Одборот на европски студенти по технологија (БЕСТ), (анг. Board of European Students of Technology - BEST) е невладина, неполитичка и непрофитабилна студентска организациjа. БЕСТ брои 3.800 волонтери кои воедно претставуваат членови на локални БЕСТ групи на 94 технолошки универзитети во 32 земји.

Лого

Дејности

уреди
  • Обезбедување на комплементарна образование
  • Обезбедување на поддршка за кариерата
  • Зголемување на учеството во едукацијата[1]

Структура

уреди

Структурата на BEST е поделена на три нивоа:локално, регионално и интернационално. Секоја од 94-те локални BEST групи ја претставува организацијата локално при универзитетот на кој припаѓа. Со цел да има подобра комуникација помеѓу локалните BEST групи и меѓународниот BEST, 94-те локални BEST групи се поделени на 11 реони кои се координирани од Regional Advisors. Конечно, има и интернационален тим на BEST кој се состои од 10 различни оддели. Целата организација функционира под водство на меѓународниот одбор на BEST.

Локални BEST групи

уреди

Локана BEST група е здружение на членови на BEST на еден универзитет. Овие групи се одговорни за промовирање и организација на BEST при нивните универзитети.

Меѓународни оддели

уреди
Меѓународен оддел Опис
Competitions Department Целта на Одделот за натпревари е да овозможи поддршка и да развие висококвалитетни Инженерски натпревари според потребите на БЕСТ.
Corporate Relations Department Одделот за корпоративни односи служи за поддршка на благајникот во обезбедувањето средства за БЕСТ Интернационално со цел да се остварат целите на организацијата.
Design Department Одделот за дизајн служи за да овозможи материјали дизајнирани за целите на БЕСТ со цел да се одржи и зацврсти сликата за БЕСТ.
Educational Involvement Department Целта на Одделот за вклучување на образованието на БЕСТ е да се зголеми свесноста на студентите и нивната вклученост во работите кои ги сметаат за важни како и применување на овие работи во Високото Образование и неговите засегнати страни.
Grants Department Одделот за грантови соработува со финансиерите за да обезбеди финансиска поддршка на БЕСТ преку грантови.
IT Department Одделот за Информациска Технологија е орган на БЕСТ кој ги слуша потребите на ИТ на организацијата и овозможува технички ресурси и услуги со цел да се поддржи работата на целата организација.
Membership Department Одделот за членови овозможува поддршка на новите Локални БЕСТ Групи кои се формираат низ цела Европа.
Public Relations Department Одделот за Односи со јавноста ја гради, следи и одржува надворешната слика за БЕСТ.
Training Department Целта на Одделот за тренинг е членството на БЕСТ да расте и да придонесува за организацијата на делотворен начин, овозможувајќи да се исполнат целите преку одржувајќи и развивајќи го системот на тренирање во БЕСТ.
Vivaldi Department Вивалди одделот е задолжен да ги надгледува и поддржува настаните на БЕСТ организирани според прописите на организацијата.

Меѓународен одбор

уреди
Позиција Име
Претседател Senne J. Meeusen
Благајник Walid G. H. Saad
Секретар Daniel Ansia Dibuja
Заменик претседател за човекови ресурси Egemen Nas
Заменик претседател за проекти Ifigeneia Sideri
Заменик претседател за услуги Paulina Kopton
аменик претседател за поддршка на Локаните групи Osvaldo Gonzalez

Партнер организации

уреди

БЕСТ соработува со уште пет студентски организации:

БЕСТ исто така ги претставува и студенти од слични подрачја. На пример:

БЕСТ е член на следните организации инволвирани во инженерското образование:

наводи

уреди
  1. „Identity of BEST“. Board of European Students of Technology. Посетено на 6 January 2017.
  2. „bonding.de“. bonding.de. Архивирано од изворникот на 2016-04-30. Посетено на 2016-07-12.
  3. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-08-08. Посетено на 2011-09-10.
  4. „AEGEE-Europe | European Students' Forum“. aegee.org. Архивирано од изворникот на 2016-08-22. Посетено на 2016-07-12.
  5. „Student organisations | ESTIEM“. estiem.org. Посетено на 2016-07-12.
  6. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-26. Посетено на 2010-11-08. Partners of Sputnic
  7. „Virtual Mobility Before and after student exchanges“. web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2007-08-04. Посетено на 2016-07-12.
  8. „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-01-12. Посетено на 2010-11-08.
  9. http://www.eie-surveyor.org/partners.htm Архивирано на 3 март 2016 г. EIE-Surveyor partners
  10. http://www.ifees.net/members/ members of IFEES
  11. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-11-24. Посетено на 2010-11-08. Members of FEANI