална победа на својот тим со 1-0.[47] Својот последен погодок за сезоната го постигнал на 9 февруари 2018, по прекрасно изведен слободен удар во победата со 2-0 на гостувањето кај неговиот поранешен клуб Фјорентина.[48] На 18 февруари 2018, Бернардески се здобил со повреда на левото колено во дербито против Торино (завршило 1-0 за Јувентус) поради која морал да пропушти два месеци од сезоната.[49] Своето враќање на теренот го направил на 18 април 2018, точно два месеци откако последен пат играл, влегувајќи од клупата за резерви во финишот од натпреварот против Кротоне што завршил 1-1.[50] На 9 мај 2018 година го освоил својот прв трофеј во кариерата, Купот на Италија, по победата со 4-0 над Милан во финалето играно во Рим; четири дена подоцна, во истиот град, ремито 0-0 против Рома му овозможува да се пофали со своето прво скудето во кариерата.
На почетокот на следната сезона, со својот гол во третата минута од судиското продолжение му донел победа на Јувентус на гостувањето кај Кјево (2-3) во првото коло на Серија А 2018-2019.[51] Околу месец дена подоцна, тој повторно бил стрелец во последните минути за уште една гостинска победа, овојпат против Фрозиноне во успехот со 0-2. По силниот почеток, во продолжение на сезоната квалитетот на игрите во неговите настапи значително започнал да опаѓа, па и тој паднал во изборот на тренерот Масимилијано Алегри, започнувајќи се почесто на клупата за резерви. Сепак, и покрај тоа, тој крај своето име додал уште неколку одличја; во јануари 2019, го освоил Суперкупот на Италија, благодарение на победата од 1-0 над Милан во Џеда, а потоа се израдувал повторно на освојување на скудетото, откако Јуве одново бил најдобар во Серија А. За време на сезоната 2019-2020, под водство на новиот тренер Маурицио Сари, Бернардески се вратил во преден план во составот на Јувентус, бидејќи Сари бил голем негов љубител изјавувајќи дека "му се допаѓа уште од неговото време во Фјорентина". Но, иако во почетокот ја имал довербата на тренерот во текот на сезоната одново го загубил своето место во тимот. Својот единствен гол во Серија А за сезоната го постигнал на 26 јули 2020, во победата со 2-0 на домашен терен над Сампдорија, натпревар вреден деветта последователна титула за торинскиот клуб и трета лична за Бернардески. Сепак, и покрај новиот клупски успех, на личен план ова била неуспешна сезона за него, бидејќи токму од оваа година започнала најнегативната фаза во кариерата на Бернардески во Јувентус, сега жртва и на тактички недоразбирања и неспособен да се врати на задоволителни нивоа, иако дал некој позитивни знаци во првите натпревари после паузата предизвикана од пандемијата на ковид-19.[52]
Во сезоната 2020-2021, под водство на новиот тренер Андреа Пирло, тој продолжува да наоѓа дискретен простор за игра, но за прв пат во кариерата завршува сезона без постигнат гол,[52] учествувајќи делумно во успесите на Јувентус во Суперкупот на Италија и Купот на Италија. Особено, искуството со Пирло се покажало како многу лошо, толку многу што на крајот од сезоната крилниот напаѓач јавно го открил своето незадоволство од неговата употреба на теренот од страна на тренерот.[53] Работите не се подобруваат ниту со враќањето на Алегри на клупата во следната сезона, во која крилниот напаѓач, и покрај тоа што почесто бил стартер,[54] продолжува да има мала улога во хиерархиите на Јувентус: поради оваа причина, Бернардески и клубот не можат да постигнат согласност за обновување на договорот,[55] по што играчот го напуштил Торино по пет години, со три освоени титули во лигата, два Купа на Италија и два суперкупа.[56]
Торонто
уредиНа 15 јули 2022 година, играчот се пресели во МЛС, приклучувајќи му се како Одреден играч на канадскиот клуб Торонто:[57] во сезоната 2022 неговото доаѓање значело формирање на мала „италијанска колонија“ во Онтарио, каде веќе биле неговите сонародници Доменико Кришито и Лоренцо Инсиње.[58] На 23 јули, за време на своето деби во МЛС, Бернардески го постигнал својот прв гол во новиот дрес, тресејќи ја мрежата на Шарлот за 3-0 во победата на домашен терен (4-0).[59]
Репрезентативна кариера
уредиМладински репрезентации
уредиНа 28 февруари 2014, тој бил повикан од селекторот на репрезентацијата под 21 година, Лујџи Ди Бјаџо, за квалификацискиот натпревар за Европското првенство против Северна Ирска на 5 март истата година,[60] во кој дебитирал за Аѕрурините играјќи како стартер.[61] Својот прв гол со репрезентацијата под 21 година го постигнал на 9 септември 2014 година, во квалификацискиот натпревар за Европското под 21 година 2015 Италија-Кипар 7-1.[62] Подоцна, учествувал на Европското првенство под 21 година во Чешка, каде забележал само еден настап влегувајќи како замена во второто полувреме од натпреварот против Португалија (0-0) во групната фаза.[63]
По пауза од речиси година и половина по неговото последно учество во ноември 2015 година, тој повторно бил повикан во репрезентацијата под 21 година за да го одигра Европски првенство под 21 година 2017 во Полска, на кое постигнал 2 гола против Германија и Шпанија, во 4 натпревари за Аѕурините. Италија била елиминирана во полуфиналето од Шпанија. По завршувањето на првенството Бернардески бил избран во Идеалниот тим на турнирот.
Сениорска репрезентација
уредиОд 10-ти до 12 март 2014 година тој бил повикан од селекторот на сениорската репрезентација Чезаре Прандели на органзирано стажирање со цел развивање на младите играчи во пресрет на Светското првенство 2014.[64]
На 19 март 2016 година, тој го добил својот прв повик во италијанската репрезентација од тогашниот селектор Антонио Конте, за пријателските натпревари против Шпанија и Германија.[65] Дебитирал на 24 март 2016 година, на возраст од 22 години, влегувајќи во игра во второто полувреме на местото на Антонио Кандрева во натпреварот Италија-Шпанија (1-1) одигран во Удине.[66] Неколку месеци подоцна тој бил вклучен во листата од 23 играчи повикани за Европското првенство 2016,[67][68] каде што бил користен само во третиот натпревар од групата во поразот со 1-0 од Ирска.
Својот прв гол во репрезентацијата го постигнал на 11 јуни 2017 година, под раководството на селекторот Џиан Пјеро Вентура, во натпреварот од Квалификациите за Светското првенство 2018 против Лихтенштајн (5-0) во Удине.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиКлупска статистика
уредиСезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2013-2014 | Кротоне | Б | 38+1[69] | 12+0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 39 | 12 |
2014-2015 | Фјорентина | А | 7 | 1 | КИ | 0 | 0 | ЛЕ | 3 | 2 | - | - | - | 10 | 3 |
2015-2016 | А | 33 | 2 | КИ | 1 | 0 | ЛЕ | 7 | 4 | - | - | - | 41 | 6 | |
2016-2017 | А | 32 | 11 | КИ | 2 | 1 | ЛЕ | 8 | 2 | - | - | - | 42 | 14 | |
Вкупно Фјорентина | 72 | 14 | 3 | 1 | 18 | 8 | - | - | 93 | 23 | |||||
2017-2018 | Јувентус | А | 22 | 4 | КИ | 3 | 0 | ЛШ | 5 | 1 | СИ | 1 | 0 | 31 | 5 |
2018-2019 | А | 28 | 2 | КИ | 2 | 1 | ЛШ | 8 | 0 | СИ | 1 | 0 | 39 | 3 | |
2019-2020 | А | 29 | 1 | КИ | 3 | 0 | ЛШ | 6 | 1 | СИ | 0 | 0 | 38 | 2 | |
2020-2021 | А | 27 | 0 | КИ | 4 | 0 | ЛШ | 7 | 0 | СИ | 1 | 0 | 39 | 0 | |
2021-2022 | А | 28 | 1 | КИ | 2 | 1 | ЛШ | 5 | 0 | СИ | 1 | 0 | 36 | 2 | |
Вкупно Јувентус | 134 | 8 | 14 | 2 | 31 | 2 | 4 | 0 | 183 | 12 | |||||
Вкупно во кариерата | 160+1 | 32 | 8 | 2 | 31 | 9 | 2 | 0 | 202 | 43 |
Титули
уредиКлупски
уредиЈувентус
уреди- Серија А : 3
- Куп на Италија : 2
Репрезентација
уредиИталија
уредиНаводи
уреди- ↑ Tenerani, Mario (16 October 2014). „Bernardeschi, la mano dell'artista: per tutti a Firenze è Brunelleschi“ [Bernardeschi, the artist's hand: for everyone in Florence he is Brunelleschi]. Il Messaggero (италијански). Архивирано од изворникот на 2018-08-07. Посетено на 8 March 2017.
- ↑ 2,0 2,1 „Europa League Fiorentina, Sousa: "Bernardeschi va preso come esempio"“ [Europa League Fiorentina, Sousa: "Bernardeschi should be seen as an example"] (италијански). Il Corriere dello Sport. 26 November 2015. Посетено на 26 November 2015.
- ↑ 3,0 3,1 „Federico Bernardeschi è bianconero!“. 24 јули 2017.
- ↑ 4,0 4,1 „Sacchi: 'Bernardeschi isn't Del Piero'“. Football Italia. 22 July 2017. Архивирано од изворникот на 2017-12-09. Посетено на 22 July 2017.
- ↑ „In rampa di lancio: attaccanti“ (италијански). UEFA.com. 4 January 2017. Посетено на 16 February 2017.
- ↑ „Radio Bruno: Bernardeschi sulla trequarti con Ilicic?“ [Radio Bruno: Bernardeschi as an attacking midfielder alongside Ilicic?] (италијански). Viola News. 26 November 2015. Посетено на 26 November 2015.
- ↑ Marco Pecorini (6 November 2015). „Bernardeschi, il '10' che fa il terzino. Applicazione e sacrificio, in attesa della qualità“ [Bernardeschi, the "number 10" who plays as a full-back. Dedication and hard-work, still waiting for his quality] (италијански). Fiorentina.it. Посетено на 26 November 2015.
- ↑ Angelo Taglieri (26 November 2015). „Bernardeschi, strappa applausi in Europa. E vince il confronto con Berardi“ [Bernardeschi, earns applause in Europe. And he wins the comparison with Berardi] (италијански). Calciomercato. Посетено на 26 November 2015.
- ↑ „Buffon-Bernardeschi, Azzurri exchange“. Football Italia. 20 March 2016. Посетено на 21 March 2016.
- ↑ Richard Hall (2 June 2016). „Underestimating Bonaventura“. Football Italia. Посетено на 3 June 2016.
- ↑ Balir Newman (14 December 2015). „Federico Bernardeschi: the versatile Fiorentina number 10 being courted by Barcelona“. FourFourTwo. Посетено на 13 January 2017.
- ↑ „PSG close to signing Cavani understudy Bernardeschi“. As.com. 28 December 2016. Архивирано од изворникот на 2018-09-29. Посетено на 13 January 2017.
- ↑ „Gol, assist, magie: Firenze pazza di Bernardeschi“ (италијански). Mediaset. 23 December 2016. Посетено на 22 July 2017.
- ↑ FEDERICO SALA (16 February 2017). „Borussia Moenchengladbach-Fiorentina 0-1: decide una magia di Bernardeschi“ (италијански). La Repubblica. Посетено на 22 July 2017.
- ↑ „Capolavoro di Bernardeschi su punizione, la Fiorentina vince in Germania“ (италијански). La Stampa. 16 February 2017. Посетено на 22 July 2017.
- ↑ Stefano Silvestri (11 February 2017). „La Fiorentina dimentica Roma: Bernardeschi show, 3-0 all'Udinese“ (италијански). Eurosport. Посетено на 22 July 2017.
- ↑ Gioele Pracucci (11 January 2017). „Fiorentina di rigore: Bernardeschi batte il Chievo al 90'“ (италијански). Il Corriere dello Sport. Посетено на 22 July 2017.
- ↑ „Il rigore di Bernardeschi“ (италијански). La Repubblica. 11 February 2017. Посетено на 22 July 2017.
- ↑ 19,0 19,1 „Bernardeschi: 'I am Fiore's N.10'“. Football Italia. 25 November 2015. Архивирано од изворникот на 2018-09-20. Посетено на 26 November 2015.
- ↑ „Bernardeschi: "I miei idoli? Baggio, Totti e Del Piero"“ (италијански). Il Corriere dello Sport. 23 June 2017. Посетено на 22 July 2017.
- ↑ Stefano Dolci (28 December 2016). „Bernardeschi: "Al 2017 chiedo una coppa: ma non mi sento il nuovo Baggio"“ (италијански). Eurosport. Посетено на 22 July 2017.
- ↑ BERNARDESCHI IN PRESTITO AL CROTONE violachannel.tv
- ↑ Bernardeschi, esordio in B con il Crotone: finisce 2-2 iltirreno.it
- ↑ Brescia, brutto ko al Rigamonti col Crotone giornaledibrescia.it
- ↑ Carpi, Cabassi ancora amaro Doppio Bernardeschi, passa il Crotone ilrestodelcarlino.it
- ↑ VIDEO: doppio Bernardeschi fa volare il Crotone
- ↑ BABACAR E BERNARDESCHI TORNANO ALLA FIORENTINA violachannel.tv
- ↑ Stagione 2014-15 - 2ª Giornata Match report: Fiorentina - Genoa 0-0 us.soccerway.com
- ↑ Fiorentina, tris d'autore uefa.com
- ↑ „Fiorentina-Chievo 3-0 | I viola vincono il Napoli no: è 4º posto"“. 31 мај 2015. Посетено на 30 декември 2015.
- ↑ Giovanni Sardelli (30 јули 2015). „Fiorentina, Bernardeschi ha rinnovato: "La 10 di Baggio? Non è presunzione"“.
- ↑ Luca Feole (26 ноември 2015). „Europa League, Basilea-Fiorentina 2-2: doppio Bernardeschi, ma Roncaglia rovina tutto“. Посетено на 30 декември 2015.
- ↑ Nicola Berardino (15 мај 2016). „Lazio-Fiorentina 2-4: segnano Lulic, Vecino (doppietta), Bernardeschi, Tello e Klose“. La Gazzeta dello Sport. Посетено на 14 август 2018.
- ↑ Carlo Angioni (23 октомври 2016). „Cagliari-Fiorentina 3-5: Kalinic (tripletta) e Bernardeschi (doppietta) show“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 14 август 2018.
- ↑ „Bernardeschi, compleanno magico con la Fiorentina: "E' il mio goal più bello"“. 16 февруари 2017. Посетено на 17 февруари 2017.
- ↑ Jacopo Ottenga (16 февруари 2017). „PAGELLE MÖNCHENGLADBACH FIORENTINA – Prima vittoria storica in Germania, Bernardeschi ipoteca gli ottavi“. Архивирано од изворникот на 2018-10-29. Посетено на 17 февруари 2017.
- ↑ „BREAKING NEWS: Bernardeschi joins Juventus for €40m“. FourFourTwo. 24 July 2017. Архивирано од изворникот на 2017-07-29. Посетено на 24 July 2017.
- ↑ „Federico Bernardeschi seals €40m move to Juventus from Fiorentina“. espn. 24 јули 2017. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ Federico Bernardeschi - Bio, salary, net worth, married, affair, dating ...
- ↑ „Official: Juve make statement with €40m Bernardeschi deal“. Архивирано од изворникот на 2018-10-23. Посетено на 2018-08-15.
- ↑ „Bernardeschi desetku moram zasluziti“. ju1987.net. 28 јули 2017. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ „Lazio beats Juventus 3-2 to win Super Cup after wild finale“. The Washington Post. 13 August 2017. Архивирано од изворникот на 2017-08-22. Посетено на 13 August 2017.
- ↑ Fabiana Della Valle (12 September 2017). „Barcellona-Juventus 3-0: Messi spaziale, i bianconeri durano 45'“ (италијански). La Gazzetta dello Sport. Посетено на 5 December 2017.
- ↑ „Atalanta-Juventus, goal e assist per Bernardeschi alla prima da titolare“. Goal.com. 1 октомври 2017. Посетено на 1 октомври 2017.
- ↑ „Juve-Spal 4-1, gol e highlights: magie di Bernardeschi e Dybala, poi Higuain e Cuadrado“. sky.it. 25 октомври 2017. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ Fabiana Della Valle (5 декември 2017). „Olympiacos-Juve 0-2, Cuadrado e Bernardeschi gol per gli ottavi“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 5 декември 2017.
- ↑ Alla Juve basta Bernardeschi, le imagini della vittoria di Cagliari
- ↑ Enrico Turcato (9 февруари 2018). „L'ex Bernardeschi e Higuain: la Juventus vince 2-0 a Firenze“. it.eurosport. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ „Infortunio Bernardeschi, preoccupa il ginocchio. Higuain, nulla di serio alla caviglia: gli aggiornamenti“. sky.it. 18 февруари 2018. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ La Juve ritrova Bernardeschi dopo due mesi
- ↑ „Роналдо промашуваше, Бернардески донесе трилер-победа на Јувентус“. ekipa.mk. 18 август 2018. Посетено на 10 декември 2023.
- ↑ 52,0 52,1 Giovanni Albanese (2021-06-13). „Agenda Bernardeschi: prima l'Europeo per il rilancio, poi al tavolo con la Juve“.
- ↑ „Bernardeschi, frecciata a Pirlo: "In Nazionale gioco nel mio ruolo"“ (италијански). 2021-06-28.
- ↑ „Juve, la variabile Bernardeschi: per Allegri maggiori soluzioni tattiche“ (италијански). 2022-03-06.
- ↑ „Sala Stampa | Allegri e Bernardeschi al fischio finale“ (италијански). 2022-05-21.
- ↑ „Grazie di tutto, Federico!“ (италијански). 2022-06-30.
- ↑ „Toronto FC sign Italian international Federico Bernardeschi“ (англиски). 15 јули 2022. Посетено на 15 јули 2022.
- ↑ (in it) Insigne, Bernardeschi e Criscito: l'Italia è a Toronto. Tuttosport. https://www.tuttosport.com/video/calcio/calcio-estero/2022/07/16-94734957/insigne_bernardeschi_e_criscito_l_italia_e_a_toronto.
- ↑ „Toronto FC 4, Charlotte FC 0 | 2022 MLS Match Recap“ (англиски). 2022-07-24.
- ↑ Under 21: i convocati di Di Biagio Ansa.it
- ↑ "Vittoria importante" per Di Biagio uefa.com
- ↑ VIDEO Bernardeschi show in Under 21: gol, assist e… poi s'infortuna Архивирано на 14 settembre 2014. violanews.com
- ↑ „Under 21, oggi tocca all'Italia contro la Svezia. Panchina per Bernardeschi“. 18 јуни 2015. Посетено на 30 декември 2015.
- ↑ Stage a Roma dal 10 al 12 март: sono 31 i convocati di Prandelli Архивирано на 26 јуни 2015 г. Figc.it
- ↑ Italia: prima convocazione per Bernardeschi, c'è anche Astori fiorentina.it
- ↑ Xavier Jacobelli (24 март 2016). „Bell'Italia, grande Insigne. Ma l'arbitro di Collina ha negato la vittoria“. Посетено на 24 март 2016.
- ↑ „Ufficiale: Bernardeschi all'Europeo. Tutti i convocati e il programma azzurro“. 31 мај 2016. Посетено на 31 мај 2016.
- ↑ „Inizia il 'Sogno Azzurro': su Rai 1 ufficializzata la lista dei convocati per l'Europeo“. 31 мај 2016. Архивирано од изворникот на 2016-06-03. Посетено на 31 мај 2015.
- ↑ Плејоф.
Надворешни врски
уреди„Федерико Бернардески“ на Ризницата ? |