Топлица (Прилепско)
Топлица — целосно раселено село во областа Раец, во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Топлица | |
Координати 41°24′2″N 21°44′30″E / 41.40056° СГШ; 21.74167° ИГД | |
Општина | Прилеп |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20102 |
Слава | Свети Мина |
Топлица на општинската карта Атарот на Топлица во рамките на општината | |
Топлица на Ризницата |
Историја
уредиПодрачјето на Топлица е населено уште од римско време, за што сведочат бројните наоѓалишта околу селото.
Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Географија
уредиСелото се наоѓа во областа Раец, во територијата на Општина Прилеп, во една од јужните падини на планината Бабуна и од левата страна на регионалниот пат Прилеп-Кавадарци. Расположено е на надморска височина од 900 метри и од градот Прилеп е оддалечено 25 километри.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Топлица живееле 420 жители, сите Македонци. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 384 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија, додека според пописот во 2002 година во селото живеат само 5 жители, Македонци.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Топлица се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 65 куќи.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото Топлица немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 420 | 384 | 240 | 221 | 144 | 73 | 15 | 8 | 6 | 5 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови
уредиТоплица е македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Стојановци (23 к.) и Војчевци (9 к.)
- Доселеници: Навртковци (10 к.) доселени се во средината на XVIII век од селото Магарево кај Битола; Мијаковци (8 к.) доселени се на крајот од XVIII век од некое село во мијачкиот крај; Кишковци (1 к.) доселени се во 1867 година од селото Ракле; Вакановци (1 к.) доселени се во 1895 година од селото Кокре во Мариово.[8]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1426 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа на селото Тројаци.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Никола“ од 1860 г.
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Градиште — осамен наод од римско време
- Грамаѓе — населба од римско време
- Дукова Вода — населба од римско време
- Канда — осамен наод од римско време
- Река — населба од римско време
- Селиште — црква и некропола од непознат период
- Црква Св. Никола — осамени наоди од римско време
- Чардак — населба од римско време
Личности
уреди- Родени во Топлица
- Мијо Темелков Богдановски — македонски револуционер од ВМОРО.[12]
- Илија Јовановски (1920-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Иселеништво
уредиОд 1900 до 1912 година од ова село се иселиле на следните места. Прилеп (12 семејства), Крагуевац, Русе, Романија и САД.[8]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 8,0 8,1 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 313-314. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |