Lotto Sport Italia е италијански производител на спортска опрема. Нивните производи за сега се дистрибуираат во повеќе од 60 земји.

Lotto Sport Italia
ВидПриватна компанија
Дејностспортска опрема, спортски добра
Основано1973 во Монтебелуна, Италија
СедиштеТревизо, Италија
Опслужувани подрачја
Ширум светот
ПроизводиСпортски патики
спортска гардероба
спортска опрема
Мреж. местоwww.lotto.it

Историја уреди

Компанијата Lotto е основана во 1973 година од страна на семејството Кабрелото (кои биле сопственици на фудбалскиот тим Тревизо) во Монтебелуна, северна Италија, светски центар на производство на обувки. Во јуни 1973 година, Lotto го имал своето деби како спортски производит на обувки. Тениските патики всушност го означуваат почетокот на производство, проследено со модели за кошарка, одбојка, атлетика и фудбал.

Производството на спортска облека бил следниот потфат на компанијата. Во првите 10 години, Lotto биле фокусирани на италијанскиот пазар. Во текот на првата деценија, корпоративната стратегија била концентрирана на правење тениски обувки и облека, и спонзорирани на големи имиња од професионалниот тенис (Мартина Навратилова, Борис Бекер, Томас Мунстер, Андреа Гауденци).

 
Продавница на Лото во Хонгконг

Во 80-тите Lotto се пресели за да ја прошири својата бизнис база, натпреварувајќи се со тогашната мала група на производители на фудбалски копачки и облека. Откако ги создале својте први фудбалски модели на дресови и копачки, потпишале големи договори за соработка со меѓународни реномирани играчи и тимови. Познати тенисери од тој период кој ја носеле оваа марка биле Џон Њуком, Андрес Гомес и Хосе Луис Клерк.

Првите спонзорски договори во фудбал биле потпишани со играчи (Дино Ѕоф и Руд Гулит) и екипи, како што се Милан (1993-1998), на Холандската репрезентација, Наполи, Јувентус, Кјево и Реал Сарагоса. Ова вклучување заедно со јавните слики на спортистите помогнале да се направи компанијата водач во тенисот и фудбалот. Во текот на истиот период, Lotto го проширил пазар за извоз, и неговиот меѓународен бизнис пораснал брзо. Десет години подоцна брендот бил дистрибуиран во повеќе од 60 земји низ целиот свет .

Во јуни 1999 година, компанијата била преземен од страна на група на локалните деловни луѓе, кои веќе беа многу активни во спортската област. Компанијата била преименувана во Lotto Sport Italia.

Денес Lotto ги дистрибуира своите производи во повеќе од 70 земји преку независни спортски продавници, специјализирани во синџирот на продавници и големите продавници со спортски оддели.

Надворешни врски уреди