Економски факултет - Прилеп

Економски факултет во Прилеп — прва високообразовна институција во градот Прилеп, како составен дел на Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Факултетот е основан во 1960 година.

Економски факултет - Прилеп
Зградата на факултетот
Основан1960
МестоПрилеп, Македонија
http://www.eccfp.uklo.edu.mk

Историја

уреди

Економскиот факултет во Прилеп бил основан во 1960 година, најпрвин со основањето на Специјализираната книговодствена школа (според решение на Извршниот совет на СРМ од 19 октомври 1960 година). Врз основа на утврдените зголемени потреби на стопанството, Советот на Школата, во октомври 1966 година, донел одлука за проширување на дејноста преку отворање две насоки, и тоа: финансиско-книговодствена и комерцијална, со што Специјализираната книговодствена школа прераснува во Виша економска школа, што всушност ја претставува неговата втора развојна фаза. Третата фаза од развојниот циклус започнува кон крајот на 1970. година кога, како резултат на исцрпна физибилити студија, е изготвен елаборат и е покрената акција за отворање втор степен студии и прераснување на Вишата во Висока економска школа. За таа цел, Извршниот совет на СРМ (во 1972 година) формирал комисија од 5 члена (Драги Тозија, претседател, д-р Трајко Конески, д-р Никола Кљусев, д-р Никола Давидовиќ и Љупчо Аџи Митрески) чија задача била да ја испита оправданоста на трансформациските процеси. Позитивната оценка на Комисијата е инкорпорирана при донесувањето на Законот за прераснување на Вишата во Висока школа (во ноември 1972 година), а подоцна и во Законот за преименување (деноминација) на Високата школа во Факултет (во октомври 1973 година). На ваков начин, институцијата започнува да дејствува како висока школа (од 26 октомври 1973 година), односно како факултетски субјект (од 26 мај 1977 година) во образовниот систем на Републиката. Тоа укажува на фактот дека образовниот процес постојано бил подложен на трансформација, што секако кореспондира со вкупните развојни текови во општеството. Валоризацијата на напорите, желбите и условите што витално ги презентира Факултетот во 1973 година ја потврдува и Советот на заедницата со тоа што тој станува рамноправна членка на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“-Скопје. Поточно, во периодот од 1976 до 1977 година е извршено оганизациско преструктуирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, при што Економскиот факултет - Прилеп се интегрира со Економскиот институт и Економскиот факултет - Скопје во една работна единица, како Факултет за економски науки што е во составот на сложената ОЗТ Универзитетски центар за општествени науки - Скопје. Притоа, се оформува новата структура на овие организации во согласност со Законот за здружен труд. На тој начин, всушност, се создадени условите за дефинитивно оформување и на новата структура на Факултетот, односно комплетно усогласување на наставните програми, организирање на научноистражувачката работа, зголемување на ефикасноста на студирањето и воопшто рационалноста и квалитетот на наставно-образовниот процес.

 
Амфитеатар во Економскиот факултет во Прилеп

Од формирањето на новиот Универзитет во Битола, Факултетот се издвојува од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје и станува рамноправна членка на новиот универзитет. Оттука произлегува и констатацијата дека Економскиот факултет - Прилеп реформски е оформуван за реализирање на основните концепции, втемелени уште при самото негово формирање.

Во меѓувреме Факултетот, со сопствени средства и обезбедена помош од заедницата се залага и за техничката опременост, така што во 1979 година го добива и новиот објект којшто со својата современост и поливалентност обезбедува квалитетно одвивање на наставно-образовниот процес и сите придружни активности на овој процес. Така, вкупната корисна површина на повеќенаменскиот простор, главно, работните простории се најсовремено опремени, климатизирани и со инсталирана информациска мрежа. Наставата се одвива интерактивно, а исто така постои богато опремена библиотека со читална којашто има 100 седишта и интернет клуб.

Петдецениската креативна традиција и успешното опстојување, како најстара членка на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола (од 13 април 1979 година), со јасни перспективи и визии, се достојна потврда за високите перформанси и вредности што ја карактеризираат севкупната дејност на Факултетот. Напоредно со наставно-образовната се одвива и научноистражувачката активност, како предизвик за апсолвирање и имплементирање на економските знаења.

Факултетот нуди современи студиски програми, дизајнирани според европските стандарди во високото образование. Секоја од овие студиски програми обезбедува соодветна специјализација во определена област на економијата и бизнисот, и едукација на профил на кадар во согласност со апсорпциската моќ и потребите на пазарот на работна сила во Република Македонија. В

Додипломски студии

уреди

На факултетот постојат следниве додипломски студии:

  • Менаџмент и бизнис (4+1)
  • Бизнис информатика (3+2)
  • Банкарство и финансиски менаџмент (4+1)
  • Маркетинг менаџмент (4+1)
  • Меѓународна економија и бизнис (4+1)
  • Сметководство, финансии и ревизија (4+1)
  • Е-бизнис (4+1)
  • Иновациски и проектен менаџмент (4+1)

Втор циклус (постдипломски студии)

уреди

Едногодишни студии (60 кредити)

  • Е-бизнис
  • Маркетинг менаџмент
  • Меѓународна економија и бизнис
  • Сметководство, финансии и ревизија
  • Банкарство
  • Иновациски и проектен менаџмент
  • Менаџмент

Двегодишни студии (120 кредити)

  • Бизнис администрација-менаџмент
  • Бизнис информатика
  • Финансиски менаџмент

Трет циклус (докторски студии)

уреди
  • Маркетинг
  • Менаџмент
  • Меѓународен бизнис

Познати личности кои дипломирале на факултетот

уреди

Надворешни врски

уреди