Лубеница
Taiwan 2009 Tainan City Organic Farm Watermelon FRD 7962.jpg
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Magnoliophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Cucurbitales
Семејство: Cucurbitaceae
Род: Citrullus
Вид: C. lanatus
Биномен назив
Citrullus lanatus
(Тунб..) Мацум. & Накаи

Лубеница[1] или карпуз[2] (латински:Citrullus lanatus) е растение, што потекнува од Северна Африка и се смета како вид диња. Во Европа, најголеми производители на лубеници се Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Грција. Во Македонија во 2010 година биле произведени 134.885 тони лубеници.[3]

Агротехнички условиУреди

ТоплинаУреди

Минималната температура на земјата за ртење е од 14-16 °Ц, а оптималната температура преку 25 °Ц. Оптималната температура за раст и развивање е од 26-28 °C. При температурата пониска од 13 °C престанува цветањето, а при температура пониска од 10 °Ц престанува растот на билака. На температура пониска од 8 °Ц доаѓа до труње и пропаѓање.

Барања во поглед на влажностаУреди

Лубеницата за растење и развивање бара голема количина на вода, пред сè затоа што ствара голема вегетациона маса и многу плодови, од која произзлегува значајна количина на вода.

ЗемјиштеУреди

За одгледување на лубеници оптимално е потребно плодно, добро дренирано земјиште, со неутрална до блага и кисела реакција (pH 6,0-6,5). Погодни земјишта за одгледување на лубениците се чернозем, ливадска црница и алувијална почва, секако добро обезбедена со хумус, структурна и исцедна.

Лубеницата како тема во уметноста и во популарната култураУреди

Понекогаш, лубеницата се јавува како тема во одделни области на уметноста и во популарната култура:

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. „лубеница“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „карпуз“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Организација на обединетите нации за исхрана и земјоделство (FAO) [1]
  4. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 182-183.
  5. Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990, стр. 11-15.
  6. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 39-40.
  7. Ванчо Николески, Чудотворен кавал, Мисла, Наша книга, Детска радост, Култура, Македонска книга, Скопје, 1993, стр. 56-61.
  8. Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970.
  9. Branko Ćopić, Parohija tužnoga đavola. Beograd: Rad, 1964.
  10. „Бостанџија“, во: Михаил Шолохов, Донски раскази. Култура, Скопје, 1965, стр. 25-41.
  11. Discogs, Herbie Hancock ‎– Head Hunters (пристапено на 25.11.2020)