Одликувања и признанија на Македонија
Ордените, медалите и Повелбата на Република Македонија ги врачува претседателот на државата, или друго лице кое е овластено од страна на претседателот. Законот за одликувања и признанија на Република Македонија е донесен на 27 јуни 2002 г. Според овој закон Република Македонија има пет ордени, две медалји и една Повелба на Република Македонија[1]. Во 2012 година е извршено дополнување на Законот и се додадени уште три медали, а во 2016 година уште еден орден, кои поради недонесување на Одлука за изгледот и материјалот од кој се изработуваат, истите сè уште не се во употреба.
Историјат
уредиСо осамостојувањето, прв обид за воведување одликувања во Република Македонија е со Законот за одликувањата и признанијата на Република Македонија од 12 септември 1995 година. Законот предвидувал 6 ордени, 4 медали и повелба и плакета.
Ордени според овој закон се:
1. Орден на Републиката – во еден степен.
2. Орден Илинден „1903-1944“- во еден степен.
3. Орден „Осми септември“ – во два степена: (1) со лента и (2) со ѓердан.
4. Орден за заслуги за Република Македонија – во три степени: (1) со златен венец, (2) со сребрен венец и (3) со бронзен венец.
5. Орден за воени заслуги – во три степени: (1) со златен штит, (2) со сребрен штит и (3) со бронзен штит.
6. Орден за храброст – во три степени: (1) со златни зраци, (2) со сребрени зраци и (3) со бронзени зраци.
Медали на Република Македонија се:
1. Медал за заслуги за Република Македонија
2. Медал за воени заслуги
3. Медал за храброст
4. Медал за храброст со дабов венец.
Предвидени се и повелба и плакета на Република Македонија.
Новиот Закон е донесен во 2002 година, но изгледот на ордените, медалите и повелбата на Република Македонија се донесени дури во 2005 година, кога се донесени соодветните Одлуки за изгледот и материјалот од кој се изработуваат ордените, медалите и повелбата на Република Македонија. На тоа му претходеа серија настани.
Претседателот Бранко Црвенковски на 18 октомври 2004 година ја назначи првата Комисија за одликувања и признанија, на чело со академик Цветан Грозданов и 12 члена. Веднаш потоа, во ноември 2004 година беше распишан конкурс за идејни решенија, на кој пристигнале 243 идејните решенија за одликувања. Комисијата за вреднување на идејните решенија, на која претседаваше академик Томе Серафимовски, направи избор за конечниот изглед на одликувањата. Во март 2005 година беше избран изведувач – ковачницата ГСГ Ексклузив од Скопје. Придружните елементи (кутии, мали и големи орденски ленти, указни повелби, тоболец, како и техники на изработка и материјали) се дело на Александар Цветковски и Роберт Митевски. Со целосното дефинирање на одликувањата и признанијата на Република Македонија, во организација на Кабинетот на претседателот на Републиката и Комисијата за одликувања од уметнички аспект, се одржа промоција на свечена церемонија во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија, одржана на 22 април 2005 година.[2]
Одликувања
уредиЗаконот од 2002 година ги предвидува следните одликувања:[3][4]
- Орден на Република Македонија
- Орден „8 Септември“
- Орден Илинден - 1903 година
- Орден за заслуги за Македонија
- Орден за воени заслуги
- Медал за заслуги за Македонија
- Медал за храброст
- Повелба на Република Македонија
Со измени на законот 2012 се додадени три медали, но бидејќи не е донесена Одлука за описот, изгледот и материјалите од кои истите се изработуваат, истите не се во функција и не се доделуваат:
- Медал на честа
- Медал „Вечно сонце"
- Медал за учество во хуманитарни или мировни операции, надвор од територијата на Република Македонија
Во 2016 година е додаден орденот Мајка Тереза, кој правно гледано е државна награда, бидејќи него не го доделува претседателот, туку комисија, што е спротивно на самиот закон и Уставот. И за овој орден не е донесена Одлука за описот, изгледот и материјалите од кои се изработува, со што не е во функција и не се доделува:
- Орден Света Мајка Тереза во 5 степени.
Комисија за Одликувања и признанија на Претседателот на Република Македонија
уредиНа 1 август 2019 година Претседателот на Македонија Стево Пендаровски го именувал претседателот и членовите на Комисијата за одликувања и признанија на Претседателот.
Претседател на комисијата е проф. д-р Марјан Ѓуровски.
Членови на комисијата се:
- академик Луан Старова
- фудбалската легенда Дарко Панчев
- глумецот Сабина Ајрула
- оперски пејач Весна Гиновска Илкова
- проф. д-р Билјана Пеева Ѓуриќ
- генерал потполковник Мирослав Стојановски
На 23 декември 2022 година Претседателот на Македонија Стево Пендаровски го именувал претседателот и членовите на Комисијата за одликувања и признанија на Претседателот.
Претседател на комисијата е проф. д-р Марјан Ѓуровски.
Членови на комисијата се:
- академик Газанфер Бајрам
- фудбалската легенда Дарко Панчев
- проф. д-р Билјана Пеева Ѓуриќ
- оперски пејач Весна Гиновска Илкова
- генерал потполковник Мирослав Стојановски
- глумицаАмернис Јовановска Нокшиќи
- НовинарБилјана Георгиевска Спасовска
- истражувач и претседател на Институтот за медиуми и аналитика ИМА Петрит Сарачини
Поранешни комисии за Одликувања и признанија на Претседателот на Република Македонија
уредиНа 27 јуни 2014 година Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го именува претседателот и членовите на Комисијата за одликувања и признанија на Претседателот на Република Македонија.
Претседател на комисијата е проф. д-р Биљана Ангелова.
Членови на комисијата се
- академик Томе Бошевски
- проф. д-р Никола Смилков
- проф. д-р Бранислав Саркањац
- проф. д-р Сена Ариф
- проф. д-р Замир Дика
- проф. д-р Александар Шиколе
- проф. д-р Далибор Јовановски
- м-р Златко Стефковски
- ген. потполк. Горанчо Котески
- Артим Шаќири
- Индира Кастратовиќ
- Мики Јовановски - Џафер
- Братислав Димитров
- м-р Јован Јоновски
- Златко Калеников
- Адриана Бекир
На 6 ноември 2009 година Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го именува претседателот и членовите на Комисијата за одликувања и признанија на Претседателот на Република Македонија.
Претседател на комисијата е академик Љупчо Коцарев.
Членови на комисијата се
- академик Алајдин Абази — ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа
- проф. д-р Велимир Стојковски — ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
- проф. д-р Бранислав Саркањац — социополитички аналитичар
- проф. д-р Сена Ариф — професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“
- проф. д-р Гоце Џуклевски — Професор на Полициската академија
- м-р Златко Стефковски — надлежен за европски интеграции и комуникации
- ген. полк. Мирослав Стојановски — началник на Генералштабот на АРМ
- Артим Шаќири — поранешен фудбалски репрезентативец
- Индира Кастратовиќ — поранешна ракометна репрезентативка
- Мики Јовановски - Џафер — музичар
- Братислав Димитров — режисер и сценарист
- Јован Јоновски — претседател и хералд на Македонското хералдичко здружение
- Златко Калеников — претсавник на деловната заедница
На 18 октомври 2004 година, Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски со Одлука ја формира Комисијата за одликување и признанија, која е составена од следниве членови:
- Академик Цветан Грозданов, претседател на МАНУ.
- Академик Ѓорѓи Филиповски.
- Проф. д-р Ѓорѓи Мартиновски, ректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
- Проф. д-р Алајдин Абази, ректор на Универзитетот на југоисточна Европа, Тетово.
- Проф. д-р Ванче Стојчев, проф. на Воената Академија.
- М-р Петар Гошев, гувернер.
- Д-р Вера Весковиќ Вангели, историчар.
- Дане Илиев, Претседател на Врховниот суд на Република Македонија.
- Горјан Тозија, историчар на уметноста, советник во Кабинетот.
- М-р Катерина Христова, нумизматичар, НБРМ.
- Мирослав Стојановски, началник на Генералштабот на АРМ.
- За Претседател на Комисијата е избран претседателот на МАНУ, академик Цветан Грозданов.
Извори и надворешни врски
уреди- ↑ Одликувања и признанија на Република Македонија при официјалното мрежно место на Претседателот на државата[мртва врска]
- ↑ Јоновски, Јован (2015). Симболите на Македонија. Скопје: Силсон. ISBN 9786082190914.
- ↑ Ордени и медали на Република Македонија, секција за фалеристика на страната на Македонското грбословно друштво
- ↑ http://www.slvesnik.com.mk/Issues/73F958203F227F499B450C2A61A17508.pdf