Црква „Св. Недела“ - Ејџакс

македонска црква во Ејџакс, Онтарио, Канада

Свети Неделамакедонска православна црква која се наоѓа во Ејџакс, Онтарио, Канада.

Свети Недела

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Американско-канадска
Местоположба

Карта

Место Ејџакс
Општи податоци
Архитектонски опис

Во април 1993 г. група Македонци одлучиле да изградат црква на источниот дел на Торонто, за да ги задоволат верските потреби на регионот Дарем[1]. Идејата за изградба на македонски православен црковен дом во источниот дел на метрополата Торонто датирала од поодамна. Главно поради оддалеченоста на црквата Свети Климент, неколку Македонци се заинтересириле да изградат црква поблиску до своите домови. На 23 април 1993 година било свикано првото собрание на приврзаниците и членовите на новата црковна општина. На тоа собрание било донесено одлука црквата да биде посветена и да го носи името „Света Великомаченица Недела“. По ова била најдена и местото на која ќе се градело идната црква во Ејџакс, на површина од 10.000 м2, која била закупена по цена од 450.000 долари.

На 18 мај 2000 година биле договорени активностите околу изгрдбата на новата црква. Така на 10 октомври 2000 година бил поставен камен темелник по повод 2000-годишнината на христијанството со голема свеченост. На оваа свеченост присуствувале околу 1.000 верници од Канада и Америка, а била извршена литургија и од страна на поглаварот г.г. Стефан.

Црквата е осветена на 8 септември 2002 г.

Општествени активности

уреди

Црквата има македонски дом на заедницата, сала за прослави за 250 гости, женска група, пензионерски клуб и свој хор.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди