Владо Јаневски
Владо Јаневски (27 ноември 1960 во Скопје)[1] — македонски поп-пејач и композитор. Има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ итн.
Владо Јаневски | |
---|---|
Владо Јаневски во 2019 година | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 27 јануари 1960 |
Потекло | Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
Жанрови | Поп-музика |
Занимања | Пејач, текстописец |
Инструменти | Глас, клавир, гитара, тапани |
Период на активност | 1991– сѐ уште |
Издавачи | Моби Арт Мистер Компани Авалон Аворд Ентертејнмент Кроација Рекордс |
Мреж. место | www.vladojanevski.mk |
Животопис
уредиИма завршено Филолошки факултет, отсек англиски јазик и литература.[1] Членувал во музичките групи Тост сендвич (1979), Бон Тон (1986), Фотомодел (1989), Ластовица (1992). Свири на клавир, гитара и тапани. Има учествувано на многу домашни и странски фестивали и е првиот официјален претставник на Република Македонија на Изборот за песна на Евровизија со темата „Не зори зоро“ во Бирмингем, 1998.
Има учествувано и на Југовизија (Белград, 1992) и имал ревијални настапи на Славјански базар (Белорусија, 1994, 1995, 1996), Кавен (Ирска, 1994), Памуккале (Турција, 1994, 1995, 1996), Каиро (Египет, 1998, 1999) и на многу други реномирани фестивали.
Зборува англиски, германски, италијански и руски јазик.
Дискографија
уреди- 1993: Парче душа (Моби Арт)
- 1996: Сѐ најдобро (Мистер Компани)
- 1996: Далеку е небото (Мистер Компани)
- 2002: Има нешто посилно од сѐ (Авалон)
- 2004: Ваков или таков (Авалон)
- 2006: Повторно се заљубувам во тебе (Аворд Ентертејнмент)
Надворешни врски
уреди„Владо Јаневски“ на Ризницата ? |
- Официјална страница
- Дискографија на Владо Јаневски Архивирано на 20 мај 2016 г. евидентирана од ВБУ Музички Регистар.