Црква „Св. Атанасиј“ - Удово

црква во селото Удово
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Атанасиј
Викиекспедиција Бојмија 231.jpg

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Пиравска
Местоположба

Координати 41°20′34.2″N 22°26′30.0″E / 41.342833° СГШ; 22.441667° ИГД / 41.342833; 22.441667Координати: 41°20′34.2″N 22°26′30.0″E / 41.342833° СГШ; 22.441667° ИГД / 41.342833; 22.441667
Место Удово
Општина Валандово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Изградба 19 април 1993
Осветување 2002
Архитектонски опис
Архит. тип крстокуполен храм

Свети Атанасиј — главна селска црква во валандовското село Удово.[1] Црквата е сместена на влезот од селото, непосредно на левата страна од патот кој води од селото Јосифово.

ИсторијаУреди

Камен-темелникот за изградба на црквата бил поставен и осветен на 19 април 1993 година, втор ден од христијанскиот празник Велигден, од страна на тогашниот поглавар на Македонската православна црква г.г. Гаврил. Храмот бил осветен во 2002 година од поглаварот на Повардарската епархија г. Тимотеј.[2]

АрхитектураУреди

Градбата на црквата е трикорабна и претставува крстокуполен храм, при што куполата има осумстран тамбур. Источниот ѕид на црквата завршува со полукружна апсида.[2] Влезот на црквата има натстрешница, а над влезата врата има ниша со фреска на која е насликан Атанасиј Александриски.

Внатрешноста на црквата е делумно фрескоживописана од страна на Златко Ристевски од Велес. Иконостасот е пренесен од црквата „Св. Димитриј” од селото Градец, а истиот е изработен од страна на зографот Исаија Џиков од Дебарско.[2]

Во дворот на црквата има спомен-чешма и помошен објект.

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Цркви во Пиравската парохија“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 26 јули 2017.

Надворешни врскиУреди