Македонија во 2002 година
Република Македонија во 2002 година | |
---|---|
| |
Попис на население | 2 .022. 547 |
Години : | 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 |
Векови: | 20 век · 21 век · 22 век |
Децении: | 1980-ти 1990-ти 2000-ти 2010-ти 2000-ти 2010-ти 2020-ти |
Години: | 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 |
Водачи
уреди- Претседател - Борис Трајковски
- Премиер - Љубчо Георгиевски (до 1 ноември); Бранко Црвенковски (од 1 ноември);
- Претседател на Собранието - Стојан Андов (до 3 октомври ); Никола Поповски (од 3 октомври);
Настани
уредијануари
уреди- 2 јануари - Претседателот на ВМРО - Вистинска реформска опција, Борис Стојменов, е разрешен од функцијата на седницата на Централниот комитет на партијата, а за водач е именуван Борис Змејковски.
- 17 јануари - Полицијата конечно влезе во тетовското теќе по завршувањето на воениот конфликт.
- 17 јануари - Кожарскиот комбинат „Годел“ е ставен во ликвидација.
- 18 јануари - Доста Димовска, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, ја напушти партијата, поднесувајќи неотповиклива оставка на сите нејзини функции.
- 18 јануари - Поранешниот политички водач на расформираната ОНА, Али Ахмети официјално побара од трите партии на Албанците во Македонија да делегираат по двајца свои претставници кои ќе бидат членови на Координативниот одбор на албанските политички субјекти и поранешните припадници на ОНА.
февруари
уреди- 3 февруари - Во кумановското село Опае изгорела покривната конструкција на една куќа, а во село Ропалце во избувнал пожар и изгорела до темел една куќа. Станува збор за лица, чии куќи биле реновирани по конфликтот во 2001 година.
- 17 февруари - Нападнати полициски пунктови во скопско и тетовско.
- 20 февруари - Во Македонија допатува Претседателот на Европската Комисија Романо Проди кој го повтори ставот на ЕУ за македонските перспективи за членство во Унијата.
март
уреди- 9 март - Основана непрофитна и неполитичка организација БЕСТ.
- 14 март - Судиите на Основниот суд Скопје 2 ги потпишаа решенијата за амнестија на политичкиот водач на поранешната ОНА, Али Ахмети и на неговиот вујко, водачот на кичевските бомбаши и организаторот на повеќето бомбашки напади на полициските станици во Македонија, Фазли Велиу.
април
уредимај
уреди- 5 мај - Основана е партијата Демократска унија за интеграција.
- 17 мај - Комисии на Македонската православна црква и на Српската православна црква во Ниш потпишуваат Нацрт договор за воспоставување црковно единство.
јуни
уреди- 27 јуни - Донесен е закон за Одликувања и признанија на Македонија.
јули
уреди- 1 и 2 јули - Во Скопје, се одржа последниот (петти) состанок на Советот за соработка помеѓу ЕУ и Република Македонија.
- 29 јули - Формирана е Федерација на фармерите на Република Македонија.
август
уредисептември
уреди- 9 септември - Албанската национална армија презеде одговорност за нападот на патролата во Блаце.
- 15 септември - Се одржуваат парламентарни избори во Република Македонија, на кои победува коалицијата За Македонија заедно.
октомври
уреди- 10 октомври - Претепани ученици Македонци од соученици Албанци во близина на медицинското училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје.
- 19 октомври - Во Тетово е убиен 18-годишниот Ванчо Јосифовски.
ноември
уреди- 1 ноември - Македонското Собрание ја избра новата Влада на Република Македонија, предводена од Бранко Црвенковски.
- 11 ноември - Протест на средношколците Албанци во Тетово со барање за ослободување на нивниот некогашен соученик Фадиљ Ферати, како и Шкодран Идризи.
- 15 ноември - Заврши пописот на населението.
декември
уреди- 17 декември - Двајца полицајци по неколку часовно заложништво беа ослободени во Дебар.
- 25 декември - САД побарале од македонската влада дозвола за прелет над македонска територија за авионите кои би учествувале во евентуална воена интервенција врз Ирак.[1]
- 20 декември - Прва средба на Ахмети со македонски функционер, претседателот на Собранието, Никола Поповски.
- 22 декември - Промовирани првите книги на македонски јазик во Албанија.
- 26 декември - МВР поднесе кривични пријави против Војо Михајловски и Бесник Фетаи за злоупотреба на службена должност.
- 29 декември - две рачни бомби кашикари биле фрлени врз куќи во Ратае.
Култура
уредиМузика
уреди- На Евровизија 2002 година, Македонија ја претстави Каролина Гочева со песната Од нас зависи.
- Ако ме погледнеш во очи, албум на Тоше Проески
- Најмила, албум на Калиопи
- Има нешто посилно од се, албум од Владо Јаневски
- Се најдобро, албум на Љупка Димитровска
- Те закам земјо црвена булко , албум на Благица Павловска
- Казино, албум на Благица Павловска
- Во името на љубовта, албум на Ѓорѓи Крстевски
- Нешто недостасува, албум на Ареа
- Dreaming, албум на Кисмет
- Културно Уметнички Работници , албум на Културно Уметнички Работници.
- Основан е бендот Новиот Почеток.
- Благица Калева доживува сообраќајна несреќа, во кој животот го губи нејзиниот сопруг и помалата ќерка Викторија.
- Основана е музичката група Монистра.
- Основана е музичката група Vinterthrone.
Книги и списанија
уреди- Апокалипса од Михаил Ренџов
- На едно око од Радован Павловски
- Опсада на загатката од Санде Стојчевски
- Разговор со Спиноза од Гоце Смилевски
- Белиот светец од Ристо Јачев
- Одбрана поезија од Богомил Ѓузел
Филм и телевизија
уреди- Постпродукција на филмот Како лош сон во режија на Антонио Митриќески.
- Започна со снимањето на играниот филм Тајната книга во режија на Владо Цветановски, а по сценарио на Јордан Плевнеш и Љубе Цветановски.
- Финални подготовки пред почетокот на снимањето на играните проекти „Глува куќа“ во режија на Иво Трајков, како и на филмот „Како убив светец“ во режија на Теона Митевска.
Објекти
уреди- Поставен камен темелник на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Кичево.
- Осветена е црквата „Св. Климент и Пантелејмон“ во Охрид.
- Осветена е црквата „Св. Атанасиј “ во Удово.
- Осветена е црквата „Св. Јован Крстител“ во Слатино.
- Осветена е црквата „Св. Благовештение“ во Скопје.
- Осветена е црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.
- Осветена е црквата „Св. Атанасиј“ во Оризари, Ѓорче Петров.
- Осветена е црквата „Св. Јоаким Осоговски“ во Јакимово.
- Осветена е црквата „Светите Григориј Палама и Свети Димитриј“ во Струмица.
- Осветена е црквата „Св. Недела“ во Ајакс.
- Реконструкција на црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Скопје.
- Оштетена е црквата „Св. Марена“ во Теарце.
- Изграден е Милениумскиот крст.
- Членовите и симпатизерите на здружението „Радко“ ја обновиле спомен плочата на Мара Бунева во Скопје.
- Направена е скулптурата Музиканти.
Останато
уреди- Основана Православна Охридска Архиепископија, автономна православна црква под јурисдикција на СПЦ.
- Македонија испраќа воен персонал во поддршка на Меѓународните сили на НАТО во Авганистан.
Спорт
уредиФудбал
уреди- ФК Вардар стана шампион по фудбал во сезоната 2001/2002 година.
- ФК Победа го освои купот на Македонија.
- Квалификации за европското првенство во фудбал 2004 - група 7
8 септември 2002 |
Лихтенштајн | 1 – 1 |
Македонија | Реинпарк, Вадуц Гледачи: 2,300 Судија: Витали Годилјан (Украина) |
---|---|---|---|---|
Штокласа 90' | Христов 8' |
12 октомври 2002 |
Македонија | 1 – 2 |
Турција | Градски, Скопје Гледачи: 12,000 Судија: Кнуд Ерик Фрискер (Данска) |
---|---|---|---|---|
Гроздановски 2' | Окан 29' Кавечи 53' |
16 октомври 2002 |
Англија | 2– 2 |
Македонија | Ст Мери, Саутемтон Гледачи: 32,095 Судија: Артуро Дуден Ибањес (Шпанија) |
---|---|---|---|---|
Бекам 12' Жерард 35' |
Шакири 10' Трајанов 24' |
* Пријателски натпревари
05 01 2002 17:00 |
Македонија | 0 – 0 | Албанија | Турнир, Бахреин Гледачи: 2,000 Судија: Ал Блусуи (Оман) |
---|---|---|---|---|
Report |
05 01 2002 20:15 |
Бахреин | 1 – 1 | Македонија | Национален Стадион, Манама - турнир Бахреин Гледачи: 4,000 Судија: Ал Блусхи (OAE) |
---|---|---|---|---|
Мохамед Селмен 11' | Report | Сиљановски Јурица 40' |
10 01 2002 19:00 |
Финска | 3 – 0 | Македонија | Национален Стадион, Манама - турнир Бахреин Гледачи: 3,500 Судија: Ал Мусалем (OAE) |
---|---|---|---|---|
Копила Мика 11', 25' Миеми Јари 23' |
Report |
27 03 2002 16:00 |
Босна и Херцеговина | 4 – 4 | Македонија | Грбавица, Сараево Гледачи: 3,500 Судија: Шупраха Алојзие (Хрватска) |
---|---|---|---|---|
Болиќ Елвир 3', 67' Барбарез Сергеј 8', 37' |
Report | Шакири Артим 9', 75', 87' Ќириќ Сашо 65' (пен..) |
17 04 2002 15:00 |
Македонија | 1 – 0 | Финска | Гоце Делчев, Прилеп Гледачи: 5,000 Судија: Ердемир Орхан (Турција) |
---|---|---|---|---|
Ставревски Горан 36' | Report |
21 08 2002 20:00 |
Македонија | 5 – 0 | Малта | Градски, Скопје Гледачи: 7,000 Судија: Шупраха Алојзе (Хрватска) |
---|---|---|---|---|
Стојко Ацо 37' Шаќири Артим 40', 66' Христов Ѓорѓи 55' Пандев Горан 89' |
Report |
22 11 2002 20:15 |
Македонија | 2 – 3 | Израел | Градски, Скопје Гледачи: 7,000 Судија: Митрев Митко (Хрватска) |
---|---|---|---|---|
Васовски Александар 62' Седловски Гоце 90' |
Report | Замберг Михаел 37' Нимни Али 28' Битон Ели 90+4' |
Кошарка
уреди- КК Фершпед Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига.
- КК Гостивар Николферт го освои купот на Македонија.
- КК Гостивар Николферт го освои Суперкупот на Македонија.
Ракомет
уреди- РК Ѓорче Петров ја освојува Лигата на шампиони во ракомет за жени.
Зимски олимписки игри
уредиУчесници по спорт
уредиСпорт | Мажи | Жени | Вкупно |
---|---|---|---|
Алпско скијање | 1 | 0 | 1 |
Скијачко трчање | 1 | 0 | 1 |
Вкупно(2) | 2 | 0 | 2 |
Натпреварувач | Дисциплина | Резултати | ||||
---|---|---|---|---|---|---|
1. трка | 2. трка | Вкупно | Пласман | |||
Дејан Пановски | Слалом | Није завршио | ||||
Велеслалом | 1:20,48 (65) | 1:18,30 (52) | 1:38,78 | 52 / 57 (78) |
Скијачко трчање
уредиИме | Дисциплина | Квалификации | Четвртфинале | Полуфинале | Финале | |||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Време | Пласман | Време | Пласман | Време | Пласман | Време | Заостанување | Пласман | ||
Ѓоко Динески | Спринт | 3:29,29 | 64 | Не се квалификува | 64 / 71 | |||||
30 км | 1,33:33,9 | 22:02:9 | 68 /68 (78) |
Починати
уреди- Славе Македонски, македонски поет.
- 3 февруари - Петранка Костадинова, македонска пејачка.
- 6 февруари - Кирил Мицевски, македонски биолог и ботаничар.
- 11 март - Илија Милчин, македонски глумец.
- 21 мај - Слободан Мицковиќ, македонски есеист.
- 20 јуни - Асен Групче, македонски правник.
- 3 октомври - Ристо Кирјазовски, македонски партизан и историчар.
- 19 декември - Александар Сариевски, македонски музичар.