Бошко Бабиќ
Бошко Бабиќ (16 јануари 1924, Босанска Градишка – 11 јануари 1998, Прилеп, Македонија) — македонски археолог[1].
Бошко Бабиќ | ||
Роден | 16 јануари 1924 Босанска Градишка, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 11 јануари 1998 Прилеп, Македонија | |
Националност | Македонец, србин, | |
Занимање | археолог | |
Деца | Марин Бабиќ |
Животопис
уредиДипломирал историја на уметноста во Белград (1955), а докторирал на Универзитетот во Лублин, Полска (1980). Основач на Народен музеј во Прилеп и негов директор (1955–1980). Основач и директор на Институтот за старословенска култура во Прилеп (1980–1989). Организира повеќе ликовни колонии (вајарство во дрво и мермер). Уредник на списанието за култура „Стремеж “. Претседател на САДЈ (1972–1976). Основач на МАНД (1970) и негов прв претседател. Воспоставува соработка со археолошки и со конзерваторски институции од Полска.
Творештво
уредиВо долгогодишната научно-истражувачка активност зад себе оставил голем број на стручни трудови. Добитник бил на голем број домашни и меѓународни награди, признанија и ордени. Покрај делувањето во струката, учествувал во севкупниот културен живот во Прилеп и пошироко. Активно учествувал во работата на списанието „Стремеж” , како долгогодишен член на редакцијата и во еден период и како негов главен уредник. Бошко Бабиќ бил и прв претседател на театарските игри “Војдан Чернодрински”. Автор бил на повеќе филмски и телевизиски сценарија, елаборати и проекти.
Во рамките на меѓународниот проект “Енциклопедија на раната историја на Европа” тој бил координатор за СФР Југославија.[2]
Наводи
уреди- ↑ [ http://promacedonia.org/mak_enc/encyclopaedia_macedonica_1.pdf / Бошко Бабиќ]
- ↑ „БОШКО БАБИЌ, ЖИВОТ И ДЕЛО“. Архивирано од изворникот на 2020-08-14. Посетено на 2020-08-11.
Надворешни врски
уреди- Зборник посветен на Бошко Бабиќ Архивирано на 21 септември 2020 г.