Ѓорѓи Крстевски (пејач)

За други значења видете на појаснителната страница за Ѓорѓи Крстевски

Ѓорѓи Крстевски (Скопје, 3 септември 1981) — македонски изведувач, композитор, текстописец, аранжер и продуцент.

Животопис

уреди

Крстевски е роден на 3 септември 1981 година во Скопје. Своето деби го имал во 1997 година, на фестивалот Тинс хит, каде со извесна Бил­јана ја отпеал песната Само за тебе. Прв посериозен сингл, кој станал хит, била баладата Без тебе, а истата 1999 годи­на од работилницата на Ѓорѓи излегла и песната Ти си. Потоа следувале Таму некаде, во 2000 година, за која бил снимен и видео-спот, а веќе наредната година тој ја промовирал песната Си­мона. Соработка со поп-дивата Калиопи, Крстевски ја остварил во 2002 го­дина, кога на домашниот избор за Песна на Евровизија тој ја пееше нејзината композиција Песна за тебе. Во 2002 година покрај настапот на фестивалот во Зеница, во ете­рот бил лансиран новиот сингл Крај на, а во октомври уште една балада – Засекогаш твој. Во почетокот на 2004 година, тој со Валентино Скендеровски, во негово­то студио Enterprise, Ѓорѓи го снимил својот нов албум, на кој, покрај деветте нови песни, се нашла и српската верзија на Несудена, премиерно изведена во 2003 година, на фестивалот во Бања Лука. Живее во Скопје.

Дискографија

уреди

Наводи

уреди
  1. Маја Миленковиќ Беќковиќ (1 февруари 2008). „Ѓорѓи Крстевски -Во името на љубовта“. Македонска музичка мрежа. Посетено на 9 јануари 2011.
  2. „Засекогаш“. Македонска музичка мрежа. Посетено на 9 јануари 2011.
  3. Милена Атанасоска Манасиева (1 јули 2009). „ЃОРЃИ КРСТЕВСКИ ГО ПРОМОВИРА ТРЕТОТО ИЗДАНИЕ“. Дневник. Посетено на 9 јануари 2011.

Надворешни врски

уреди