Борис Стојменов

Политичар од Македонија

Борис Стојменов (роден на 4 април 1940 година во Вељуса, Струмичко) — македонски економист, стопанственик и политичар.

Борис Стојменов
Министер за финансии
На должноста
28 ноември 1998 – 27 декември 1999
Премиер Љубчо Георгиевски
Претходник Таки Фити
Наследник Никола Груевски
Лични податоци
Роден(а) 4 април 1940
Вељуса, Струмичко, Југославија
Партија ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-Македонска
Установа Економски факултет
Македонец

Животопис

уреди

Борис Стојменов завршил на Економскиот факултет во Скопје. Стојменов бил еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и нејзин потпретседател. Во периодот од 28 ноември 1998 до 27 декември 1999 година бил Министер за финансии на Република Македонија. Во 2002 година ја основал партијата ВМРО-Македонска. Во 2008 година, на Парламентарните избори, Стојменов бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. Во тоа време бил член е на Комисијата за финансии и буџет, а исто така и на Комисијата за транспорт, врски и безбедност на животната средина[1]. Во 2012 година неговата партија се пропоила кон ВМРО-ДПМНЕ.

Стојменов и неговото семејство се сопственици на Штедилница МАК-БС, Консалтинг БС, Печатница БС и телевизијата Канал 5.

Наводи

уреди
Претходник
Таки Фити
Министер за финансии
28 ноември 1998 - 27 декември 1999
Наследник
Никола Груевски