Емануеле Џакерини
Емануеле Џакерини (роден во Бибиена, 5 мај 1985) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Кјево и на италијанската репрезентација.
Емануеле Џакерини | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 5 мај 1985 | ||
Роден во | Бибиена, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,67||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Кјево | ||
Број | 17 | ||
Младинска кариера | |||
Чезена | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2004-2011 | Чезена | 97 | (20) |
2004-2005 | →Форли | 22 | (1) |
2005-2007 | →Белариа Игеа | 37 | (3) |
2007-2008 | → Павија | 28 | (9) |
2011-2013 | Јувентус | 40 | (4) |
2013-2016 | Сандерленд | 32 | (4) |
2015-2016 | → Болоња | 28 | (7) |
2016-2018 | Наполи | 20 | (1) |
2018- | Кјево | 24 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
2012-2016 | Италија | 29 | (4) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Технички одлики
уредиЏакерини е висок само 167 cm, но затоа е многу брз со топката во нозете има солиден дриблинг и шут како и одлични додавања. Примарно игра на крилните позиции во средниот ред, но низ годините има играно на разни позиции од напаѓач, во дресот на Чезена, до централен играч за врска на средината на теренот, по доаѓањето во Јувентус на барање на тренерот Антонио Конте.
Клупска кариера
уредиЧезена
уредиРоден во Тоскана, Џакерини својата професионална кариера ја започнува во тимот на Чезена, клуб од регионот, Емилија-Ромања. Во 2004-тата година тој е пратен на позајмица во клубови од Лега Про лигата, Форли, Белариа Игеа и Павиа. Во 2008.-ата кога Чезена испаѓа од Лега Про, т.е. третата лига по ранг во италијанскиот фудбал Џакерини се враќа во својот матичен клуб и соработува во нападот со Симоне Мота.
Чезена во 2009.-тата година се враќа во Серија Б. Во сезоната 2009/10 Чезена заврши на 2. место во Серија Б со еден бод помалку од Лече и изборува промоција во највисокиот ранг во италијанскиот фудбал, односно Серија А. Тоа беше можност и за самиот Џакерини да се испроба во елитниот фудбал.
Во сезоната 2010/11 во која Чезена игра во првата лига, Џакерини беше еден од најдобрите играчи во тимот. Тој постигна 7 гола во 36 мела, вклучувајќи ги и погодоците против Милан во победата од 2-0 и голот против Интер во поразот од 2-3.
Јувентус
уредиНа 25 август 2011. Џакерини и официјално преоѓа во Јувентус. Јуве откупил половина од неговиот договор за 3 милиони евра. Тој дебитирал веќе во првиот натпревар во сезоната против Парма започнувајќи го натпреварот во почетната постава. Својот прв погодок за Бјанконерите го постигнал во Coppa Italia, во натпреварот против Болоња, на 8 август 2011 со соло продор со кој успеа да се ослободи од неколку играчи и му донесе предност на Јувентус на неколку минути пред крајот. Својот прв гол во Серија А за Јувентус, Џакерини го постигнал на 21 јануари 2012 во гостинската победа над Аталанта (0-2) со преубав волеј-удар. По завршувањето на сезоната 2011-12, Џакерини со Јувентус станува првак на Италија и го освојува своето прво Скудето во кариерата.
Во јуни 2012 година Јуве го целосно го откупил неговиот договор за 4.250.000 €, со што треба да го задржи во клубот до јуни 2015.[1] Јувентус го освои Суперкупот на Италија против Наполи (тој влезе во игра во второто продолжение) и го одбрани насловот во Серија А (17 настапи и 3 гола) за време на сезоната 2012-13. Тие, исто така стигнаа и до полуфиналето на Купот на Италија и четврт-финалето на Лигата на шампионите, каде се поразени, и во двете натпрварувања, од подоцнежните шампиони, Лацио и Баерн Минхен.
На 11 јули 2013 година, менаџерот на Јувентус Антонио Конте ја потврдил продажбата на Џакерини во англиската Премиер лига на екипата на Сандерленд, со цел да се соберат средства за купување на други играчи.[2]
Сандерленд
уредиПет дена подоцна и Сандерленд го потврдил трансферот на Џакерини.[3] Менаџерот на клубот Паоло Ди Канио изјавил дека многу верува во италијанскиот репрезентативец и смета дека тој ќе биде една од ѕвездите на Премиер лигата во сезоната 2013-14. Џакерини го направил своето деби на 17 август, во поразот на домашен терен од Фулам со 1-0. Во неговиот втор натпревар од кампањата, тој постигнал погодок од непосредна близина со удар со глава по нафрлената топка од корнер на Себастијан Ларсон, во натпреварот што завршил 1-1 против Саутхемптон на гости.[4] На 29 септември 2013, Џакерини го постигнал својот втор првенствен гол - прв на домашен терен во поразот со 1-3 од Ливерпул.[5]
Титули
уредиЈувентус
уреди- Серија А (2) : 2011-12, 2012-13
- Суперкуп на Италија (1) : 2012
Наводи
уреди- ↑ http://www.juventus.com/wps/wcm/connect/ac0de5fe-9da8-4504-abd9-988839aeb13f/comunicato+19062012+giaccherini+eng.pdf?MOD=AJPERES&CACHEID=ac0de5fe-9da8-4504-abd9-988839aeb13f[мртва врска]
- ↑ Тренерот на Јувентус Антонио Конте потврди дека Сандерленд е близу да го доведе Џакерини – Sky Tyne and Wear Архивирано на 13 јули 2013 г.. Tyneandwear.sky.com (11 јули 2013).
- ↑ Transfer news: Емануел Џакерини го напушти Јувентус и му се приклучи на Сандерленд на четиригодишен договор | Sunderland News, Fixtures, Results, Transfers. Sky Sports (16 July 2013).
- ↑ "Саутхемптон 1 Сандерленд 1: Изедначувачкиот погодок на Жозе Фонте за "Светците" во последните минути ја откажа првата победа на Ди Канио во сезоната" Daily Mail. 24 август 2013. Retrieved 24 август 2013.
- ↑ "Сандерленд 1 Ливерпул 3"